Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!
Export

Програма:

Водство и управување во образованието (2017/2018)

Циклус на студии: Втор циклус (Постдипломски)
Факултет: Јазици, култури и комуникација
Академска година: 2023 / 2024
Титула: Магистер по водство и управување во образованието
ЕКТС: 60 (1 годинa) Aкредитација
Решение: Решение за почеток со работа

Целта на последипломската програма по водство и управување во образованието е да се понудат модули кои ќе ја опфаќаат основата на сознанијата, посебни и систематски знаења, за академското ниво на процесот на трансформација на образованието во опкружувањето и пошироко во регионот.

Кадар со нови знаења во образованието.
Способност да истражува во областа на образованието.
Да креира политики во образованието и во школството.
Да е способен за резултативно менаџирање со образовните организации.

Знаење и разбирање

- Разбирање на локалните, регионалните и на глобалните промени во образованието.
- Студентите ќе бидат лидери во образовните иновации.
- Студентите ќе бидат добро упатени во реформите на образовниот процес во Македонија и во регионот и ќе поседуваат вештини за имплементација на акционите планови и на програмите за реформи.

Примена на знаењето и разбирањето

- Студентите ќе бидат во можност да ги советуваат владините и невладините политичари во однос на образованието како и да ги планираат локалните потреби и потреби на кадарот преку нивно адаптирање со економските ресурси на земјата, истовремено нагласувајќи ги вештините за стратешко управување и водство.
- Студентите ќе можат да ги преземат водечките улоги во образовните институции (јавни и приватни) во Република Македонија и пошироко.

Способност за проценка

- Студентите ќе се соочат со ризикот и со предизвиците кои ги носи промената на традиционалното со модерното во образовниот систем.
- Ќе бидат во можност да вршат процена на програмите, наставните планови, кадарот и на образовната политика.

Комуникациски вештини

- Ќе поседуваат одлични комуникациски вештини.
- Ќе поседуваат способност за користење на  технологијата во училниците и во администрацијата за нивно успешно функционирање во општествата и институциите базирани на знаење.

Вештини на учење

- Ќе стекнат вештини за обезбедување водство во училиштата низ Македонија и за имплементитрање на истражувањата во образовните институции.
- Ќе стекнат вештини за управување со човечките, економските и со технолошките ресурси.
- Ќе бидат обучени и компетентни за преземање одговорност и за унапредување на образованието. Преку обука, задолжителна за сите студенти, ќе можат ефикасно да дејствуваат во мултикултурната и во мултијазичната средина.

Семестар 1

  • [MCLM2010] [6 ЕКТС] Методологија на истражување
    Главните цели на предметот се на студентите да им се понудат алатки во однос на изноаѓање истражувачко прашање и создавање методи за прибирање податоци, за проучување и истражување во општетсвените науки. Селекцијата на прибраниот фактографски материјал, неговата анализа и научна интерпретација претставуваат значајна компонента на испитувањето на причинско-последичните односи. Предметот е фокусиран на проблемите на квантативните и квалитативните методи и техники на истражување.
  • [MCLM1030] [6 ЕКТС] Вовед во водството во образованието
    Предметот има богата содржина која се однесува на стиловите, квалитетот и на управувањето со училиштата. Главните теми се: - Стилови на учење; - Квалитет во училиштата; - Тимови и тимска работа; - Управување со промените во училиштата; - Теорија на организација; - Клима и култура; - Водство; - Дефинирање на средбите во училиштата;
  • [EMLM2010] [6 ЕКТС] Психологија на образованието
    Предметот, карактеристиките и задачите на педагошката психологија: - историски развој и создавање на дисциплината; - предметот на дисциплината; - карактеристики и задачи на дисциплината; - методите на педагошката психологија; - видови и теории на учењето; - трансфер на учењето и способност за учење; - мотивација и вреднување на учењето;
  • [6 ЕКТС] Изборен предмет
    • [MCML1040] Стратегиско планирање
    • [EMLM3020] Социологија на образованието
    • [EMLM2020] Правни прашања во образованието
    • [MCLM2020] Информациски и комуникациски технологии во наставниот процес (ИКТ)
    • [MCLM3040] Стратегии за равој на мислење во наставата
    • [ECLM1011] Истражување во училиште
  • [6 ЕКТС] Изборен предмет
    • [MCML1040] Стратегиско планирање
    • [EMLM3020] Социологија на образованието
    • [EMLM2020] Правни прашања во образованието
    • [MCLM2020] Информациски и комуникациски технологии во наставниот процес (ИКТ)
    • [MCLM3040] Стратегии за равој на мислење во наставата
    • [ECLM1011] Истражување во училиште

Семестар 2

  • [MTLM2010] [24 ЕКТС] Магистерски труд
    Овој модул им овозможува на студентите да ги пренесат своите вештини и знаења за истражување и за составување на покомплицираната задача - пишувањето на магистерскиот труд. Модулот е наменет да биде целосно практичен и студентите да ги стекнат потребните знаења, способности, вештини и доверба за да пристапат кон истражување и пишување на тезата. Модулот има единствен повратен резултат - да им овозможи на студентите да ја пишуваат магистерската теза со минимални тешкотии и со максимална ефективност. Сѐ што е предвидено е во насока на подобрување на техниките на истражување и на стилот на пишување на магистерската теза водејќи сметка притоа за забраната со служење со недозволените средства како: плагијаторство и повреда на авторските права, кои се забранети со Статутот на УЈИЕ.
  • [6 ЕКТС] Слободен изборен предмет
    • [MFE01] Реторика
    • [MFE02] Мултилингвализам и мултикултурализам
    • [MFE03] Oдбрани напредени поглавја од ИТ - апликации за изработка на научен труд
    • [MFE04] Одбрани напредни поглавја од апликации за статистичка обработка на податоци
    • [MFE05] Професионална комуникација
    • [MFE09] Пазар на трудот
    • [MFE08] Методологија на наставата
    • [MFE10] Филозофија на општествените науки
    • [MFE11] Менаџмент на проекти
    • [MFE12] Методи на оптимизација
    • [MFE13] Етички и правни прашања во информатички технологии (ИТ)
    • [MFE14] Заштита на човековите права
Google+