Сенатот ќе биде главен академски орган на Универзитетот. Сенатот го сочинуваат : - Ректорот;
- Проректори ;
- Деканите на факултетите, Директорите на Високите школи и другите академски служби;
- Два члена на академскиот кадар, избрани од страна на самиот академски кадар на секој факултет, или некоја друга единка која не е во рамките на факултетот.
- По еден претставник на студентите од секој Факултет, избрани од самите студенти;
- Еден претставник од не- академскиот кадар.
Сенатот е одговорен за: - Општи прашања во врска со научно-истражувачката работа, стипендиите, наставата и наставните предмети на Универзитетот;
- Содржината на наставниот план по препорака на Советите на Факултетите;
- Согласно одредбите на Законот по препораки на Советите на факултетите ги одредува образовните активности на Универзитетот и нивното реализирање на албански, македонски и на други меѓународни јазици;
- Процедури за обезбедување на квалитет и по совет на Сенатот назначување на Комисија за евалвација и усвојување на Прирачникот за евалвација во согласност со член 31 од Законот за високо образование.
- Имплементација на процедурите за обезбедување на академски стандарди и заверка и преглед на наставните предмети;
- По препорака на Ректорскиот Совет одредување на бројот на студентите кои ќе се запишуваат и критериум за прием на студенти;
- Политиката, критериумите и процедурите за оценување и испитување на академската работа на студентите по препорака на Ректорскиот Совет;
- Доделување на Дипломи и Сертификати по препорака на Советите на Факултетите;
- Одредување на процедурите за доделување на квалификации и почесни академски титули;
- Обезбедување на услови за долгорочна стручна надградба по препорака на Советот;
- Одредување на процедурите за исклучување на студентите од академски или други причини;
- Разгледување на политиката за заштита на интелектуалната сопственост на Универзитетот и неговата комерцијална експлоатираност;
- Советување на Одборот и Извршниот комитет, Ректоратот или Советот во врска со други вакви прашања;
- Во согласност со Член 16.2 да утврди потесен круг на кандидати за позицијата Ректор.
|