Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!
Export

Програма:

Уставно и управно право

Циклус на студии: Трет циклус (докторски)
Факултет: Правен
Код на програмата: N-PhDLAWCAL180C
Академска година: 2019 / 2020
Титула: Доктор по правни науки - Насока: Уставно и управно право
ЕКТС: 180 (3 години) Aкредитација
Решение: Решение за почеток со работа

Целта на студиската програма Управно и уставно право е да се понудат модули кои ќе ја опфаќаат основата на уставно - управните сознанија за приближување кон правничките професии кои се поврзани со оваа област и да се обезбедат цврсти, посебни и систематски знаења за институциите и за основите на уставното и управното право на Р. Македонија, како и споредбени сознанија од областа во регионов и во ЕУ.

Дипломата на студиската програма ќе им овозможи на студентите на докторските студии да бидат оспособени за научноистражувачката работа во областа на уставно-управните правни науки како и за изведување настава во универзитетите во државава и во странство, при што активно ќе бидат вклучени и во процесот на зацврстување на ресурсите на дејностите на државната власт во контекст на процесот на евроатлантските интеграции на земјава.

Знаење и разбирање

- Покажува систематско разбирање на полето на истражување и совршено познавање на  методи и вештини  за  истражување  во  рамките  на  уставното и управното право според  највисоките  меѓународни стандарди.

Примена на знаењето и разбирањето

- Покажува  способност  уставно и управно да  толкува,  дизајнира, применува  и  адаптира  суштински  предмет  на истражување со научен интегритет; 
- Дава  придонес  преку  оригинални  истражувања кои  ги  надминуваат  постојните  граници  на знаење, развивајќи нови знаења, вреднувани на ниво  на  национални  и  меѓународни рецензирани публикации од областа на уставното и управното право.

Способност за проценка

- Способност  за  критичка  анализа,  оценување  и синтеза  на  нови  и  сложени  идеи,  имајќи компетенции за проценка; 
- Способност за независно иницирање и учество во  национални  и  меѓународни  истражувачки мрежи и настани со научен интегритет; 
- Способност  за  независно  иницирање  на истражувачки  и  развојни  проекти,  преку  кои  ќе генерира  нови  знаење  и  вештини  за  развој  на уставното и управното право.   

Комуникациски вештини

- Може  да  комуницира  со  своите  колеги, пошироката  академска  заедница  и  со  општеството  во  целина  во  рамките  на областа на уставното и управното право. 

Вештини на учење

- Се очекува да биде  способен да  сe  промовира во  академски  и  професионални  рамки  и  во технолошкиот,  општествениот  или  културниот развој во општество засновано на знаење. 

Семестар 1

  • [DLAW0101] [10 ЕКТС] Методологија на истражување
    Овој предмет е дизајниран за студенти кои се подготвуваат за изработка на докторска теза. Главните цели на предметот се на студентите да им се понудат алатки за коцептуализација на нивната теза во однос на изнаоѓање истражувачко прашање и создавање методи за прибирање податоци и за кавалитативна анализа. Предметот е фокусиран на проблемите на кавантативните методи и техники, како што се статистичката анализа, текстови поврзани со теоријата и тестирањето. Потоа од значење се и темите за дескриптивна и каузална инференција, лонгитудинални, компаратаивни истражувања и студија на случај. Напредни информации ќе се нудат за прибирање податоци работејќи со текст. Целта е анализирање квалитатаивни податоци, финално вклучување на сите тероетски и практични дејствија во функција на дизајнирање и пишување на тезата.
  • [DCAL0101] [10 ЕКТС] Општо и посебно управно право
    Во рамките на предметот се изучуваат административното материјално и процесното право. Предмет на изучување се принципите на организација, работа и делокруг на административните органи, основните дејности што ја сочинуваат управната функција, актите на административните органи и односот помеѓу граѓаните и администрацијата. Ги изучуваат, анализираат и откриваат најзначајните елементи врз кои се базираат поимите администрација и административна функција и нивното научно значење; Ја анализирааат правната регулатива со која се уредува организацијата и функционирањето на јавната администрација во РМ и даваат предлози за нејзини измени и дополнувања; Ги издвојат и анализираат дејностите на административната функција со цел тие да се подобрат и прецизно да се дефинираат во науката и законодавството; Направат разграничување помеѓу видовите акти на администрацијата и да ги совладаат финесите на создавањето на таквите акти; Ги изучуваат и истражуваат карактеристиките, актуелните состојби и евентуалните недостатоци на видовите на административен надзор; Ги истражуваат механизмите на контрола над администрацијата и нејзината одговорност пред другите државни органи, но и пред своите клиенти-корисници на нејзините услуги; Раководење и менаџирање со органите на администрацијата на РМ, невладините организации, установи и сите институции во кои се решаваат предмети од административно правна природа, како и вработување и ангажман во истражувачки центри и консултантски компании кои вршат правни услуги од областа на административното право.
  • [DCAL0102] [10 ЕКТС] Теорија на Уставот
    Во рамките на предметот ќе се проучуваат: - Поимот, содржината, структурата и значењето на уставот; - Класичните и модерните теории за видовите устави; - Донесување и измена на уставот; - Толкување на уставот; - Потеклото на уставот и општиот развиток на уставноста во светот; - Развиток на уставноста во РМ.

Семестар 2

  • [DCAL0104] [10 ЕКТС] Прифаќање и одобрување на планот за докторската дисертација
    По првиот семестар, студентот ги започнува активностите за составување на својот план за докторската дисертација. Активностите вклучуваат одредување на литературата, составување хипотетичка рамка, дефинирање методологија за работа и определување индивидуален план како и прва јавна презентација
  • [10 ЕКТС] Изборен предмет
    • [EDCAL01] Споредбени управни системи
    • [EDCAL02] Конституционализмот и човековите права
    • [EDCAL03] Современи трендови на парламентаризмот
    • [EDCAL04] Теорија на управувачките системи
    • [EDCAL05] Актуелни проблеми на филозофијата на правото
  • [10 ЕКТС] Изборен предмет
    • [EDCAL01] Споредбени управни системи
    • [EDCAL02] Конституционализмот и човековите права
    • [EDCAL03] Современи трендови на парламентаризмот
    • [EDCAL04] Теорија на управувачките системи
    • [EDCAL05] Актуелни проблеми на филозофијата на правото

Семестар 3/4

  • [PHD-S3-S4-01] [40 ЕКТС] Научно-истражувачка работа
    Во втората година (3 и 4 семестар) кандидатот продолжува со научноистражувачката дејност според одобрениот индивидуален план. Менторот дава процена во врска со овие активности во форма на извештај до Наставно-научниот совет.
  • [PHD-S3-S4-03] [20 ЕКТС] Публикации I
    Публикација (издавање) на истражувачките активности според таблицата на релевантност на медиумот за публикација. Издавачките активности и успеси на кандидатот се проверуваат пред научниот аудиториум според областа и релевантноста на истражувањето.

Семестар 5

  • [DCAL0105] [20 ЕКТС] Презентација на резултатите од истражувањето
    На крајот на 5-от семестар, по истражувачките активности според индивидуалниот план, кандидатот вкупните резултати од оваа фаза на трудот и од истражувањето ќе ги презентира јавно.
  • [PHD-S5-01] [10 ЕКТС] Публикации II
    Публикација (издавање) на истражувачките активности според таблицата на релевантност на медиумот за публикација. Издавачките активности и успеси на кандидатот се проверуваат пред научниот аудиториум според областа и релевантноста на истражувањето.

Семестар 6

  • [CAL-PHD-THESIS] [30 ЕКТС] Докторска дисертација
    Продолжување на работата на докторската дисертација. Се предава тезата (дисертацијата), се прифаќа од Наставно-научниот совет и се предава на членовите на комисијата и започнува процедурата за нејзина одбрана.
Google+