Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!

Центар за учење, тестирање и сертифицирање (ЦУТИС - QETEC)

Центарот за учење, тестирање и сертифицирање (ЦУТИС) на албанскиот јазик како странски/втор јазик е оформен во 2009 година, во рамките на проектот „Определување на јазичните нивоа на албанскиот и на македонскиот јазик според програмата АЛТЕ на ЕУ“, поддржано од Комитетот за научно истражување на УЈИЕ – Тетово и од Програмата на Сенатот за формирање Центар за учење, тестирање и сертифицирање на албанскиот јазик.

ЦУТИС претставува единствен центар од ваков вид во Република Македонија, кој врши тестирање и сертифицирање на албанскиот јазик како странски/втор јазик според меѓународни стандарди. Центарот за учење, тестирање и сертифицирање претставува организациска единица на Факултетот за јазици, култури и комуникации при УЈИЕ со седиште во Скопје, а неговата правна основа е определена со посебен Правилник за работа, донесен од Наставно-научниот совет на Факултетот.

Центарот за учење, тестирање и сертифицирање (ЦУТИС) на албанскиот јазик како странски/втор јазик ги нуди следниве активности:

1.     Организирање и изведување подготвителни курсеви по албански јазик за добивање сертификати за три јазични ниво (почетно, средно и високо ниво).

2.      Организирање и изведување тестирања по албански јазик како странски/втор јазик.

3.      Издавање соодветен сертификат за нивото на познавање на јазикот.

Центарот е опремен со соодветна литература што ќе ја користат кандидатите за полагање на тестовите за трите јазични нивоа.

За повеќе информации земи: ПРИРАЧНИК - за курсевите и за тестирањето за добивање сертификат по албански како странски/втор јазик

Google+