COVID-19 Information and Protocol

Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!

ЧПП Ерасмус +

Најчесто поставувани прашања од студентите кои одат на размена преку програмата Еразмус +

Секој редовен студент, запишан на УЈИЕ може да оди на размена. Студентите кои се на додипломски студии мора да ја имаат завршено првата година на студии. Студентите кои се на магистерски или на докторски студии може да одат од првиот семестар.

Времетраењето на размената е еден или два семестри за еден циклус на студии.

Вообичаено има два периоди за апликација: едниот се отвора некаде во март/април, за размени кои се случуваат во тек на зимскиот семестар , додека другиот се отвора во август/септември за размени кои се случуваат во тек на летниот семестар .

Имињата на Универзитетите на кои студентите можат да одат се одредени на посебна листа за секој факултет . Оваа листа се ажурира секој семестар затоа што бројот на универзитети каде студентите можат да одат на размена се зголемува од година в година.

Секој студент кој ќе се реши да аплицира може да го направи тоа со собирање на потребните документи за аплицирање. Tие документи се:

  • Пријавно писмо
  • Уверение на оценки
  • Сертификат дека е студент запишан на УЈИЕ
  • Сертификат за познавање на англискиот јазик
  • Биографија (CV)
  • Пропратно писмо
  • Горенаведените документи студентот ги испраќа на адреса на институционалниот координатор за програмата Еразмус + на УЈИЕ, Бујар Синани, на и-мејл bujar.sinani@seeu.edu.mk, како и на студентскиот советник на факултет каде тој/таа е запишан.

Секој студент што оди на размена добива грант Еразмус +, кој во зависност од тоа каде оди, е 470 или 520 евра. Со овој грант, студентот мора да ги покрие сите трошоци за престој, патување, здравствено осигурување, виза, за државата во која ќе престојува.

Студентите кои ќе добијат дозвола за престој во државата каде патуваат, имаат право да работат 15 часа неделно.

Не. Студентот кој оди на размена со програмата Ерасмус + плаќа за семестарот на УЈИЕ, и не плаќа школарина на Универзитетот каде што ќе оди на размена.

Добивате официјално писмо од вашиот матичен факултет на УЈИЕ, а потоа добивате официјално писмо од Универзитетот за кој сте избрани и од таму ви ги испраќаат сите информации во врска со подготовките за престојот на универзитет.

Она што треба да го направите е во соработка со советникот за студентите и координаторот на Еразмус на вашиот матичен факултет е: - да составите „Договор за учење“ ('Learning agreement') во кој ќе ги наведете предметите кои ќе изберете да ги следите на универзитетот домаќин ;
- потпишете документ – „Договор за грант“ ( 'Grant agreement')
- да платите за семестар на УЈИЕ.
- да ја започнете процедурата за добивање виза и здравсвено осигурување за државата каде што ќе престојувате .

Секој студент кој оди на размена се враќа во УЈИЕ со сертификат на оценки за испитите кои ги положил каде што тој/таа бил на размена. Според документот, матичниот факултет на УЈИЕ составува одлука за трансфер на ЕКТС кредити во уверението за оценки.

Мора да пополните онлајн прашалник, како и да составите писмен извештај, за периодот на престојот на размена. Во овој извештај, што ќе се користи за промотивни цели, треба да приложите неколку фотографии, направени во земјата каде што се случила размената.


Најчесто поставувани прашања од студентите кои одат на размена преку програмата Еразмус +

Програмата Еразмус + овозможува реализација на практична работа (стажирање) во земјите на ЕУ, за сите студенти запишани на УЈИЕ, како и за оние кои штотуку дипломирале.

На www.erasmusintern.org има практични работи (стажирања) кои се нудат на студентите кои сакаат да ја искористат оваа можност.

Минималното времетраење на стажирањето е 2 месеци, додека максималното е 12 месеци.

Вие треба да контактирате со организацијата / институцијата / компанијата каде сакате да одите и да побарате од нив да ви испратат покана. Следно, аплицирајте на ист начин како и студентите кои одат на размена за студии.

a) Пријавно писмо
б) Уверение на оценки
в) Уверение дека е студент запишан на УЈИЕ
г) Сертификат за познавање на англискиот јазик
д) Биографија (CV)
ѓ) Пропратно писмо
е) Покана од компанијата/организацијата/институцијата

Секој студент кој оди на стажирање добива грант Еразмус +, кој во зависност од тоа каде оди, е 670 или 720 евра. Покрај тоа, постои можност студентот да добие симболична плата од компанијата / организацијата или институцијата каде што ќе ја реализира практичната работа (стажирањето).

Она што треба да го направите е во соработка со советникот за студентите и координаторот на Еразмус на вашиот матичен факултет е: - да составите „Договор за учење“ ('Learning agreement') во кој ќе ги наведете предметите кои ќе изберете да ги следите на универзитетот домаќин ;
- потпишете документ – „Договор за грант“ ( 'Grant agreement')
- да платите за семестар на УЈИЕ.
- да ја започнете процедурата за добивање виза и здравствено осигурување за државата каде што ќе престојувате.

Вие мора да пополните онлајн прашалник, како и да составите писмен извештај, за периодот на престојот на размена. Со овој извештај, што ќе се користи за промотивни цели, треба да приложите неколку фотографии, направени во земјата каде што се случила размената.

Google+