Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!

Инструкции за академско довршување на УЈИЕ

Програма за академско довршување со земање в предвид на животното искуство, работното искуство и кариерата

УЈИЕ започнува иницијатива за поддршка на академското довршување за нашите студенти кои некогаш биле редовни или вонредни на програми на додипломски или постдипломски студии (магистерски), но не ги довршиле. Академското довршување се состои од организирана структура на академски и административни тела и процедури од аспект на изразување интерес, па се до обезбедување услуги за завршување на академските програми.

Враќањето за завршување на студиите не е секогаш лесна одлука, но цврсто веруваме дека ова е одлука која треба да се охрабри и УЈИЕ со дополнителни напори треба да ги поддржи кандидатите од оваа категорија.
Дополнително и според нашите општи политики сакаме да ја реализираме оваа поддршка на многу персонализиран и на академски основан начин.
Така, сакаме да го земеме предвид животното искуство, кариерата и професионалното искуство што еден кандидат може да ги добие од моментот кога тој / таа ги прекинал своите редовни студии.
Ние предлагаме формат во кој можете да го организирате вашето портфолио и посветени сме да го земеме предвид при издавањето на упатствата за вашето академско комплетирање.

Првиот чекор во процесот е поднесување онлајн портфолио на кандидати.

По поднесувањето, кандидатите ќе бидат контактирани индивидуално од службените лица на УЈИЕ кои ќе ги доставуваат упатствата за академско завршување.

Исходот од процесот ќе биде академска програма за довршување на академскиот степен со земени в предвид животното искуство, работното искуство и кариерата.

Ве молиме да го организирате Вашето портфолио со пополнување на податоците во дел 1 и дел 3. Користете професионален речник. За сите документи обезбедени на друг јазик покрај англискиот јазик - обезбедете официјален превод и испратете го документот и во оригинал и преведен.

За помош, контакирајте не на:
8:00 до 16:00 (Понеделник - Петок)
registry@seeu.edu.mk

Google+