Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!
Export

Програма:

Кривично право

Циклус на студии: Трет циклус (докторски)
Факултет: Правен
Код на програмата: N-PhDLAWCR180C
Академска година: 2019 / 2020
Титула: Доктор по правни науки - Насока: Кривично право
ЕКТС: 180 (3 години) Aкредитација
Решение: Решение за почеток со работа

Целта на студиската  програма Кривично право е да се понудат модули кои ќе ја опфаќаат основата на кривично-правните сознанија за приближување кон правничките професиите кои се поврзани со областа на кривичното право и да се обезбедат цврсти, посебни и систематски знаења за институциите и за основите на кривичното право во Р. Македонија како и споредбени сознанија од областа во регионов и во ЕУ.

Дипломата на студиската програма ќе им овозможи на студентите на докторските студии да бидат оспособени за научноистражувачката работа во областа на кривично-правните науки како и за изведување настава во универзитетите во државава и во странство, при што активно ќе бидат вклучени и во процесот на зацврстување на ресурсите на дејностите на државната власт во контекст на процесот на евроатлантските интеграции на земјава.

Знаење и разбирање

- Има напредни теоретски, емпириски и компаративни знаења за казнено-правните науки како и напредни знаења за законодавството и за судската практика во областа на спречување на криминалитетот.
- Има длабоко разбирање за проблемите поврзани со криминалот и казнените санкции особено во полето на компаративното казнено право и на казненото процесно право, теоретската и применета криминологија и пенологија, организираниот криминал и форензичните науки (судска медицина, психијатрија и психологија).
- Има специфични знаења за напредни техники и методи на истражување во областа на казненото право и казнената постапка.

Примена на знаењето и разбирањето

- Идентификува и анализира комплексни проблеми во областа на казненото право и казнената постапка, така што може да игра активна улога во сите стадиуми на казнената постапка, а може да толкува напредни прашања од казненото законодавство (вклучувајќи работење како судија, јавен обвинител или како адвокат, откако ќе ги стекне потребните квалификации според законодавство на РМ).
- Го применува знаењето добиено преку истражување во процесот на решавање проблеми преку споредба на практики и решенија во областа на спречување на криминалот.

Способност за проценка

- Има поразвиено критичко мислење преку методите на анализа и споредување.
- Развива вештини на решавање проблеми преку практиката на решавање покомплексни случаи од домашната и од меѓународната судска практика и јуриздикција.

Комуникациски вештини

- Употребува соодветна терминологија за комплексни и специфични прашања во областа на казнено-правните науки.
- Донесува напредни одлуки и работи непосредно и ефективно во преткривичната и судската постапка.
- Активно се вклучува во научно аргументирање и во дебата.
- Ги употребува официјалните јазици на Универзитетот и има напредни вештини на информатичките технологии во научната работа.

Вештини на учење

- Развива правилник за истражувачка работа кој се употребува во неговата професија.
- Развива практика на продолжено учење ангажирајќи се при тренирање лица кои работат во државните институции за спречување на криминалот.

Семестар 1

  • [DLAW0101] [10 ЕКТС] Методологија на истражување
    Овој предмет е дизајниран за студенти кои се подготвуваат за изработка на докторска теза. Главните цели на предметот се на студентите да им се понудат алатки за коцептуализација на нивната теза во однос на изнаоѓање истражувачко прашање и создавање методи за прибирање податоци и за кавалитативна анализа. Предметот е фокусиран на проблемите на кавантативните методи и техники, како што се статистичката анализа, текстови поврзани со теоријата и тестирањето. Потоа од значење се и темите за дескриптивна и каузална инференција, лонгитудинални, компаратаивни истражувања и студија на случај. Напредни информации ќе се нудат за прибирање податоци работејќи со текст. Целта е анализирање квалитатаивни податоци, финално вклучување на сите тероетски и практични дејствија во функција на дизајнирање и пишување на тезата.
  • [DCR0102] [10 ЕКТС] Кривично право - продлабочена програма
    Основа за изведување на наставата по овој предмет се програмите на предметите Кривично право - општ дел и Кривично право - посебен дел. При изведувањето на наставата по овој предмет, наместо традиционалниот метод екс катедра, активно се применува и методот на студија на случај како и методот на клиничка настава.
  • [DCR0103] [10 ЕКТС] Кривично процесно право - продлабочена програма
    Целта на предметот е студентите да стекнат солидни теоретски и практични сознанија за кривично-процесните одредби и институти со кои законски се регулира дејноста на процесните органи и на другите учесници во кривичната постапка и да се оспособат за нивна практична примена.

Семестар 2

  • [DCR0104] [10 ЕКТС] Прифаќање и одобрување на планот за докторската дисертација
    По првиот семестар, студентот ги започнува активностите за составување на својот план за докторската дисертација. Активностите вклучуваат одредување на литературата, составување хипотетичка рамка, дефинирање методологија за работа и определување индивидуален план како и прва јавна презентација.
  • [10 ЕКТС] Изборен предмет
    • [EDCR0101] Криминологија и пенологија
    • [EDCR0102] Виктимологија
    • [EDCR0103] Криминалистика
    • [EDCR0104] Малолетничка деликвенција
    • [EDCR0105] Меѓународно кривично право
    • [EDCR0106] Борба против насилниот екстремизам
  • [10 ЕКТС] Изборен предмет
    • [EDCR0101] Криминологија и пенологија
    • [EDCR0102] Виктимологија
    • [EDCR0103] Криминалистика
    • [EDCR0104] Малолетничка деликвенција
    • [EDCR0105] Меѓународно кривично право
    • [EDCR0106] Борба против насилниот екстремизам

Семестар 3/4

  • [PHD-S3-S4-01] [40 ЕКТС] Научно-истражувачка работа
    Во втората година (3 и 4 семестар) кандидатот продолжува со научноистражувачката дејност според одобрениот индивидуален план. Менторот дава процена во врска со овие активности во форма на извештај до Наставно-научниот совет.
  • [PHD-S3-S4-03] [20 ЕКТС] Публикации I
    Публикација (издавање) на истражувачките активности според таблицата на релевантност на медиумот за публикација. Издавачките активности и успеси на кандидатот се проверуваат пред научниот аудиториум според областа и релевантноста на истражувањето.

Семестар 5

  • [DCR0106] [20 ЕКТС] Презентација на резултатите од истражувањето
    На крајот на 5-от семестар, по истражувачките активности според индивидуалниот план, кандидатот вкупните резултати од оваа фаза на трудот и од истражувањето ќе ги презентира јавно.
  • [PHD-S5-01] [10 ЕКТС] Публикации II
    Публикација (издавање) на истражувачките активности според таблицата на релевантност на медиумот за публикација. Издавачките активности и успеси на кандидатот се проверуваат пред научниот аудиториум според областа и релевантноста на истражувањето.

Семестар 6

  • [CR-PhD-THESIS] [30 ЕКТС] Докторска дисертација
    Продолжување на работата на докторската дисертација. Се предава тезата (дисертацијата), се прифаќа од Наставно-научниот совет и се предава на членовите на комисијата и започнува процедурата за нејзина одбрана.
Google+