| Канцеларија за односи со јавност |
|
Канцеларијата за односи со јавноста (КОЈ), функционира во рамките на Ректоратот на Југоисточно Европскиот Универзитет (ЈИЕУ). КОЈ има за цел да ги шири информациите од прва рака за ЈИЕУ, како во кампусот на Универзитетот така и за пошироката јавност. КОЈ ги координира активностите преку информирање на јавноста за одредени огласи, конкурси, извештаи и заклучоци од различни состаноци и случувања на ЈИЕУ. КОЈ преку информирањето и комуницирањето со јавноста цели кон понуда на подобро знаење на сите аспекти на функционирање на ЈИЕУ. Правило е информацијата да биде комплетна и од сигурен извор т.е. да биде независна и актуелна. КОЈ се обидува да обезбеди поблиска комуникација со медиите и транспарентност со јавноста и поради тоа се обидува информациите кои ги издава да бидат секогаш точни за во јавност. КОЈ исто така е ангажирана и за одржување на веб страната на Универзитетот www.seeu.edu.mk, преку преработување на најновите информации и дневните активности, одлуки на Советите и Ректоратот, јавни огласи, конкурси, тендери итн. КОЈ ги следи дневните и периодичните печатени медии, при тоа ги издвојува пишувањата за и околу ЈИЕУ. КОЈ издава Универзитетски билтен “Newsletter” за кадарот и студентите на ЈИЕУ, каде се дадени сите информации за внатрешните активности во кампусот на ЈИЕУ. |

Односи со јавностa