Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!
Export

Програма:

Политички науки

Циклус на студии: Трет циклус (докторски)
Факултет: Современи Општествени Науки
Код на програмата: N-PhDPS180C
Академска година: 2019 / 2020
Титула: Доктор по политички науки
ЕКТС: 180 (3 години) Aкредитација
Решение: Решение за почеток со работа

Тргнувајќи од определбите на школата за докторски студии на УЈИЕ и од развојната стратегија на Факултетот за јавна администрација и политички науки (ФЈАПН), оваа програма претставува продолжение на едукацијата на кадрите, кои ги завршиле додипломските и последипломските студии. Ова програма претставува напреден степен на усовршување во научните, истражувачките и во професионалните области и нивните самостојни истражувачки дејности, како и во академската и професионалната кариера. Со овој процес на студирање студентите ќе стекнат академски, интелектуални и технички компетенции и вештини за комуникации преку различни форми за подготвување за научноистражувачка работа.

Преку оваа студиската програма научните соработници и професионалци ќе стекнат современи знаења  и вештини за предавање и истражување, а исто така ќе стекнат и менаџерски и стратешки политички вештини. Кандидатите ќе стекнат способности за лидерство во менаџирањето на промените, за европските интегративни процеси и за политичките околности во земјава и надвор од неа. Студентите ќе бидат подготовени за активно ангажирање во водечки научноистражувачки проекти, а со стекнати научни и стручни знаења тие се подготвени да бидат вработени во специјализирани институции од различни области во јавниот и државниот сектор, во приватниот сектор и во граѓанското општество.

Знаење и разбирање

- Покажува систематско разбирање на полето на истражување и совршено познавање на  методи и вештини  за  истражување  во  рамките  на  тоа поле  согласно  со највисоките  меѓународни стандарди.
- Има одлично познавање во политичките науки, преку развој и примена на оригинални идеи од истражувачки контекст.

Примена на знаењето и разбирањето

- Покажува  способност  да  толкува,  да дизајнира, да применува  и  да адаптира  суштински  предмет  на истражување со научен интегритет.
- Дава  придонес  преку  оригинални  истражувања кои  ги  надминуваат  постојните  граници  на знаење, развивајќи нови знаења, вреднувани на ниво  на  национални  и  меѓународни рецензирани публикации.
- Може да ги анализира главните аргументи во политички контекст и да ги применува научните политички наоди во нови ситуации.

Способност за проценка

- Способност  за  критичка  анализа,  оценување  и синтеза  на  нови  и  сложени  идеи,  имајќи компетенции за процена; 
- Способност за независно иницирање и учество во национални  и  во меѓународни  истражувачки мрежи и настани со научен интегритет; 
- Способност  за  независно  иницирање на истражувачки  и  развојни  проекти,  преку  кои  ќе генерира  ново  знаење  и  вештини  за  развој  на истражувачкото поле.

Комуникациски вештини

- Може  да  комуницира  со  своите  колеги, пошироката  академска  заедница  и  со  општеството  во  целина  во  рамките  на  својата област на експертиза.
- Може да ги истакне заклучоците на своите научни истражувања и знаењата пред поголем аудиториум надвор од традиционалната академска фела.

Вештини на учење

- Се очекува да биде способен да  сe  промовира во  академски  и  професионални  рамки  и  во технолошкиот,  општествениот  или  културниот развој во општество засновано на знаење.
- Демонстрира напредно познавање на: приодите кон проучување на политичките науки, нормативни наспроти емпириски теоретски пристап, квалитативни спроти квантитативни стратегии на истражување и класични и современи политички теории.

Семестар 1

  • [DPA0101] [10 ЕКТС] Методологија на истражување
    Овој предмет е дизајниран за студенти кои се подготвуваат за изработка на докторска теза. Главните цели на предметот се на студентите да им се понудат алатки за коцептуализација на нивната теза во однос на изнаоѓање истражувачко прашање и создавање методи за прибирање податоци и за кавалитативна анализа. Предметот е фокусиран на проблемите на кавантативните методи и техники, како што се статистичката анализа, текстови поврзани со теоријата и тестирањето. Потоа од значење се и темите за дескриптивна и каузална инференција, лонгитудинални, компаратаивни истражувања и студија на случај. Напредни информации ќе се нудат за прибирање податоци работејќи со текст. Целта е анализирање квалитатаивни податоци, финално вклучување на сите тероетски и практични дејствија во функција на дизајнирање и пишување на тезата.
  • [DPA0102] [10 ЕКТС] Пишување на докторска дисертација
    Овој предмет е надополнување на предметот Методологија на истражување и преку него студентот стекнува напредни знаења, вештини за подготовка и заокружување на докторската дисертација. Студентите се запознаат со методолошките техники на една реална ситуација на истражување, составување прашалници, анкети со непосредни примери. Низ темите: што е истражување и што е индивидуален труд ќе ги запознаат студентите со мострата во научноистражувачката работа, организационите анализи во општествената наука и со различните пристапи кои ги користат научниците при анализата на општетвените појави. Практичните и теоретските поставки на почеток на пишување, предности на побрзиот почеток на делови, јасно дефинирање на целите и на феномените се теми кои ќе ги охрабрат студентите. Следствено на тоа прибирање, пишување и чување податоците за идеите како се дизајнира трудот, докторскиот проект.
  • [DPA0103] [10 ЕКТС] Анализа на јавни политики
    Предметот има за цел да им се овозможи на студентите да ја дефинираат и да ја илустрираат анализата на политиките и нејзината улога во креирањето и трансформирањето на информациите релевантни за политиките. Не постои согласност за тоа како прецизно да се дефинира јавната политика. Студентите ќе имаат можност да се запознаат со оваа поле и критички да ги анализираат развојот и појавите во областа на јавна политика. Анализа на јавните политики е дисциплина за решавање проблеми при што се користат сознанијата од методологиите и основните теории на општествените науки, на општествените професии и на филозофијата на политиките.

Семестар 2

  • [DPA0104] [10 ЕКТС] Прифаќање и одобрување на планот за докторската дисертација
    По првиот семестар, студентот ги започнува активностите за составување на својот план за докторската дисертација. Активностите вклучуваат одредување на литературата, составување хипотетичка рамка, дефинирање методологија за работа и определување индивидуален план како и прва јавна презентација
  • [10 ЕКТС] Изборен предмет
    • [EDPS0101] Меѓународни односи и историја на дипломатија
    • [EDPS0102] Меѓународни односи
    • Политики и владеење во ЕУ
    • Компаративни политики
    • [EDPS0105] Културна глобализација
  • [10 ЕКТС] Изборен предмет
    • [EDPS0101] Меѓународни односи и историја на дипломатија
    • [EDPS0102] Меѓународни односи
    • Политики и владеење во ЕУ
    • Компаративни политики
    • [EDPS0105] Културна глобализација

Семестар 3/4

  • [PHD-S3-S4-01] [40 ЕКТС] Научно-истражувачка работа
    Во втората година (3 и 4 семестар) кандидатот продолжува со научноистражувачката дејност според одобрениот индивидуален план. Менторот дава процена во врска со овие активности во форма на извештај до Наставно-научниот совет.
  • [PHD-S3-S4-02] [15 ЕКТС] Публикации I
    Публикација (издавање) на истражувачките активности според таблицата на релевантност на медиумот за публикација. Издавачките активности и успеси на кандидатот се проверуваат пред научниот аудиториум според областа и релевантноста на истражувањето.
  • [DPA0105] [5 ЕКТС] Студентска мобилност
    Целта на мобилноста на докторантите е да ја презентираат, разменат и дискутираат својата истражувачката работа со колеги од другите европски земји за подобрување на квалитетот на нивната дисертација.

Семестар 5

  • [DPA0106] [20 ЕКТС] Презентација на резултатите од истражувањето
    На крајот на 5-от семестар, по истражувачките активности според индивидуалниот план, кандидатот вкупните резултати од оваа фаза на трудот и од истражувањето ќе ги презентира јавно.
  • [PHD-S5-01] [10 ЕКТС] Публикации II
    Публикација (издавање) на истражувачките активности според таблицата на релевантност на медиумот за публикација. Издавачките активности и успеси на кандидатот се проверуваат пред научниот аудиториум според областа и релевантноста на истражувањето.

Семестар 6

  • [PS-PhD-THESIS] [30 ЕКТС] Докторска дисертација
    Продолжување на работата на докторската дисертација. Се предава тезата (дисертацијата), се прифаќа од Наставно-научниот совет и се предава на членовите на комисијата и започнува процедурата за нејзина одбрана.
Google+