
Контакт
Бујар Нухиу
Советник за студентител: +389 44 356 076
факс: +389 44 356 001

e-mail:
This email address is being protected from spam bots, you need Javascript enabled to view it
Факултет за јазици , култури и комуникација
Назив на диплома: Bachelor во Комуникациски науки
Факултет/Оддел: Факултет за јазици, култури и комуникација / Комуникациски науки
Времетраење на студиите: 3 години (6 семестри)
Јазик на студии: албански / македонски
Услови: погледнете го конкурсот на www.seeu.edu.mk
Контакти:
tel: +389 44 356 076
fax: +389 44 356 001
Структура и содржина на програмата
Факултетот за јазици, култури и комуникација нуди насоки кои имаат за цел да ги подготват студентите со вештини и знаења од областа на јазиците, културите и комуникацијата. Целта на оваа програма е да подготви професионалци во познавањето на јазиците, литературата, културата, цивилизацијата, методологијата на учењето и предавањето на странските јазици и нивно вклучување во областа на научните истражувања.
Методологијата на наставата и учењето е во согласност со меѓународните стандарди, таа е базирана на разни методи со модерен и интерактивен пристап. Студентот е во центарот на вниманието, активно учествува во наставата преку презентации и дебати во групи. Наставата вклучува учество на предавањата, семинарски работи (есеи) и работилници. По завршувањето на програмата студентите ќе бидат подготвени да се вработат во разни приватни, владини и невладини организации каде се бара практична употреба на соодветните јазици.
Албански јазик и литература
Студиската програма Албански јазик и литература има за цел на еден континуиран начин да одговори
на потребата за обезбедување на доволна понуда за професионален наставен кадар.
Англиски јазик и литература / Германски јазик и литература
Студиите ќе ги подобрат знаењата од јазиците, литературата, културата, цивилизацијата, методологи-
јата на учењето и предавањето на странските јазик, цивилизацијата и историјата на странските јазици. Освен познавањето на овие области тие ќе имаат познавања и од сферата на техниките на научното истражување.
Европски јазици и студии: опција германски – албански Целта на оваа програма е да подготви професионален кадар во познавањето на германскиот и албанскиот јазик . Освен познавањето на германскиот и албанскиот јазик, идните дипломирани ќе имаат познавања и од сферата на европските студии. Оваа програма истовремено е и добра подлога за дипломираните кои подоцна ќе сакаат да се запишат на магистерски студии на постојните програми во земјава, но и на тие програми кои се нудат во странство.
Европски јазици и студии: опција француски - германски
Целта на оваа програма е да подготви професионалци во познавањето на германскиот и францускиот јазик кои истовремено ќе можат да одговараат на предизвиците
на XXI век. Дипломираните од областа Европски јазици и студии ќе се квалификуваат: Дипломиран по јазици (француски и германски) и европски студии.
Преведување и толкување по албански – македонски со странски јазик
Оваа област се концентрира на создавањето на професионален кадар за преведување и толкување (албански - македонски и обратно), со странски јазик, имајќи ја предвид потребата за градењето на мултиетничко општество и нивното приближување со европските текови. Студентите ќе се оспособат да бидат преведувачи и толкувачи по албански и македонски јазик со странски јазици. Тие ќе се квалификуваат како дипломирани преведувачи - толкувачи по албански/ македонски јазик со германски јазик и преведувачи -толкувачи по албански/македонски јазик со француски јазик.
Комуникациски науки
Програмата на насоката за комуникациски науки вклучува динамични, интерактивни и интердисциплинарни студии. Програмата за комуникациски науки на УЈИЕ е изработена во соработка со неколку странски факултети за комуникации во Западна Европа и САД.

Можност за кариера
Дипломираните студенти ќе можат да се вработат во повеќе сфери од општествениот и професионалниот живот:
• преведувачи/толкувачи во министерства и други владини институции,
• преведувачи/толкувачи во судови и други сродни институции,
• преведувачи/толкувачи во професионални организации,
• преведувачи/толкувачи во јавниот и приватниотсектор,
• преведувачи/толкувачи во меѓународни организации.
• односи со јавноста
• новинарство (весници, ТВ, радио,он-линемедиуми)
• медиумски и продукциски куќи
• агенции за маркетинг и рекламирање
• менаџирање на човечките ресурси
• државни институции
• образовни институции
• меѓународни организации
• корпоративни комуникации.