Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!

Центар за Бизнис и Иновација

Целта на Центарот за бизнис и иновација (ЦБИ) е да биде мост помеѓу бизнис секторот и Универзитетот. Опсегот на услуги во овој центар вклучува професионална обука и консултации за бизниси и поединци, обезбедува поволни услови за start-up компании, сместување во студентски домови на кадарот и студентите, како и изнајмување на објектите на УЈИЕ.

Во рамките на ЦБИ постојат три оддели, и тоа:

Студентски домови


Уникатна карактеристика на ЈИЕУ е можноста за сместување во Кампусот, кој е составен од 7 згради, со капацитет за сместување на 450 студенти. Објектите се поделени на машки и на женски дел. За секоја потреба и за секој проблеми, за студентите се грижи определено лице. Безбедноста на студентите посебно е нагласена и за таа цел Службата за обезбедување дежура 24 часа. По истекот на рокот за излегување, кој е однапред определен, секое излегување и влегување во Кампусот се евидентира и се контролира. Безбедноста на студентите е на максимално ниво.
За пријавување на проблеми во студентските домови на Универзитетот, пополнете ја следната форма: Хелпдеск на студентски домови

Услови
Објектите на интернатот се модерни, а собите се опремени со потребниот инвентар. Карактеристично е тоа што во рамките на собите има кујни, кои исто така се опремени со потребната апаратура.
Сите згради имаат пристап до интернет-мрежата на Универзитетот и се дизајнирани за да ги исполнат стандардите на модерни интернати, нудејќи им на студентите пристојно катче за студирање. Сите заинтересирани за сместување во интернатот, поради големата заинтересираност треба да аплицираат во што пократок рок. Предност имаат студентите кои доаѓаат од градови кои се подалеку од Тетово.

Аплицирај со формуларот (за студенти од Македонија): FORMULAR

Аплицирај со формуларот (за меѓународни студенти): FORMULAR

Изнајмување на објекти - закуп


Освен давање на закуп на домот за студенти, Одделот за управување со средства управува и нуди изнајмување на објекти за бизниси и други организации.

Контакт: dormitory@seeu.edu.mk
Тел: +389 (0) 44 356 116


Центарот за развој на бизнисот (ЦРБ), има улога да ја поврзе бизнис-заедницата од регионов со Универзитетот на Југоисточна Европа. Овој центар нуди деловна обука и бизнис консалтинг на поединци, претпријатија и за други приватни и јавни институции. ЦРБ e вашиот партнер за обука, од професионална и од организациска гледна точка. Постојано ги следиме современите бизнис-трендови и благодарение на тоа нашите услуги обезбедуваат оптимално решение за вашите проблеми.

За повеќе информации кликнете на следниов линк:
http://www.seeu.edu.mk/bdc/

Контакт: seeu-bdc@seeu.edu.mk
Тел: +389 (0) 44 356 251


Место каде што бизнис идеите се трансформираат во профитабилни бизниси, место каде обуката го исполнува истражувањето и станува главен извор на економскиот раст и можности за вработување во земјата, место каде истражувањето, развојот и иновациите носат одлични резултати: ова е Технолошки парк.

За повеќе информации кликнете на следниов линк:
http://techpark.seeu.edu.mk

Контакт: techpark@seeu.edu.mk
Тел: +389 (0) 44 356 165

Google+