Одделот за ИТ
Целта на Одделот за информатичка технологија е да осигури дека факултетите, студентите и вработените ги имаат потребните алатки и инфраструктура за информатичка технологија за реализирање на мисијата на Универзитетот. Одделот за ИТ ја обезбедува инфраструктурата што им овозможува на членовите на семејството на УЈИЕ максимално да ги користат соодветните алатки за информатичка технологија за учење, настава, истражување, администрација и активности за поддршка, како и економични ресурси за информатичка технологија потребни за поддршка на постојаното подобрување на способноста на Универзитетот да ја исполни својата разновидна мисија. Одделот за ИТ работи во постигнување следниве опсежни цели:
- Помагање на факултетите да го подобрат начинот на испорака на образованието.
- Обезбедување ресурси за студентите за збогатување на образовното искуство на студентите.
- Креирање и одржување околина што овозможува врвно истражување.
- Помагање во подобрувањето на продуктивноста.
- Воспоставување инфраструктура за информатичката технологија неопходна за одржување на водечката улога на УЈИЕ во интегрирањето на висококвалитетни програми во наставата, истражувањето и услугите.
- Користење на технологијата за намалување влијанието на другите помалку еколошки активности.
Ментор Емини
Директор на Одделот за информатичка технологија
Tел: +389 44 356 093
И-мејл:m.emini@seeu.edu.mk