|
Добродојдовте на Веб сајтот на ЈИЕУ |
ЈИЕУ навлегува во осмата година на постоење со повеќе од 7000 студенти и 3000 дипломирани.
Од отворањето на овој Kампус во Тетово, во октомври 2001 година успеа да се етаблира како универзитет воден од квалитетот, финасиски одржлив и како модел на една мултиетничка, мултијазична високообразовна институција во Југоисточна Европа.Понатаму, успеа да ги комбинира најдобрите искуства од САД и од Европа и продолжи да ги користи сознанијата од академската соработка со Комисијата на Европската Унија и со УСАИД , како и со другите донатори. Се користат и стипендиите поддржани и обезбедени од Кралството Холандија и од Институтот отворено општество. Неговата историја, која можете да ја прочитате преку линкот „За Универзитетот“ е фасцинантен опис за достигнувањето до оваа позиција на ЈИЕУ во споредба со условите на политичка и економска несигурност во регионов. Сега ЈИЕУ им помага на другите институции и на заедницата во промовирањето соработка при истражувањето, размената на студенти и на кадар
|