Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!

Алумни

Мисија/Цели

Мисија
              Асоцијацијата АЛУМНИ на ЈИЕУ е посветена да му служи на Универзитетот, Алумни (дипломираните), студентите и на нивните пријатели. Мисијата на асоцијацијата е да го зајакне и да го прошири ЈИЕУ помагајќи во уписот на студентите, ангажирајќи се во активности за зголемувањето на угледот на Универзитетот во земјава и надвор од неа, и да промовира позитивна слика на Универзитетот и на своите алумни.

Цели:
Да поттикнува меѓусебна корисна врска меѓу Универзитетот и Асоцијацијата АЛУМНИ .
Да промовира долгорочна поврзаност меѓу алумни, студентите, кадарот и пријателите на Универзитетот.
Да иницира соработка со други асоцијации АЛУМНИ или организации со цел да одржува добра волја и поддршка за градот преку спонзорство на општественото образование, филантропските и услужно-ориентираните програми.
Да поттикнува корисна вклученост на сите студенти на додипломски и последипломски студии, да го зачува чувството на гордост базирано на извонредните квалитети на Универзитетот и понуденото образование.
Да биде отворена кон сите, врз основа на еднаквост и заслуга без разлика на етничката припадност.
Активно да бара соработка со слични организации, во Македонија и на меѓународно ниво.

Одбор на Алумни

              Управниот одбор на Алумни е главниот орган на асоцијацијата. Во согласност со Статутот на асоцијацијата управниот одбор е надлежен за креирање политики на Алумни, одобрување и спроведување на годишната програма, дизајнирање електронски вести) и организирање на образовните и социјалните активности. Управниот одбор се состои од дипломирани ентузијасти на ЈИЕУ кои се вработени во различни компании, државни органи и во НВО во Македонија и надвор од неа.

FAQ's

Одговор на најчесто поставените прашања за Асоцијацијата АЛУМНИ на ЈИЕ Универзитетот!

Улогата на Асоцијацијата АЛУМНИ?
                Асоцијацијата АЛУМНИ е асоцијација која има за цел да му служи на ЈИЕ Универзитетот, дипломираните, студентите и пријателите на ЈИЕУ. Нејзината е да го зајакне и да го прошири ЈИЕ Универзитетот помагајќи во запишувањето на новите студенти, ангажирајќи ги во активности за подобрување на репутацијата на Универзитетот во земјава и низ целиот свет и промовирање позитивен имиџ на Универзитетот и на своите Алумни.

Целта на Алумни?
                Асоцијацијата АЛУМНИ е основана за да одржува врски и комуникација меѓу сите дипломирани, академскиот и административниот кадар на ЈИЕ Универзитетот. Сите димпломирани - алумни на ЈИЕ Универзитетот се добредојдени да бидат дел од нашата Асоцијација.

Примарната цел на АЛУМНИ?
               Канцеларијата на АЛУМНИ служи како канцеларија за прашања поврзани со алумни. Канцеларијата примарно функционира како централно место за контакт за сите дипломирани во ЈИЕУ. За сите прашања, проблеми или забелешки слободно можете да контактирате со нас.


 Каде се наоѓа канцеларијата на Алумни?
               Канцеларијата на Алумни се наоѓа во Кампусот на Универзитетот на Југоисточна Европа, канцеларија 304.11, во Тетово, Република Македонија.

Кој може да биде член на Алумни?
               Член на Асоцијацијата АЛУМНИ може да биде секој кој има диплома или сертификат издаден од Универзитетот на Југоисточна Европа. Сегашните и поранешните студенти како и вработените на Универзитетот (академскиот или административниот кадар) имаат право да се зачленат во Асоцијацијата АЛУМНИ. За дополнителни детали, ве молиме пратете и-мејл. ( alumni@seeu.edu.mkThis email address is being protected from spam bots, you need Javascript enabled to view it ).

Како да се регистрирате?
               Откако ќе ги завршите вашите студии на ЈИЕ Универзитетот вие автоматски станувате „алумни“ (дипломиран) на ЈИЕУ. Треба да пополните формулар за зачленување кој може да го земете во Канцеларијата на Алумни, или да ни ги испратите вашите лични и студиски податоци преку и-мејл: alumni@seeu.edu.mkThis email address is being protected from spam bots, you need Javascript enabled to view it


Како да ја смените адресата или името во базата за податоци на Алумни?
               Би сакале да ги имаме вашите тековни податоци (домашни и каде работите) со цел континуирано да ве информираме. Ве молиме ажурирајте ги вашите податоци преку и-мејл ( alumni@seeu.edu.mkThis email address is being protected from spam bots, you need Javascript enabled to view it ) или јавете се на +389(44) 356 221

Како да се вклучите во Асоцијацијата АЛУМНИ?
               ЈИЕ Универзитет е ваш универзитет и Алумни е Ваша можност, искористете ја!!! Има некои методи како да бидете поактивно вклучени во Асоцијацијата АЛУМНИ. Една од нив е да присуствувате на нашите активности. Ќе имате убава прилика да слушате динамичен оратор, да воспоставите контакт со колегите, да создавате нови пријателства и да воспоставите нова професионална мрежа.

Кои се луѓето кои ја водат канцеларијата на Алумни?
               Асоцијацијата и Канцеларијата на Алумни ја води Управниот одбор. Членовите на одборот се дипломирани ентузијасти на ЈИЕУ од различни факултети кои се вработени во важни компании во Македонија и надвор од неа, во државни институции и во невладини организации. Ако ти и ти еден од нив, придружи се во групата.

Кои се придобивките од Асоцијацијата АЛУМНИ?
               Како член на Асоцијацијата АЛУМНИ вие имате право на најразлични придобивки понудени од Асоцијацијата и од ЈИЕ Универзитетот. Ве молиме погледајте во придобивките од АЛУМНИ.
              Доколку не го пронајдовте тоа што баравте, може да поставите прашања преку и-мејл: alumni@seeu.edu.mk

Google+