
Програма: |
Бизнис администрација (2017/2018) |
Циклус на студии: | Трет циклус (докторски) |
Факултет: | Бизнис и економија |
Академска година: | 2020 / 2021 |
Титула: | Доктор по економски науки / Насока: Бизнис администрација |
ЕКТС: | 180
(3 години)
![]() |
Решение: |
![]() |
Целите на програмата се :
- Подигнување на нивото на управување и раководење на претпријатијата и развој на современиот менаџмент;
- Оспособување и изградување менаџери од современ профил: претприемачи, подготвени да преземаат акции, но и ризици кои се поврзани со секоја иницијатива, флексибилни, решителни и храбри личности;
- Образование на високо квалификувани и професионални менаџери со лидерски способности и со желба за справување со предизвиците на новиот милениум;
- Создавање менаџери со нови погледи и начин на размислување, развивање способности за предвидување на иднината и прифаќање на предизвиците и можностите кои ги нуди бизнисот во 21 век.
По успешно завршување на програмата, студентите ќе можат:
- Индивидуално и групно да работаат на истражување на најсоодветните форми на исполнување на потребите на населението.
- Да ги елаборираат, од научен и од професионален аспект, разликите и потребите на заедницата.
- Активно да бидат вклучени во изградбата на макроекономската и микроекономската политика.
- Да бидат информирани и да придонесуваат во научните и во професионалните елаборати.
Знаење и разбирање
- Пресметка на основните макроекономски агрегати и критичка анализа на постојните макроекономски политики.
- Давање критички осврт на развојните политики и на нивната примена во националното стопанство.
Примена на знаењето и разбирањето
- Можноста за дијагностицирање на реалните пазарни случувања, предвидување на тенденциите на тие случувања како и анализирање на ефектите на преземените мерки на економската политика врз пазарните движења.
Способност за проценка
- Способни да бидат позицијата на лидери во профитабилни и во непрофитабилни организации во земјава и насекаде низ светот.
- Анализа на општите процеси на економскиот развој во светот и посебно процесите на транзиција, регионализација и на глобализација на светските економски текови.
Комуникациски вештини
- Овозможување на развој на лични способности, на комуникација, на истражувања и на други значајни способности кои се потребни за вработување.
- Овозможување на студентите активно да се вклучат во предавањата и да вршат независно истражување во сите области на бизнис и економија.
Вештини на учење
- Развивање на концептот на критичко размислување на студентите.
- Овозможување за стекнување истражувачки способности и искуство за претприемништвото, менаџментот, маркетингот и за финансиите во јавните, во приватните и во непрофитабилните организации.
Семестар 1
-
[DBE011]
[10 ЕКТС]
Методологија на истражување и квантитативни методи на истражување во економија
Целта на предметот е да се запознаат студентите со проблемите во економетријата, вклучувајќи ги и изборот на спецификациските и функционалните форми, превенцијата од злоупотреба на претпоставките на класичниот линеарен модел, елементите на веројатноста и статистиката за економетрија, интуицијата и теоретската процена на регресионите модели со една и повеќе променливи, извршувањето на оригинално емпириско истражување, екстензијата на генералниот линеарен модел, структурата на динамичкиот модел и процената на променливите со ограничена зависност и др. Овој предмет исто така е дизајниран за студенти кои се подготвуваат за изработка на докторски проект - теза. Главните цели на предметот е на студентите да им се понудат алатки за коцептуализација на нивната теза во однос на изноаѓање истражувачко прашање и создавање методи за прибирање податоци и за кавалитативна анализа. Предметот е фокусиран на проблемите на кавантативните методи и техники, како што се статистичката анализа, текстови поврзани со теоријата и тестирање хипотези. Потоа од значење се и темите за дескриптивна и каузална инференција, лонгитудинални, компаратаивни истражувања и студија на случај. Напредни информации ќе се нудат за прибирање податоци работејќи со текст. Целта е анализирање на квалитатаивни податоци, финално ставање на сите тероетски и практични дејствија во функција на дизајнирање и пишување на тезата. Епистемолошките аспекти на предметот ќе се материализираат низ следниве прашања: Како ние восприемаме? Што е теорија на познанието, што е познание, како се доаѓа до научните знаења и вистината?
-
[DBE0102]
[10 ЕКТС]
Теорија на организација - мултидисиплинарен пристап
Предметот ќе им овозможи на студентите темелно запознавање на класичните и современите теории од оваа област. Во овој предмет ќе бидат третирани класичната социолошка теорија, организациската економија, институционалната теорија, теоријата на вмрежување и еколошката теорија. Исто така, во овој предмет ќе се елаборираат и следниве содржини: бихејвиористичката теорија на организациското одлучување, спроведување и учење, социјалниот процес на конструкција, форми на организација, организациски дизајн и комплексност, организациска култура и контрола, организациска независност и сила, организациски цели и ефикасност, организацијата и технологијата, информациските процеси и насоки во организацијата, меѓуорганизациски врски и мрежи, нови и стари институционални теории, развој на т.н. организациска екологија, процес на организациски промени, институционални промени и општествени движења и др. Во тие рамки студентите ќе стекнат знаење за анализа на организацијата како систем.
-
[DBE0103]
[10 ЕКТС]
Маркетинг менаџмент - напредно ниво
Во рамките на овој предмет се опишува начинот на кој компанијата ги постигнува своите маркетинг цели преку утврдување на целниот пазар со користење маркетинг-стратегии за да служи на успешно целниот пазар. Вредноста на клиентите се смета како фактор за да се формулираат стратегии и нивно ставање во детален маркетинг микс, т.е. производ, цена, место или дистрибуција и промоција, како и акциониот план. Одлуките вклучуваат:кои клиенти се целна група на компанијата, какви производи и услуги да им понуди, какви цени да се постават, со каква комуникации, кои канали на дистрибуција да се користат и какви партнерства да се развиваат. Во донесувањето одлуки, компаниите може да бидат под влијание на неконтролирано фактори, како што се политичките, економските, социјалните, правните, технологија, демографските фактори и конкуренцијата.
Семестар 2
-
[DBE0105]
[10 ЕКТС]
Прифаќање и одобрување на планот за докторската дисертација
По првиот семестар, студентот ги започнува активностите за составување на својот план за докторската дисертација. Активностите вклучуваат: одредување на литературата, составување хипотетичка рамка, дефинирање на методологијата за работа и определување индивидуален план како и прва јавна презентација. По потреба може да се организираат и изборни предмети за оваа цел.
- [10 ЕКТС] Изборен предмет
- [10 ЕКТС] Изборен предмет
Семестар 3/4
-
[PHD-S3-S4-01]
[40 ЕКТС]
Научно-истражувачка работа
Во втората година (3 и 4 семестар) докторантот ja продолжува своjaта научноистражувачка дејност според одобрениот индивидуалнен план. Менторот дава процена во врска со овие активности.
-
[PHD-S3-S4-03]
[20 ЕКТС]
Публикации I
Публикација (издавање) на истражувачките активности според критериумите на релевантност на издавачкиот медиум. Издавачките активности и успеси на кандидатот се проверуваат пред научниот аудиториум - за областа и релевантноста на истражувањето.
Семестар 5
-
[DBE0104]
[20 ЕКТС]
Презентација на резултатите од истражувањето
На крајот на 5-от семестар, по истражувачките активности на индивидуалниот план, кандидатот ќе ги презентира јавно вкупните резултати од оваа фаза на трудот и од истражувањето.
-
[PHD-S5-01]
[10 ЕКТС]
Публикации II
Публикација (издавање) на истражувачките активности според критериумите на релевантност на издавачкиот медиум. Со издавачките активности и успеси кандидатот се евалуира пред научниот аудиториум - за областа и релевантноста на истражувањето.
Семестар 6
-
[BA-PhD-THESIS]
[30 ЕКТС]
Докторска дисертација
Продолжување на работата на докторската дисертација. Се предава тезата (дисертацијата), се прифаќа од Наставно-научниот на Факултетот, се предава на членовите на комисијата и започнува процедурата за нејзина одбрана.