Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!

Прирачник за стипендии

Вовед во прирачникот

Прирачникот за стипендии е подготвен за да им помогне на студентите на Универзитетот на ЈИЕ и на сите студенти од Западен Балкан кои се заинтересирани за стипендии. Во прирачникот се содржани  информации за  стипендии  и други информации за финансирање  од различни извори. Поради тоа, прирачникот може да послужи како корисен водич за најточни и најажурирани  информации за стипендии и за процесот за аплицирање.

Овој прирачник не е наменет  да биде единствен извор на барање на  финансиска помош. Таму се содржани информации за подобро да се разбере  процесот на  добивање стипендии за да може подобро да се  спроведе процедурата за лоцирање  и пријавување  за финансиска поддршка. Овој прирачник  треба да ви помогне  во текот на основната процедура за апликација , но службениците за меѓународни односи од вашите универзитети ќе  ви обезбедат опширни информации и помош за процесот за доделување стипендии.

Google+