Целите на програмата се :
- Подигнување на нивото на управување и раководење на претпријатијата и развој на современиот менаџмент;
- Оспособување и изградување менаџери од современ профил: претприемачи, подготвени да преземаат акции, но и ризици кои се поврзани со секоја иницијатива, флексибилни, решителни и храбри личности;
- Образование на високо квалификувани и професионални менаџери со лидерски способности и со желба за справување со предизвиците на новиот милениум;
- Создавање менаџери со нови погледи и начин на размислување, развивање способности за предвидување на иднината и прифаќање на предизвиците и можностите кои ги нуди бизнисот во 21 век.
По успешно завршување на програмата, студентите ќе можат:
- Индивидуално и групно да работаат на истражување на најсоодветните форми на исполнување на потребите на населението.
- Да ги елаборираат, од научен и од професионален аспект, разликите и потребите на заедницата.
- Активно да бидат вклучени во изградбата на макроекономската и микроекономската политика.
- Да бидат информирани и да придонесуваат во научните и во професионалните елаборати.
Знаење и разбирање
- Пресметка на основните макроекономски агрегати и критичка анализа на постојните макроекономски политики.
- Давање критички осврт на развојните политики и на нивната примена во националното стопанство.
Примена на знаењето и разбирањето
- Можноста за дијагностицирање на реалните пазарни случувања, предвидување на тенденциите на тие случувања како и анализирање на ефектите на преземените мерки на економската политика врз пазарните движења.
Способност за проценка
- Способни да бидат позицијата на лидери во профитабилни и во непрофитабилни организации во земјава и насекаде низ светот.
- Анализа на општите процеси на економскиот развој во светот и посебно процесите на транзиција, регионализација и на глобализација на светските економски текови.
Комуникациски вештини
- Овозможување на развој на лични способности, на комуникација, на истражувања и на други значајни способности кои се потребни за вработување.
- Овозможување на студентите активно да се вклучат во предавањата и да вршат независно истражување во сите области на бизнис и економија.
Вештини на учење
- Развивање на концептот на критичко размислување на студентите.
- Овозможување за стекнување истражувачки способности и искуство за претприемништвото, менаџментот, маркетингот и за финансиите во јавните, во приватните и во непрофитабилните организации.
Семестар 1
-
[DBE0101]
[10 ЕКТС]
Методологија на истражување и квантитативни методи на истражување во економија
Целта на предметот е да се запознаат студентите со проблемите во економетријата, вклучувајќи ги и изборот на спецификациските и функционалните форми, превенцијата од злоупотреба на претпоставките на класичниот линеарен модел, елементите на веројатноста и статистиката за економетрија, интуицијата и теоретската процена на регресионите модели со една и повеќе променливи, извршувањето на оригинално емпириско истражување, екстензијата на генералниот линеарен модел, структурата на динамичкиот модел и процената на променливите со ограничена зависност и др. Овој предмет исто така е дизајниран за студенти кои се подготвуваат за изработка на докторски проект - теза. Главните цели на предметот е на студентите да им се понудат алатки за коцептуализација на нивната теза во однос на изноаѓање истражувачко прашање и создавање методи за прибирање податоци и за кавалитативна анализа. Предметот е фокусиран на проблемите на кавантативните методи и техники, како што се статистичката анализа, текстови поврзани со теоријата и тестирање хипотези. Потоа од значење се и темите за дескриптивна и каузална инференција, лонгитудинални, компаратаивни истражувања и студија на случај. Напредни информации ќе се нудат за прибирање податоци работејќи со текст. Целта е анализирање на квалитатаивни податоци, финално ставање на сите тероетски и практични дејствија во функција на дизајнирање и пишување на тезата. Епистемолошките аспекти на предметот ќе се материализираат низ следниве прашања: Како ние восприемаме? Што е теорија на познанието, што е познание, како се доаѓа до научните знаења и вистината?
-
[DBE0102]
[10 ЕКТС]
Теорија на организација - мултидисиплинарен пристап
Предметот ќе им овозможи на студентите темелно запознавање на класичните и современите теории од оваа област. Во овој предмет ќе бидат третирани класичната социолошка теорија, организациската економија, институционалната теорија, теоријата на вмрежување и еколошката теорија. Исто така, во овој предмет ќе се елаборираат и следниве содржини: бихејвиористичката теорија на организациското одлучување, спроведување и учење, социјалниот процес на конструкција, форми на организација, организациски дизајн и комплексност, организациска култура и контрола, организациска независност и сила, организациски цели и ефикасност, организацијата и технологијата, информациските процеси и насоки во организацијата, меѓуорганизациски врски и мрежи, нови и стари институционални теории, развој на т.н. организациска екологија, процес на организациски промени, институционални промени и општествени движења и др. Во тие рамки студентите ќе стекнат знаење за анализа на организацијата како систем.
-
[DEC0101]
[10 ЕКТС]
Финансиска економија
Целта на предметот е развивање способности кај PhD-кандидатите во насока на тоа:
- Да го вреднуваат придонесот на различните економски теории врз економскиот пораст и развој.
- Да го утврдуваат влијанието на финансиските пазари врз економијата.
- Да користат инвестиции, портфолио и теорија на корпоративните финансии.
- Да ги сфатат и практично да ги применуваат техники за вреднување на средствата.
- Да оценуваат структури на капиталот, финансирање на трошоците и користење методи на капитално буџетирање.
- Да аплицираат и критички да го оценуваат пазарот на капитал преку финансиски модели.
- Да ги разбираат ефектите на економските кризи врз реалниот сектор и макроекономскиот
амбиент.
Семестар 2
-
[DBE0105]
[10 ЕКТС]
Прифаќање и одобрување на планот за докторската дисертација
По првиот семестар, студентот ги започнува активностите за составување на својот план за докторската дисертација. Активностите вклучуваат: одредување на литературата, составување хипотетичка рамка, дефинирање на методологијата за работа и определување индивидуален план како и прва јавна презентација. По потреба може да се организираат и изборни предмети за оваа цел.
-
[10 ЕКТС]
Изборен предмет
-
[EDEC0101] Напредна економетрија
Преку овој предмет студентите се запознаваат со современите економетриски методи и со практичната примена на овие методи користејќи RATS и Matlab. Предметот ќе содржи 4 дела. Во првиот дел гсе вклучени прашањата од статистичката математика, како статистички заклучоци и теоријата maximum likelihood, во вториот дел прашањата на линеарните модели како простата и повеќекратната линеарна регресија, хетероскедастичност, автокорелација, ендогеност, инструментални променливи, во третиот дел вклучува нелинеарните модели како нелинеарните методи на најмалите квадрати и генерализираниот метод, а во четвртиот дел временските серии како стационарниот и стохастичкиот процес, моделот ARIMA(p,d,q) и векторскиот авторегресионен модел (VAR).
-
[EDEC0102] Монетарна економија
Содржина на предметната програма:
- Теорија на кредитните форми и структура на каматните стапки
- Финансиските инструменти и финансиските пазари
- Креирање на парите и понудата на парите
- Побарувачката на парите и односот со реалниот сектор,
- Монетарна анализа и креирање на монетарните политики,
- Креирање на парите и инфлацијата,
- Девизниот курс и влијанието врз економијата,
- Монетарниот систем во Македонија и примена на монетарните модели,
- Монетарните конвергентни политики
- Меѓународните монетарни односи и импактот врз националната економија,
- ЕМУ - Европската монетарна унија - предизвиците и перспективите,
- Меѓународните монетарни системи и институции - ММФ, СБ, ЕБРД, ИФЦ и сл.
-
[EDEC0103] Јавни финансии
Содржина на предметната програма:
- Суштината и значењето на јавните финансии;
- Идеолошките (теоретски) аспекти на јавните финансии;
- „Големината” на владата од аспект на јавните финансии;
- Економија на јавниот сектор;
- Алокативна функција;
- Редистрибутивна функција;
- Државна регулација на јавниот сектор;
- Екстерналии и видови;
- Позитивна анализа на јавните финансии;
- Улогата на теоријата;
- Методи на емпириска анализа (интервјуа, експерименти и економетриски студии);
- Нормативна анализа на јавните финансии;
- Економија на благосостојба;
- Економија на типична размена;
- Економија на производство;
Јавните приходи како и јавните расходи, споредбени аспекти на даночниот систем,
-Даночните ефекти во однос на: ефективноста, распределбата, стабилноста и развојот, сопствените интереси на јавниот оператор;
- Сиромаштија, социјална заштита, социјално осигурување и здравствена заштита;
- Редистрибуција на јавните приходи;
- Програми на социјално осигурување;
- Програми на социјална заштита;
- Програми на здравствена заштита;
- Други јавни програми кои се финансираат од јавните приходи;
- Споредбени аспекти, трендови и проблеми;
- Анализа на случаи во политиката на јавните расходи: Образование, Здравство, Социјална заштита.
- Методите на мерење и сл.
-
[EDEC0104] Меѓународна економија
Меѓународната економија претставува научна дисциплина која е во постојана експанзија. Денешните финансиски пазари се во вистинска смисла глобални. Ниеден студент кој ги изучува еконо¬мијата и финансиите не може наполно да ги разбере современите движења во националните економии и светската економија без соод¬ветни знаења од меѓународните финансии. Темите кои ги обработува овој предмет - проблематиката на платно-билансните движења, детерминантите на девизните курсеви, факторите кои стојат зад меѓународните текови на капиталот, делов¬ната филозофија на мултинационалните компании и на меѓународните финансиски институции итн. - одамна не се предмет на интересирање само на мали групи академски економисти или специјализирани професионалци.
-
[EDEC0105] Меѓународни финансии
Меѓународните финансии претставуваат научна дисциплина која е во постојана експанзија. Денешните финансиски пазари се во вистинска смисла глобални. Ниеден студент кој ги изучува еконо¬мијата и финансиите не може наполно да ги разбере современите движења во националните економии и светската економија без соод¬ветни знаења од меѓународните финансии. Темите кои ги обработува овој предмет - проблематиката на платно-билансните движења, детерминантите на девизните курсеви, факторите кои стојат зад меѓународните текови на капиталот, делов¬ната филозофија на мултинационалните компании и на меѓународните финансиски институции итн. - одамна не се предмет на интересирање само на мали групи академски економисти или специјализирани професионалци.
-
[EDEC0106] Напреден инвестиционен менаџмент
Целите на предметот се проширување на знаењата на основните концепти кон разбирање посложени вистински инвестиции, финансиски хартии од вредност и напредни можности за инвестирање во контекст на современите пазари, како и развивање вештини и алатки за да служат како сеопфатни професионални инвестициони менаџери во име на кој и да било поединец или корпоративен инвеститор.
На крајот на овој предмет кандидатите треба:
- Да ги разбираат релевантните теории за утврдување инвестиционен ризик и стапка на враќање;
- Да применуваат статистичка методологија потребна за развој на квантитативни модели;
- Да применуваат различни основни и напредни модели за оценување различните типови инвестиции.
-
[EDEC0107] Напредно финансиско сметководство
Предметот е дизајниран за да се постигнат следниве цели:
Етички кодекс и напреден стандард на известување, сметководство на процесот на деловна комбинација со соодветно фокусирање на поврзаност на МСС и МСФИ, изготвување консолидирани сметководствени извештаи и нивна содржина, должина и широчина на периодичните финансиски извештаи, известување за сегментите и моделот на јавното сметководство и сметководство на човечки ресурси.

Семестар 3/4
-
[PHD-S3-S4-01]
[40 ЕКТС]
Научно-истражувачка работа
Во втората година (3 и 4 семестар) докторантот ja продолжува своjaта научноистражувачка дејност според одобрениот индивидуалнен план. Менторот дава процена во врска со овие активности.
-
[PHD-S3-S4-03]
[20 ЕКТС]
Публикации I
Публикација (издавање) на истражувачките активности според критериумите на релевантност на издавачкиот медиум. Издавачките активности и успеси на кандидатот се проверуваат пред научниот аудиториум - за областа и релевантноста на истражувањето.
Семестар 5
-
[DBE0104]
[20 ЕКТС]
Презентација на резултатите од истражувањето
На крајот на 5-от семестар, по истражувачките активности на индивидуалниот план, кандидатот ќе ги презентира јавно вкупните резултати од оваа фаза на трудот и од истражувањето.
-
[PHD-S5-01]
[10 ЕКТС]
Публикации II
Публикација (издавање) на истражувачките активности според критериумите на релевантност на издавачкиот медиум. Со издавачките активности и успеси кандидатот се евалуира пред научниот аудиториум - за областа и релевантноста на истражувањето.
Семестар 6
-
[EC-PhD-THESIS]
[30 ЕКТС]
Докторска дисертација
Продолжување на работата на докторската дисертација. Се предава тезата (дисертацијата), се прифаќа од Наставно-научниот на Факултетот, се предава на членовите на комисијата и започнува процедурата за нејзина одбрана.