|
Факултет за современи науки и технологии |
 Контакт:
Дешира Имери Советник за студенти Тел:+389 44 356 160 e-mail:
This email address is being protected from spam bots, you need Javascript enabled to view it
Мерџиван Исмаили Администратор на департаментот Тел: +389 44 356 176 e-mail:
This email address is being protected from spam bots, you need Javascript enabled to view it
Факултет за современи науки и технологии Назив на диплома: Bachelor Факултет/Оддел: Факултет за современи науки и технологии Времетраење на студиите: 3 години (6 семестри) Јазик на студии: албански / македонски / англиски Методологија на настава и учење
Процесот на студирањето се развива во нови училници и мали групи, со поинтензивна интерактивност во училниците, овозможувајќи им на студентите да бидат активни во развојот на наставно-научниот процес. Целиот процес е поддржан од современа ИТ-инфраструктура, вклучувајќи училници опремени со најсовремени компјутери и специјални лаборатории за професионални предмети. На студентите им се нудат оптимални услови за учење, истражување, експериментирање, работење во групи, индивидуални работи, семинарски работи и др. На располагање на студентите им е и библиотеката со адекватна литература за современите предмети по комјутерски науки. Евалуацијата на студентите се прави во текот на целиот семестар на студии, почнувајќи од нивното присуство на часовите, активноста на часовите, семинарските работи, лабораторските задачи и по две тестирања, кои имаат важна улога за формулирање на оценката. Овој метод е со цел да се постигне коректна евалуација на академските знаења на студентите.
Резултати од студиската програма• Познавање на компјутерските системи и информатичката технологијата, како и вештини за нивно успешно користење во решавањето различни проблеми. • Познавање и анализа на разни методи и алгоритми и нивна употреба во решавањето проблеми. • Справување со податоци, организација и обработка на податоците. • Способност за развој и за имплементирање разни софтверски избори, од десктоп или интернет-околина. • Да организираат бази на податоци, да проектираат, да ги имплементираат и понатаму да ги одржуваат и да ги регулираат перформансите. • Развој на вештини за истражување во соодветните предмети. • Способност за користење литература и разни извори на податоците. • Способност за индивидуална и групна практична работа.
Можност за кариераКомпјутерските науки континуирано се во развој и се со многу иновации. Ова е предмет на иднината и со светла перспектива. Има универзално аплицирање речиси во сите сфери на животот. Компаниите за телекомуникации, разните компании за развој на софтвери, локални или интернационални, како и банкарскиот сектор се покажаа најголемите работодавци на дипломираните на компјутерските науки. Меѓутоа, постои и јасна перспектива за вработување и во сите други сфери на приватниот и јавниот сектор. Во оваа насока, на располагање е и Центарот за кариера на ЈИЕУ кој ја одржува врската со бизнис - заедницата и нуди обуки за успех во професионалната кариера.
|