Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!
Export

Програма:

Граѓанско право

Циклус на студии: Трет циклус (докторски)
Факултет: Правен
Код на програмата: N-PhDLAWCV180C
Академска година: 2019 / 2020
Титула: Доктор по правни науки - Насока: Граѓанско право
ЕКТС: 180 (3 години) Aкредитација
Решение: Решение за почеток со работа

Целта на студиската програма Граѓанско право е да се понудат модули кои ќе ја опфаќаат основата на граѓанско-правните сознанија за приближување кон правничките професиите кои се поврзани со областа на граѓанското право и да се обезбедат цврсти, посебни и систематски знаења за институциите и за основите на граѓанското право на Република Северна Македонија, како и споредбени сознанија од областа во регионов и во ЕУ.

Дипломата на студиската програма ќе им овозможи на студентите на докторските студии да бидат оспособени за научноистражувачката работа во областа на граѓанско-правните науки како и за изведување настава на универзитетите во државава и во странство, при што активно ќе бидат вклучени и во процесот на зацврстување на ресурсите на дејностите на државната власт во контекст на процесот на евроатлантските интеграции на земјава.

Знаење и разбирање

- Има детални сознанија за граѓанското право, како материјалното така и процедуралното право, како и за основните норми во клучните области на граѓанското право.
- Има детални знаења за принципите и институтите на граѓанското право, вклучувајќи ги и нивното потекло и нивната содржина.
- Процена на области на граѓанското право на критичен, научен и на практичен аспект.

Примена на знаењето и разбирањето

- Развива и унапредува аналитички и истражувачки способности на изборот на проблеми во теорија и во практика преку употребата на законските акти и преку судската практика.
- Идентификува и анализира најкомплексни проблеми, земајќи активно учество во сите фази на граѓанската постапка и може да толкува комплексно прашање од граѓанското законодавство.

Способност за проценка

- Има поразвиено критичко мислење преку методите на анализа и споредување.
- Развива вештини на решавање проблеми преку практиката на решавање покомплексни случаи од домашната и од меѓународната судска практика и јуриздикција.

Комуникациски вештини

- Употребува соодветна терминологија за комплексни и специфични прашања во областа на граѓанско-правните науки.
- Донесува напредни одлуки и работи непосредно и ефективно во сите фази на граѓанско-судската постапка.
- Активно се вклучува во научно аргументирање и во дебата.
- Ги употребува официјалните јазици на Универзитетот и има напредни вештини на информатичките технологии во научната работа.

Вештини на учење

- Развива правилник за истражувачка работа кој се употребува во неговата професија.
- Развива практика на продолжено учење, ангажирајќи се при обука на лица кои работат во државните институции за спречување на криминалот.

Семестар 1

  • [DLAW0101] [10 ЕКТС] Методологија на истражување
    Овој предмет е дизајниран за студенти кои се подготвуваат за изработка на докторска теза. Главните цели на предметот се на студентите да им се понудат алатки за коцептуализација на нивната теза во однос на изнаоѓање истражувачко прашање и создавање методи за прибирање податоци и за кавалитативна анализа. Предметот е фокусиран на проблемите на квантативните методи и техники, како што се статистичката анализа, текстови поврзани со теоријата и тестирањето. Од значење се и темите за дескриптивна и каузална инференција, лонгитудинални, компаратаивни истражувања и студија на случај. Напредни информации ќе се нудат за прибирање податоци работејќи со текст. Целта е анализирање квалитативни податоци, финално вклучување на сите тероетски и практични дејствија во функција на дизајнирање и пишување на тезата.
  • [DCV01022] [10 ЕКТС] Граѓанско и стварно право - примената програма
    Концепцијата на наставната програма има за цел студентите да стекнат способност практично да ги аплицираат своите знаења од областа на граѓанското право, способност што мора да ја поседува секој правник. Од студентот се очекува, пред сѐ, да ја совлада техниката на правилна примена на законските прописи (читање и толкување на законските норми). Од студентот се очекува да ја совлада техниката на изработка на: правни дела (договор, тестамент), изработка на најразлични видови поднесоци (тужби, жалби, приговори, барања) како и изработка на акти на судските органи (пресуди, решенија) и други акти на органите на управата (решенија, договори) со кои настануваат, се менуваат и престануваат граѓанско-правните односи. Концепцијата на наставната програма има за цел студентите да стекнат способност практично да ги аплицираат своите знаења од областа на стварното право. Од студентот се очекува, пред сѐ, да ја совлада техниката на правилна примена
  • [DCV01033] [10 ЕКТС] Граѓанско процесно право - примената програма
    Посебните задачи на оваа програма се состојат во оспособување на студентите самостојно да ги идентификуваат и критички да ги анализираат основните институти на парничното право, вонпарничното и извршното право како и да развиваат вештини за примена на стекнатите знаења во практиката во врска со водењето на овие постапки.

Семестар 2

  • [DCV0104] [10 ЕКТС] Прифаќање и одобрување на планот за докторската дисертација
    По првиот семестар, студентот ги започнува активностите за составување на својот план за докторската дисертација. Активностите вклучуваат одредување на литературата, составување хипотетичка рамка, дефинирање методологија за работа и определување индивидуален план како и прва јавна презентација.
  • [10 ЕКТС] Изборен предмет
    • [EDCV01011] Семејно и наследно процесно право
    • [EDCV01022] Граѓанско - правна одговорност за причинување на штета
    • [EDCV01033] Европско трговско право
    • [EDCV01044] Стечајно право и стечајна постапка
  • [10 ЕКТС] Изборен предмет
    • [EDCV01011] Семејно и наследно процесно право
    • [EDCV01022] Граѓанско - правна одговорност за причинување на штета
    • [EDCV01033] Европско трговско право
    • [EDCV01044] Стечајно право и стечајна постапка

Семестар 3/4

  • [PHD-S3-S4-01] [40 ЕКТС] Научно-истражувачка работа
    Во втората година (3 и 4 семестар) кандидатот продолжува со научноистражувачката дејност според одобрениот индивидуален план. Менторот дава процена во врска со овие активности во форма на извештај до наставно-научниот совет.
  • [PHD-S3-S4-03] [20 ЕКТС] Публикации I
    Публикација (издавање) на истражувачките активности според таблицата на релевантност на медиумот за публикација. Издавачките активности и успеси на кандидатот се проверуваат пред научниот аудиториум според областа и релевантноста на истражувањето.

Семестар 5

  • [DCV0105] [20 ЕКТС] Презентација на резултатите од истражувањето
    На крајот на 5. семестар, по истражувачките активности според индивидуалниот план, кандидатот вкупните резултати од оваа фаза на трудот и од истражувањето ќе ги презентира јавно.
  • [PHD-S5-01] [10 ЕКТС] Публикации II
    Публикација (издавање) на истражувачките активности според таблицата на релевантност на медиумот за публикација. Издавачките активности и успеси на кандидатот се проверуваат пред научниот аудиториум според областа и релевантноста на истражувањето.

Семестар 6

  • [CV-PhD-THESIS] [30 ЕКТС] Докторска дисертација
    Продолжување на работата на докторската дисертација. Се предава тезата (дисертацијата), се прифаќа од наставно-научниот совет и се предава на членовите на комисијата и започнува процедурата за нејзина одбрана.
Google+