Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!
Export

Програма:

Албански јазик, култура и литература

Циклус на студии: Прв циклус (Додипломски)
Факултет: Јазици, култури и комуникација
Код на програмата: N-ALB
Академска година: 2019 / 2020
Титула: Професор по албански јазик, култура и литература
ЕКТС: 180 (3 години) Aкредитација
ЕКТС: 240 (4 години) Aкредитација
Решение: Решение за почеток со работа

Студиската програма е составена со цел на студентите да им се овозможи пристап во полето на јазикот и литературата, потпирајќи се секогаш на тоа што претставува актуелност кај овие студиски полиња. Истовремено, студентите имаат можност да стекнат пошироки знаења, земајќи  ја  предвид разноликоста на предметите кои се нудат. Предметите опфатени со оваа програма претставуваат перспективи засновани на теорија тесно поврзана со практичната апликација во светот на јазикот, културата, уметноста, образованието и комуникацијата.
Главните цели се:
- Да се подготват студентите за позицијата на лидер во образовни, културни, научни организации како во нашава земја така и надвор од неа.
-  Да се подготват студентите за градење кариера на полето на нивната професија, државен, приватен или невладин сектор.
- Да нуди поголем број модули кои почнуваат од основното знаење, па сè до професионалното, поврзано со образованието, културата и наставата.
- Да овозможи развивање на истражувачките способности и искуството за јазикот и литературата во јавни и приватни организации.
-  Да се развие концептот на критичното размислување на студентите.
- Да овозможи на студентите активно да се вклучат во наставата и да извршат независни истражувања во сите сфери на социјалните, образовните, културните и на научните организации.
- Да овозможи развивање на личната способност за комуникација и истражување како и развивање на други важни способности кои се потребни за вработување.  

Дипломираните студенти од програмата на Албански јазик, култура и литература, продолжуваат со исполнувањето на своите професионални критериуми во различни области на вработување. Нашата главна цел е подготовка на наставниците по албански јазик и литература, и сите оние кои ќе успеат да дипломираат од нашиот оддел на Универзитетот на ЈИЕ со добар успех, ќе имаат потенцијал да станат добри предавачи по албански јазик, култура и литература. Сепак, нашата програма за додипломски студии студии не се фокусира само на јазичниот аспект. Ние, исто така подготвуваме стручњаци и истражувачи на албанската литература и култура. Нашите дипломци ќе бидат добро подготвени за пазарот на трудот. Всушност, јазичните, социјалните, културните и уметничките елементи, кои ја сочинуваат албанологијата, подразбираат дека дипломираните студенти ќе бидат добро подготвени за да работат како наставници, инструктори, преведувачи, писатели, новинари и др.

Знаење и разбирање

Стекнува општи знаења од областа на јазикот, книжевноста, методологијата и преведувањето. Од областа на јазикот стекнува основни познавања за дијалектите, јазичната структура, литературните норми, местото на јазикот во општеството, контактите со другите јазици и со историјата на јазиците.
Од областа на книжевноста стекнува општи познавања за усната книжевност, теоријата на книжевноста, книжевните родови и правци, како и за книжевните периоди, почнувајќи од старата албанска книжевност, па сè до современата книжевност. Се запознава со најсовремените методи како и со стратегиите за предавање и вербална комуникација. Стекнува основни знаења за стиловите на јазикот, семантиката и видовите преведување.

Примена на знаењето и разбирањето

Може да се применат во повеќе јавни и државни институции, во настава, работејќи како предавач во основни и во средни училишта. Познавањата од областа на јазикот и книжевноста можат да ги применуваат за истражувања во институтите на албанскиот јазик; за пишување текстови од различен тип, во новинарство; за лекторирање весници и книги во издавачки институции; за лекторирање текстови во печатените и електронски медиуми,  како и секој вид текст, од кои и да било стил; за симултан превод во приватни и државни институции, како што се: двојазичните општини, министерствата и другите владини институции, во судовите и слични институции, во професионалните организации, во приватниот и јавниот сектор, во меѓународните организации и др., за превод на текстови итн.

Способност за проценка

Има способност за составување и за оценување наставни планови и програми од областа на јазикот и книжевноста во основните и во средните училишта. Има способност да оценува и да споредува преводите од еден јазик на друг; може да го оцени лекторирањето на различни книжевни и јазични текстови, оценувајќи го притоа нивото на лекторирање и пронаоѓајќи ги евентуалните грешки. 
Може да оценува дела и од аспект на содржината, изделувајќи ги уметничките и културните вредности на делото. Може да биде избран од некое професионално жири од областа на албанскиот јазик, фолклор и книжевност за оценување на јазичните истражувања, за најдобра поезија, драма или расказ од албанската книжевност. Способен е и да се вклучи во истражувачки тимови, да состави списоци за избор на лектири според возраста итн.

Комуникациски вештини

Поседува способност за реализирање наставен час од областа на граматиката и книҗевноста, во согласност со наставните програми, во основни и во средни училишта. Може да преведува научни трудови и книҗевни текстови од јазиците со кои е во допир. Моҗе да присуствува на научни дебати, на различни семинари, за да биде запознаен со новитетите од областа на јазикот, книҗевноста, предавањето и преводите. Моҗе да пишува рецензии за програмите и научните текстови, за некое театарско дело или за книжевни дела, главно поезии и романи. Поседува професионална способност за бирање лектири според возраста и одделението. Може да биде потпарол во некоја попитичка партија или во некоја приватна или општествена институција.

Вештини на учење

Со способностите кои ги стекнал со учење, може да се претстави како лидер и да води иницијативи во училишта и во различни институции. За добие подобри резултати, може да стекнува нови знаења, може да ги обучува другите преку предавање на одредени предмети, како: правопис, уредување, пишување есеи, превод, примена на новите методи и техники за предавање, како да подготви прјект, како да се пишува еден научен труд и др. Може да предложи нови идеи, кои не се применети во таа институција, како на пр. отворање различни сесии по албански јазик и книжевност, отворање библиотека, промоција на некое дело и др. Се разбира дека треба да се продолжи со понатамошна едукација и новостекнатите знаења да ги презентира во и надвор од институцијата каде што работи. 

Семестар 1

  • [CAL-105] [6 ЕКТС] Народна книжевност
    Цели на предметот: - Запознавање со албанската народна книжевност и со нејзиниот предмет. - Оспособување за разликување на книжевните родови и карактеристики. - Запознавање со стихот и поетиката на народното творештво. - Стекнување способност за анализа на усните творби и оспособување на разликување на појавата и развојот на ова книжевност.
  • [CAL-104] [6 ЕКТС] Фонетика и фонологија 1
    Цели на предметната програма е студентите: - Да стекнат општи познавања од областа на јазикот, фонетиката, фонологијата на албанскиот јазик; методологијата и проучувањето на високите вредности на јазичната култура. - Да стекнат знаења од областа на албанскиот јазик и култура кои можат да ги употребат за истражувања во институтите за албанологија. - Да стекнат вештини за пишување на различни културни сознанија, текстови и монографии; за коментирање на јазични творештва, запознавање на ракописот и стандардот на јазикот, историското движење, па сè до конечното оформување на сегашниот стандарден јазик. - Да стекнат основни знаења за албанската фонетика и фонологија преку сериозна научна презентација на целиот материјал, со најсовремените методи и стартегии преку предавања (со акустични и визуелни форми и методи), како и со вербална комуникација.
  • [CAL-103] [6 ЕКТС] Дијалектологија 1
    По предметот дијалектологија, освен општите сознанија за важноста на дијалектологијата како наука, се проучуваат и класификацијата на дијалектите и нивните особености во сите места каде што живеат Албанците, земајќи ги предвид и говорите во дијаспората. Опфатено е следново: јазична географија. фонетските, морфолошките и синтаксичките особености на одредено наречје, лексиколошките, семасиолошките, фразеолошките и другите особености во проучувањето на дијалектите, поддијалектите и наречјата на албанскиот јазик.
  • [3 ЕКТС] Изборен предмет - Албански/македонски јазик
    • [MAPP1010] Македонски јазик за професионални цели 1
    • [MAPP1020] Македонски јазик за професионални цели 2
    • [BS018] Македонски јазик за почетници 1
    • [BS152] Македонски јазик за почетници 2
    • [BAM1010] Албански јазик за почетници 1
    • [BAM2010] Албански јазик за почетници 2
  • [3 ЕКТС] Изборен предмет - Англиски јазик
    • [BENP-01] Англиски јазик за општа и професионална комуникација 1
    • [BENP-02] Англиски јазик за општа и професионална комуникација 2
    • [BENP-03] Англиски јазик за општа и професионална комуникација 3
    • [BENP-04] Англиски јазик за општа и професионална комуникација 4
    • [BEN-05] Англиски јазик 5
    • [BEN-06] Англиски јазик 6
  • [6 ЕКТС] Слободен изборен предмет
    • [EFE-107] Јавно говорење
    • [EFE-127] Дебата и презентациски вештини
    • [EFE-108] Меѓукултурни студии
    • [EFE-108] Комуникациски вештини
    • [EFE-110] Напреден Excel
    • [EFE-111] Напредни ИТ-вештини
    • [EFE-112] Напреден Ворд
    • [EFE-113] Гугл апс
    • [EFE-114] Напреден акцес
    • [EFE-115] Десктоп-публикации
    • [EFE-116] Веб-публикации
    • [EFE-129] Албански jазик и култура на пишување
    • [EFE-131] Албански јазик за специфични цели
    • [EFE-102] Aкадемско пишување на англиски јазик
    • [EFE-103] Академско пишување на македонски јазик
    • [EFE-104] Академско пишување на албански јазик
    • [EFE-105] Германски јазик (ниво 1 до 4)
    • [EFE-117] Заштита на животната средина
    • [EFE-121] Професионален рзавој на кариерата
    • [EFE-132] Човекови права и слободи

Семестар 2

  • [CAL-204] [6 ЕКТС] Фонетика и фонологија 2
    Цели на предметната програма: - Продолжение на предметот Фонетика I , Фонологија; - Предмет на изучување: глас и фонема; образувањето на гласовите и поделбата според учеството на говорните органи; - Поделба на гласовите (самогласки и согласки); - Акцентот во албанскиот јазик; - Слогови и видови слогови во албанскиот јазик (отворени и затворени).
  • [CAL-202] [6 ЕКТС] Дијалектологија 2
    Студентите ќе се запознаваат со: - Дијалектолошката транскрипција, знаците за опишување на нивните фонеми. - Историскиот развој на дијалектите. - Фонетските и граматичките карактеристики. - Дијахрониско и синхрониско опишување на дијалектите. - Дијалектните промени кои го збогатуваат, чистат и го развиваат литературниот јазик. - Односите на дијалектите со стандардниот јазик. - Општествените формации што влијаат врз поделбата на јазикот. - Посебен осврт ќе дадеме за говорите во старата дијаспора. - Арберешите во Италија, Грција, Украина, Задара и др. кои зачувале архаични форми од албанскиот јазик и се од голем интерес за албанската диајлектологија.
  • [CAL-205] [6 ЕКТС] Историја на албанската стара книжевност
    Цели на предметната програма: - Запознавање со почетоците на албанската книжевност; - Запознавање со начинот на нејзиниот мотивско-тематскиот свет; - Запознавање со особеностите на јазикот и стилот; - Стекнување знаења за најистакнатите дела и автори до периодот на преродбата; - Стекнување знаења и оспособување за познавање на културно-општествените прилики во кои се развивала албанската книжевност до преродбата.
  • [6 ЕКТС] Слободен изборен предмет
    • [EFE-107] Јавно говорење
    • [EFE-127] Дебата и презентациски вештини
    • [EFE-108] Меѓукултурни студии
    • [EFE-108] Комуникациски вештини
    • [EFE-110] Напреден Excel
    • [EFE-111] Напредни ИТ-вештини
    • [EFE-112] Напреден Ворд
    • [EFE-113] Гугл апс
    • [EFE-114] Напреден акцес
    • [EFE-115] Десктоп-публикации
    • [EFE-116] Веб-публикации
    • [EFE-129] Албански jазик и култура на пишување
    • [EFE-131] Албански јазик за специфични цели
    • [EFE-102] Aкадемско пишување на англиски јазик
    • [EFE-103] Академско пишување на македонски јазик
    • [EFE-104] Академско пишување на албански јазик
    • [EFE-105] Германски јазик (ниво 1 до 4)
    • [EFE-117] Заштита на животната средина
    • [EFE-121] Професионален рзавој на кариерата
    • [EFE-132] Човекови права и слободи
  • [3 ЕКТС] Изборен предмет - Англиски јазик
    • [BENP-01] Англиски јазик за општа и професионална комуникација 1
    • [BENP-02] Англиски јазик за општа и професионална комуникација 2
    • [BENP-03] Англиски јазик за општа и професионална комуникација 3
    • [BENP-04] Англиски јазик за општа и професионална комуникација 4
    • [BEN-05] Англиски јазик 5
    • [BEN-06] Англиски јазик 6
  • [3 ЕКТС] Elective course - Albanian/Macedonian Language
    • [MAPP1010] Македонски јазик за професионални цели 1
    • [MAPP1020] Македонски јазик за професионални цели 2
    • [BS018] Македонски јазик за почетници 1
    • [BS152] Македонски јазик за почетници 2
    • [BAM1010] Албански јазик за почетници 1
    • [BAM2010] Албански јазик за почетници 2

Семестар 3

  • [CAL-302] [6 ЕКТС] Морфологија 1
    Цели на предметот: - Студентите стекнуваат општи познавања од областа на јазикот, морфемата на албанскиот јазик. - Ги совладуваат методологијата и проучувањето на високите вредности на јазичната култура во однос на зборот и неговата содржина. - Го проучуваат историското минато на албанскиот јазик и култура, добивајќи основни знаења за морфемите, поимите именка, заменка, прилог и како и за други поими поврзани со морфемите. - Се оспособуваат со најсовремените форми и методи се изучуваат компоненти од именката, заменката, па сè до извиците со што студентите стекнуваат доволно знаења за подобра комуникација и подобар метод за комуницирање.
  • [CAL-304] [6 ЕКТС] Албанската книжевност на преродбата 1
    Цели на предметната програма: - Запознавање со општите карактеристики од периодот на албанската преродба. - Запознавање со времето на романтизмот во уметностите, посебно во книжевната уметност. - Стекнување знаења за препознавање на општите карактеристики на творештвата од овој период. - Стекнување знаења за влијанието на илуминизмот и европскиот романтизам во албанската книжевност од периодот на преродбата. - Запознавање со албанскиот романтизам во Италија и неговото изразување и дејствување. - Запознавање и оспособување за препознавање на стихот, жанрот и на поетиката на овој дел од албанската книжевност.
  • [EAL-501] [6 ЕКТС] Лексикологија и семантика 1
    Во овој предмет се разгледуваат карактеристиките, историскиот развој и вредностите на зборовите во албанскиот јазик. Опфатено е следново: лексичката семантика на албанскиот јазик: начините на нејзиното формирање и концептот на семантичкиот систем; основните категории на семантиката: лексичкото значење, структурите на лексичкото значење, теоријата на лексичките и семантичките полиња; појавата на лексичката семантика: потеклото на лексичкото значења во албанскиот јазик, емоционалната карактеристика како компоненти, семантичките промени и лингвистичките тропи; семантичките движења за формирање зборови; видови и објаснување на лексички значења.
  • [6 ЕКТС] Изборен предмет - Англиски јазик за специфични цели 1
    • [LPCEN-01] Англиски јазик за јавна амдминистрација, политички науки и комуникација 1
  • [6 ЕКТС] Слободен изборен предмет
    • [EFE-107] Јавно говорење
    • [EFE-127] Дебата и презентациски вештини
    • [EFE-108] Меѓукултурни студии
    • [EFE-108] Комуникациски вештини
    • [EFE-110] Напреден Excel
    • [EFE-111] Напредни ИТ-вештини
    • [EFE-112] Напреден Ворд
    • [EFE-113] Гугл апс
    • [EFE-114] Напреден акцес
    • [EFE-115] Десктоп-публикации
    • [EFE-116] Веб-публикации
    • [EFE-129] Албански jазик и култура на пишување
    • [EFE-131] Албански јазик за специфични цели
    • [EFE-102] Aкадемско пишување на англиски јазик
    • [EFE-103] Академско пишување на македонски јазик
    • [EFE-104] Академско пишување на албански јазик
    • [EFE-105] Германски јазик (ниво 1 до 4)
    • [EFE-117] Заштита на животната средина
    • [EFE-121] Професионален рзавој на кариерата
    • [EFE-132] Човекови права и слободи

Семестар 4

  • [CAL-402] [6 ЕКТС] Морфологија 2
    Цели на предметната програма: - Продолжение на предметот Морфологија I; - Зборовни групи; - Морфолошка класификација на зборовите (менливи, неменливи); - Менливи зборови (именка, глагол, заменка, придавка, броеви); - Неменливи (прилози, предлози, сврзници, честички, извици).
  • [CAL-404] [6 ЕКТС] Албанската книжевност на преродбата 2
    Цели на предметната програма: - Запознавање со творештвото на писателите на албанската книжевност на преродбата. - Запознавање со културно-општествените прилики во кои се развивале тие творештва поединечно. - Способност за анализа на односот текст – контекст. - Способност за компаративна анализа. - Поврзување на знаењата од теоретската терминологија. - Поттикнување на вештината за изучување на книжевноста на албанскиот романтизам во контекст на општата книжевност.
  • [EAL-601] [6 ЕКТС] Лексикологија и семантика 2
    Во вториот дел од програмата ќе бидат опфатени: хомонимите, синонимите и антонимите во албанскиот јазик. Потенцијален речник на албанскиот јазик. Фразеологијата на албанскиот јазик: зборот, синтагмата и фразеолошки изрази. Класификација и употреба на фразеолошките единици во дискурсот. Раслојувањето на албанската лексика според потеклото и употребата. Речникот на албанскиот литературен јазик. Развојот на албанската лексикографија.
  • [6 ЕКТС] Изборен предмет
    • [CAL3030] Теорија на литература 1
    • [CTTA49] Теорија на литература 2
    • [EAL3010] Социолингвистика 1
    • [CAL4050] Социолингвистика 2
    • [EAL-701] Оценување и планирање
    • [LCC-803] Инклузија на учениците со посебни потреби
    • [EAL3020] Детска книжевност
    • [EAL-801] Анализа на текстот и книжевна критика
  • [6 ЕКТС] Изборен предмет - Англиски јазик за специфични цели 2
    • [LPCEN-02] Англиски јазик за јавна амдминистрација, политички науки и комуникација 2

Семестар 5

  • [EAL-502] [6 ЕКТС] Синтакса 1
    Целта на предметот Синтакса I е студентите да се оспособат за правилна употреба на зборовите во зборовни состави (синтагми), односно во прости и сложени реченици. Во рамките на овој предмет се изучуваат комбинациите од најмалите до најголемите единици, односно речениците. Преку овој предмет студентите стекнуваат соодветно знаење за правилната употреба на албанскиот јазик согласно со јазичната норма во различните сфери на општествениот живот, најмногу како идни педагози на албанскиот јазик во училиштата и во другите образовни институции. Овие знаења се основа за понатамошното развивање и за проширување на јазичното знаење воопшто.
  • [CAL-504] [6 ЕКТС] Албанската книжевност по независноста
    Цели на предметната програма: - Запознавање со книжевноста по независноста; - Запознавање на следбениците на оваа книжевност; - Поучување на поезијата на истакнати следбеници од овој период; - Проучување на романот на поновите следбеници; - Теоретско-критичките појави на авторите на книжевноста на независноста.
  • [CAL-505] [6 ЕКТС] Методика на албанскиот јазик
    Целта на предметот е да се овозможи студентите попрактично и полесно да ги пренесаат знаењата кои се стекнати од општото проучување на јазикот и литературата на албанскиот јазик до студентот и до ученикот. Сегашните форми и методи им овозможуваат на сите методичари да го пренесаат своето знаење со најсовремените методи кои се вклучени во современата дидактика на учење. Тука не се опфаќаат старите методи на изучување на албанскиот јазик и литература, туку современиоте методи на стекнување знаења преку интернет, видеофилмови, употреба на најсовремените електронски технологи како: FB и Classroom при што студентите ги добиваат сите информации, задачи, прашања, а истовремено даваат и одговори за своето знаење, учење и за нивните најефикасни форми и методи на изучување на албанскиот јазик, култура и литература.
  • [6 ЕКТС] Изборен предмет
    • [CAL3030] Теорија на литература 1
    • [CTTA49] Теорија на литература 2
    • [EAL3010] Социолингвистика 1
    • [CAL4050] Социолингвистика 2
    • [EAL-701] Оценување и планирање
    • [LCC-803] Инклузија на учениците со посебни потреби
    • [EAL3020] Детска книжевност
    • [EAL-801] Анализа на текстот и книжевна критика
  • [6 ЕКТС] Изборен предмет
    • [CAL3030] Теорија на литература 1
    • [CTTA49] Теорија на литература 2
    • [EAL3010] Социолингвистика 1
    • [CAL4050] Социолингвистика 2
    • [EAL-701] Оценување и планирање
    • [LCC-803] Инклузија на учениците со посебни потреби
    • [EAL3020] Детска книжевност
    • [EAL-801] Анализа на текстот и книжевна критика

Семестар 6

  • [EAL-602] [6 ЕКТС] Синтакса 2
    Целта на предметот Синтакса II е студентите да ги совладаат видовите поврзување на зборовите во проста и во сложена реченица. Во текот на овој предмет студентите добиваат соодветно знаење за правилната примена како на говорниот, така на писмениот дискурс, важноста на правилното образување на сложените реченици, односно составувањето на параграфите во самиот текст. Предметот се заокружува со правилната употреба на директниот и на индиректниот говор.
  • [CAL-603] [6 ЕКТС] Aлбанската современа книжевност
    Цели на предметната програма: - Запознавање со околностите во кои се појавува современата книжевност; - Запознавање со стилските карактеристики, родовите и видовите; - Запознавање со претставниците и нивните творештва; - Способност за анализа на конкретни текстови; - Способност за контрастивен литературен пристап и способност за анализа на односот текст – контекст.
  • [LCC-601] [6 ЕКТС] Дипломска работа
    Ова е активност поврзано со дипломската работа и професионален пројект. Од студентите се бара да напише проект, обично поврзан со дипломската работа, да се изработи структурата на проектот да се направи истражување и да го напишат извештајот.
  • [6 ЕКТС] Изборен предмет
    • [CAL3030] Теорија на литература 1
    • [CTTA49] Теорија на литература 2
    • [EAL3010] Социолингвистика 1
    • [CAL4050] Социолингвистика 2
    • [EAL-701] Оценување и планирање
    • [LCC-803] Инклузија на учениците со посебни потреби
    • [EAL3020] Детска книжевност
    • [EAL-801] Анализа на текстот и книжевна критика
  • [6 ЕКТС] Изборен предмет
    • [CAL3030] Теорија на литература 1
    • [CTTA49] Теорија на литература 2
    • [EAL3010] Социолингвистика 1
    • [CAL4050] Социолингвистика 2
    • [EAL-701] Оценување и планирање
    • [LCC-803] Инклузија на учениците со посебни потреби
    • [EAL3020] Детска книжевност
    • [EAL-801] Анализа на текстот и книжевна критика

240 ЕКТС (4 години)

Семестар 7

  • [EAL-303] [6 ЕКТС] Општа лингвистика
    Целта на предметот е студентите да се запознаат со: - лингвистиката како научна дисциплина - како теориска рамка за јазичните испитувања; - почетоците и историјата на лингвистиката како наука; - придонесот на лингвистичките школи за општата лингвистика; - главните претставници на овие школи.
  • [CAL-701] [6 ЕКТС] Преглед на светска книжевност
    Цели на предметната програма: - Запознавање со врвните достигнувања во светската литература и практична примена на теориските знаења врз конкретните текстови; - Запознавање со периодизацијата и класификацијата на светската книжевност (жанрови, претставници, карактеристики); - Запознавање со примерите од светската книжевност согледано преку теоретскиот и апликативниот материјал; - Развивање способност за споредување на карактеристиките меѓу главните периоди и автори.
  • [CAL-702] [6 ЕКТС] Стилистика и прагматика
    Јазикот служи за формулирање и за изразување на мислите. За да ја одигра оваа улога, тој на располагање има цел систем на средства (гласови, морфеми, зборови и форми) како и правила за нивно соопштување. Комуникацијата не се реализира само со овие средства, потребно е и рефлектирање на реалноста, логичниот континуитет, имајќи ја предвид целта на соговорникот, ѕаедничкото делување, проткаено со културата на јазикот. Токму целта на овој предмет е да укаже на целокупната организација на јазичниот систем и материјал. Овој систем претставува првично јазично организирање, а како второ е стилистиката. Тоа значи дека целта на овој предмет е организацијата на јазичните варијации изразени во различни текстови.
  • [6 ЕКТС] Изборен предмет
    • [CAL3030] Теорија на литература 1
    • [CTTA49] Теорија на литература 2
    • [EAL3010] Социолингвистика 1
    • [CAL4050] Социолингвистика 2
    • [EAL-701] Оценување и планирање
    • [LCC-803] Инклузија на учениците со посебни потреби
    • [EAL3020] Детска книжевност
    • [EAL-801] Анализа на текстот и книжевна критика
  • [6 ЕКТС] Слободен изборен предмет
    • [EFE-107] Јавно говорење
    • [EFE-127] Дебата и презентациски вештини
    • [EFE-108] Меѓукултурни студии
    • [EFE-108] Комуникациски вештини
    • [EFE-110] Напреден Excel
    • [EFE-111] Напредни ИТ-вештини
    • [EFE-112] Напреден Ворд
    • [EFE-113] Гугл апс
    • [EFE-114] Напреден акцес
    • [EFE-115] Десктоп-публикации
    • [EFE-116] Веб-публикации
    • [EFE-129] Албански jазик и култура на пишување
    • [EFE-131] Албански јазик за специфични цели
    • [EFE-102] Aкадемско пишување на англиски јазик
    • [EFE-103] Академско пишување на македонски јазик
    • [EFE-104] Академско пишување на албански јазик
    • [EFE-105] Германски јазик (ниво 1 до 4)
    • [EFE-117] Заштита на животната средина
    • [EFE-121] Професионален рзавој на кариерата
    • [EFE-132] Човекови права и слободи

Семестар 8

  • [CTAM1050] [6 ЕКТС] Балканска лингвистика
    Во современата лингвистика од почетокот на дваесеттиот век, посебно внимание се обрнува на т.н. Балкански јазичен сојуз. Јазиците од Балканскиот јазичен сојуз развиле серија заеднички системски појави (а не случајни совпаѓања) кои се наречени балканизми. За една јазична појава да се смета за балканизам, треба да ја има барем во два или три балкански јазика (или дијалекти). Вакви општи појави има на сите граматички нивоа, односно: фонетика, морфологија, синтакса и лексика.
  • [CTTA70] [6 ЕКТС] Историја на албанскиот јазик
    Предметот опфаќа еден голем дел од програмата од историјата на пишувањето на албанскиот јазик култура и литература. Внесени се многу детали за формирање на првата азбука на албанскиот јазик, патот кој беше многу тежок и кој ја доведе до конечното пишување на албанскиот јазик со сегашната азбука. Студентите ќе изучуваат делови од најстарата историја, историјата на средниот век, па сè до денешнината. Студентите ќе се запознаат со историјата на албанскиот јазик, азбуката, културата и современите текови на постигнатите успеси во областа на албанскиот јазик.
  • [CAL-801] [6 ЕКТС] Компаративна книжевност
    Целта на програмата е запознавање на студентите со концептите на компаративната дисиплина и со актуелниот развој кај нас и во светот. Ќе се проучуваат различни појави кај авторите од албанската книжевност во споредба со светската книжевност, од компаративен аспект. Со тоа ќе се навикнеме да се проучува едно дело критички, за специјализација на студентите за оваа област.
  • [LCC-802] [6 ЕКТС] Проект - Студија на случај
  • [6 ЕКТС] Изборен предмет
    • [CAL3030] Теорија на литература 1
    • [CTTA49] Теорија на литература 2
    • [EAL3010] Социолингвистика 1
    • [CAL4050] Социолингвистика 2
    • [EAL-701] Оценување и планирање
    • [LCC-803] Инклузија на учениците со посебни потреби
    • [EAL3020] Детска книжевност
    • [EAL-801] Анализа на текстот и книжевна критика
Google+