Отворен ден - Последипломски студии (Мaster)
Ги известуваме сите заинтерсирани за продолжување на вториот циклус (Мaster) во Скопје , дека на 21 октомври 2008 година, ќе се организира и „Отворен ден” за последипломските студии.
Отворениот ден, ќе се одржи во Скопје во новиот објект нa Универзитетот од 17.00 до19.00 часот, каде што ќе можете да се запознаете со условите и студиските програми кои се нудат од факултетите на ЈИЕУ во академската 2008/09 година.
