Избери јазик:|SHQ|EN|MK|contactKoнтaкти|Бaрaj:
 
Добродојдовте во ЈИЕУ- Скопје!
seeu

ЈИЕУ  е модерна, напредна  високо-образовна  институција која се залага да работи со современа методологија на работа , интерактивни предавања со најнова ИТ поддршка задржувајќи ја јаснaта цел којa e во согласност со Болоњскиот процес во високото образование. Од 2001 година, ЈИЕУ одговараше на повикот и потребите на локалната заедница  и регионов со ефективни и значајни студиски програми. Нашиот Кампус во Тетово, каде илјадници студенти актуелно се запишани да студираат на првиот и вториот циклус на студии, претставува модел на еден универзитетски комплекс.
Нашата локација во Скопје , која не е многу голема, ќе ги поседува истите одлики по кои ЈИЕУ е познат  како еден модерен  Европски универзитет и одлично и забавно место за студирање .

Студиски програми

Во Скопје ќе се понудат програми од првиот и вториот циклус на студии.  Програмите од првиот циклус на студии ќе бидат од двата режими на студии редовни со предавања секоја недела и вонредни со предавања на секои две недели. Сите програми за  последипломски студии ќе бидат понудени со вонреден режим на студии. Предавањата  на програмите кои ќе се понудат со вонреден режим на студии ,за првиот и вториот циклус ,  е 50% предавања  и 50% он-лајн активности. ЈИЕУ применува флексибилен  пристап при употребата на јазикот. За поголемиот дел од програмите предавањата се  на Албански или  на Македонски јазик. Исклучок е само Бизнис информатика која е нова програма  и предавањата ќе бидат само на Англиски јазик.
ЈИЕУ исто така нуди екстензивна јазична поддршка и опции за првиот и вториот циклус. Англискиот јазик е задолжителен предмет за првиот циклус и  за некои програми од вториот циклус на студии. Францускиот, Германскиот како и Италијанскиот  се исто така достапни во некои случаи  како  изборни предмети.
Исто така  има планови во иднина да започне  со понуда на курсеви по албански јазик за  заедницата .

Предавања и ИТ поддршка

Сите часови се одржуваат на мали групи. Предавањата се интерактивни и се  употребува ефикасна технологија сè со цел да се зајакнат и прошират образовните можности. На часовите предавачите и студентите  во целост ја употребуваат информатичката технологија. Освен компјутерите и ЛЦД проекторите, ЈИЕУ сега е во процес на инсталирање  на Smart Boards   во неколку училници.  Видео конференцијата преку Polycom единки се употребува за  предавања во реално време надвор од Македонија. И на крај , потенцијалот за одржување на  фреквентна, блиска и брза комуникација помеѓу учениците и предавачите се одржуава надвор од училниците преку екстензивна употреба на е-маил и  преку он-лајн  алатката за менаџирање со предметот - Angel.

            Исто како и Angel,  така и многу други услуги се достапни он-лајн од која и да било локација. Пред неколку години ЈИЕУ  ја имплементираше  програмата  Е-service, со која студентите имаат пристапат до оценките , распоредите  и транскриптите. ЈИЕУ Скопје , исто  како и главниот Кампус  во Тетово (од Септември 2008) ќе воспостави сопствена безжична мрежа. Студентите, предавачите како и администрацијата ќе имаат постојан бесплатен  пристап 24 часа на ден.

Целосен пристап   до сите служби на ЈИЕУ

Студентите од ЈИЕУ-Скопје  ќе имаат ист пристап до службите и случувањата  на Универзитетот исто како и студентите од Тетово. Ова вклучува и  пристап до Универзитетската библиотека (вклучувајќи ги он-лајн курсевите како и EBSCO database), компјутерските лаборатории, Центарот за кариера  како и случувањата на Универзитетот од видот на предавања , концерти , спортски активности и др.
Накратко, студирањето во ЈИЕУ во  Скопје го има најдоброто што може еден универзитет да понуди  како и локација  погодна за повеќето студенти . Нашата нова локација ни помага да бидеме пред конкуренцијата. Вклучи се и  увери се!

Хенри Диксон
Директор на УЈИЕ, Скопје

©2008 South East European University. All rights reserved.