Ректорскиот Совет ги има следните функции: - Да делува како регуларен и фреквентен канал за комуникација помеѓу своите членови, како и со членовите на Сенатот, Ректоратот,Одборот и Извршниот комитет;
- Да донесува одлуки за академските прашања кои се делигирани од страна на Сенатот и да доставува извештај до Сенатот;
- Да донесува одлуки за ургентни академски прашања и да го известува Сенатот во врска со тоа ;
- На предлог на Ректорот да дава одобрение за датумите на сесиите, периодите за запишување, распустите и испитните сесии;
- Да дава одобрение за назначување на академскиот кадар на предлог од Советите на Факултетите;
- Да назначува и отстранува испитувачи по препорака на Советите на Факултетите;
- Да има улога на форум за планирање, регулирање и обезбедување на ресурси за академски цели ;
- Да подготвува точки за разгледување од страна на Сенатот; Одборот на Универзитетот или Извршниот комитет;
- Да доставува коментари во врска со предлозите на Ректорот , за разгледување на Сенатот, Одборот или Извршниот комитет, и
- Да ги извршува сите функции на Ректорскиот Совет пропишани со овој Статут.
Членови на Ректорскиот совет : o Ректор Академик Алајдин Абази o Проректор за финансиски прашања и физички развој Проф. д-р Абдулменаф Беџети o Проректор за академски прашања Проф. д-р Замир Дика o Проректор за истражување Проф. д-р Муртезан Исмаили o Генерален секретар М-р. Џеваир Мемеди o Декан на Факултетот за бизнис администрација Проф. др. Изет Зеќири, в.д. o Декан на Факултетот за современи науки и технологии Доц. др. Беким Фетаји, в.д. o Декан на Факултетот за јавна администрација и политички науки Проф. др. Етем Азири o Декан на Правниот факултет Проф. др. Исмаил Зејнели o Декан на Факултетот за јазици, култури и комуникација Проф. др. Веби Беџети o Директор на Компјутерскиот центар М-р. Лејла Абази o Директор на Центарот за јазици М-р Хенри Диксон
|