COVID-19 Information

Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!

Изборни предмети во Јазичен Центар

Професионално пишување на англиски 
Целта на курсот е да развие ефективни вештини на читање и пишување во областа на англискит јазик за професионални намени и во работната средина. Курсот се фокусира на ефективно пишување во на англиски во професионална средина, вклучувајќи и пишување на кратки биографии, различни видови на  деловни писма , известувања, електронски пораки, како и соодветниот начин на обраќање во истите. Курсот исто така се фокусира и на концептот на читачот, анализа на неговите цтавови и потреби, разлики условени од културата и соодветен начин на обраќање на истите.
 
Меѓучовечка комуникација 
 
Целта на овој предмет е да им помогне на студентите да станат подобри комуникатори во неформални и организациски околности. Предметот ќе се фокусира на ефикасно менаџирање на личните и професионални односи со семејството, пријателите, клиентите и претпоставените. Преку овој предмет, студентите ќе се здобијат со знаења како да ја подобрат својата лична ефективност во секојдневните ситуации со тоа што ќе ја разберат теоријата и практиката на меѓучовечката комуникација.
 
Лобисти и групи на интереси 
 
Овој предмет е наменет за сите студенти од трета година во ЈИЕУ кои сакаат да истражуваат и стекнат знаење за влијанието на групите на интерес и лобистите. Преку овој предмет студентите ќе стекнат знаење за значењето и вредноста на групите на интерес, колку се тие корисни во демократските општества и колку можат да влијаат во парламентот, јавната администрација, јавното мислење и во политичките партии. Во овој предметот ќе се анализира улогата и положбата на лобистите и групите на интерес во Македонија и ќе се споредуваат со улогата и положбата на овие групи во САД и земјите членки на Европската Унија. Студентите ќе избираат и посетат една од постојните лоби или групи на интерес во Македонија и ќе пишуваат студија на случај.
 
Маркетинг комуникација 
 
Овој предмет се базира на модерните аспекти на маркетинг комуникации како и на можностите како истите би се интегрирале во една ефективна маркетинг стратегија. Предметот е дизајниран за да ги запознае студентите со модерните трендови на маркетинг комуникации како и да ги снабди со потребните алатки за да можат да ги разберат како и да ги вреднуваат процесите и практиките на маркетинг комуникации. Предметот ке се базира на петте главни алатки/елементи на маркетинг комуникации како што се рекламирањето, промоција на продажба, персонално продавање, односи со јавноста и директен маркетинг. На студентите ке им се даде можност да вршат обзервации во организации/фирми каде сто истите ке вршат и оценување на употребата на маркетинг комуникациски стратегии како и да им се овозможи да креираат практични портфолиа за себе си како и да истите ги остават во организациите/фирмите за подобрување на употреба на стратегии од страна на фирмите/организациите.
 
Рекламна Комуникација: Создравање и Разбирање 
 
Курсот ќе се обиде на разбирлив и практичен начин да им ја претстави на студентите целата мрежа на активности кои го обликуваат и му даваат содржина и значење на комплексниот процес на рекламната комуникација. Курсот нуди панорамски поглед на процесот поделен на три подкатегории: а) процеси кои претходат на создавањето на рекламната порака (тука земена како метоним на целиот процес) како прашања поврзани со пазарот, угледот на компанијата, нејзината УПП, нејзината рекламна цел, претходната рекламна историја и многу други, б) процеси повразни со обликувањето (енкодирањето) и комуникацијата на пораката, а кои се однесуваат на достапните извори и претходно донесените одлуки, и в) интерпретативниот прием и реакција од страна на публиката. Со комплетирањето на овој курс, студентите не само што ќе имаат подобро разбирање на овој вид комуникација, туку и ќе бидат способни да стекнатото знаење и вештини практично ги применат во создавањето на една рекламна кампања, што всушност е генералната цел на овој курс.
 
Филмска Критика 
 
Најпрвин, курсот им нуди на студентите општ вовед во филмската историја и типологија како генерални работни рамки. Потоа претставува неколку теориски модели кои веќе се применети во филмската област, а кои потекнуваат од најразлични дисциплини како: Наратологија, Прием кај публика, Жанровска критика, Културна критика, Автор теорија, и слични. Третата група на содржини кои курсот ги опфаќа се одредени филмски поврзани теми како: адаптации, комјутерска технологија, културни детерминати како класа, етничка припадност, пол, возраст итн. Целта на курсот е да им понуди на студентите можност за приод кон филмската тематика од различни аспекти со цел да можат да говорат и пишуваат повешто и аргументирано на секакви филмски теми. 
 
 Хумор студии 
 
Целта на курсот е да на студентите им ги претстави начините на кои функционира хуморот како би можеле да дискутираат (во пишана и усмена форма) на теми поврзани со хуморот. На почетокот курсот нуди краток преглед на трите доминантни теории на хуморот (Супериорност, Несклад и Олеснување) како и на некои хумор механизми. Потоа го испитува хуморот присутен во различни жанрови како: (филмски) комедии, вицови, комични изведби, стрипови, комични приказни итн. Исто така, посветува внимание и на односот на хуморот и културата (како културата го употребува хуморот и какви идеи и вредности комуницира преку него), за конечно курсот да се посвети на појавата на хуморот и неговата употреба во секојдневниот личен и професионален живот. 
 
Критичко читање и дискусија 
 
Текстовно завнован и оринетиран кон читателот, овој курс на студентите им нуди континуирана читачка пракса и тоа како на литературни така и на нелитературни текстови кои опфаќаат различни жанрови како: приказни, бајки, митови, новинарски написи, колумни, вицови, реклами, памфлети итн. Имајќи ги предвид спецификите на жанровите, курсот бара од студентите да откријат како дадените теми и културни категории како класа, пол, возраст и слични се претсавени во и создадени од страна на текстот. Курсот има две цели. Да ги поттикне студентите на критичко читање со цел да се испита, открие начинот(ините) на кои значењето се создава во текстот, и да ги подобри вештините на дебатирање, како и формирање и изразување на критичко мислење. 
 
Предизвиците и перспективите на Македонија кон Европската Унија 
 
Целта на курсот е да им помогне на студентите преку детално и длабоко истражување на критериумите, техниките и политиката на проширување, да го продллабочат познавањето на професионалните и научните сознанија на оваа важна димензија на ЕУ. Второ, преку истражување на реалноста на сеопфатните реформи во Македонија се соочуваат со предизвикот на проширувањето, темелно ги оценуваат постигнувањата, предизвиците кои се во тек и најтешките проблемите со кои Македонија се соочува за да се постигне интеграција во ЕУ.
 
Основи на англиската граматика 
 
Имајќи ја во предвид  моменталната ситуација со оние кои учат англиски, мислам дека стекнувањето на основните вештини по основите на англиската граматика е најзначајната работа во понатамошното продлабочување на знаењата при пишување и говор. Ова исто така се основа врз реалните потреби и барања на нашите студенти бидејќи моето неколку-годишно искуство во предавање на англискиот јазик покажува дека најпроблематичниот сегмент во склоп на англискиот јазик е токму неговата граматика. Оттука, мојот предмет ќе се фокусира особено на граматиката на англискиот јазик и ќе се занимава со граматичките времиња како и другите позначајни структури на англискиот јазик. 
 
Развивање на вештините на зборување
 
Во овој предмет  студентите ќе се снабдат со можност да ја искусат употребата на јазикот во голем број на контексти. Вештините на зборување на студентите ќе се развијат преку различни вежби што помагаат во развивањето на вештините на зборување како: вежби со пополнување,  мисли-работи во двојка-сподели,  дискусии и презентации, интерацкија со другарите и предавачите,  дебати, игри во улоги, интервјуа и меѓучовечка комуникација. За да се одржи еден успешен час со зборување, студентите ќе работат во една смирена атмосфера, ќе работат во двојки и групи, и нивните идентитети и желби ќе се земат во обѕир. Повратната информација и поправањето  на грешките ќе се овозможат за да се помогне во напредокот на нивните вештини преку само поправање, поправање на грешките помеѓу другарите и поправање на грешките од страна на предавачот.
 
Развивање на вештините на пишување
 
Во овој предмет, академските вештини на пишување на студетите ќе се развијат на различни начини. На студентите ќе им се овозможи да ги комуницираат нивните идеи на јасен, течен и ефективен начин за да произведат едно пишано дело. Постојат разни начини за да се научи пишувањето, но во овој предмет фокусот ќе биде во методата на процес и методата на јазичното искустово. Студентските академски вештини ке се развијат преку вежбите што помагаат во пишувањето како: пишување на различни видови на параграфи и есеи, почнувајќи од ‘микро’ ниво (зборови, реченици, правопис и интерпункија) и да се заврши со ‘макро’ ниво (содржина и организација). Истотака, студентите ќе се запознаат со правилата за цитирање и парафразирање и ќе разберат што значи плагијат.  Повратната информација на едно напишано дело ќе содржи  само поправање, поправање на грешките помеѓу едни други и поправање на грешките од страна на предавачот на содржината, органзацијата и јазичните грешки.
Google+