Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!

Факултет за јавна администрација и политички науки

Факултетот за јавна администрација и политички науки беше основан во 2001 како единствен и прв факултет во оваа академска дисциплина во Република Македонија и во регионов. Факултетот подготвува идни лидери главно за владините институции како и за невладините организации. Нашите програми ја поврзуваат теоријата со практиката како еден од најважните услови за здобивање вештини, знаења и способности за успешна кариера во јавната администрација.

Студентите од Одделот за јавна администрација во текот на тригодишните студии ќе се здобијат со знаења за јавниот менаџмент, правото, економијата , квантитативните методи, ќе се здобијат со вештини за истражување , ефективна комуникација и   со менаџирање во јавната администрација. Дипломираните ќе можат да придонесат за креирање, имплементација и за евалвација на јавните политики за доброто на општеството.

Факултетот за јавна администрација и политички науки е активно вклучен во меѓународната академска соработка со универзитетите и институтите, односно со   Институтот за јавна администрација (Париз) , Школата Спаер (Германија), Универзитетот од Питсбург, Универзитетот Индијана, Универзитетот Апалачијан (САД). Преку академската соработка се овозможува размена на академски кадар и студенти, организација на научни и стручни состаноци, конференции, семинари и публикации.

Ние постојано ги ревидираме нашите студиски програми во согласност со барањата на пазарот на трудот во Република Македонија и во регионов.

Google+