Стипендии
СТИПЕНДИИ ЗА НОВИ СТУДЕНТИ ВО АКАДЕМСКАТА 2010/11 ГОДИНА

 

Универзитетот на ЈИЕ во соработка со Институтот Отворено општество (

OSI) - Програмата за поддршка на високото образование (HESP), Амбасадата на Кралството на Холандија (EKN) и Швајцарската Агенција за Соработка и Развој (SDC), нуди 260 стипендии за студентите во првиот циклус на студии..

 

Стипендиите се континуирани до завршување на првиот циклус на студии.

а.     Програма за стипендии по заслуга “фонд на Универзитетот на ЈИЕ ”

Универзитетот на ЈИЕ за новите студенти кои ќе се запишат на ЈИЕУ во првиот циклус на студии во академската 2010/2011 година, нуди 200 стипендии по заслуга за кандидатите кои ќе се одлучат да студираат на следниве факултети:

Факултет / Програма на студирање/ Јазик на студирање Албански  јазик Македонски  јазик Број  на стипендии Висина  на стипендија (год) во Евра
БЕ Бизнис  Администрација 28 7 35 900 - 1,600 €
Бизнис Администрација (англиски) 10 (во Скопје) 10 1,000 - 1,800 €
Економија 10 / 10 900 - 1,600 €
Информациски системи и менаџмент (аанглиски) 5 5 900 - 1,600 €
СНТ Компјутерски  науки 21 4 25 900 - 1,600 €
Компјутерско Инженерство 8 2 10 900 - 1,600 €
Бизнис Информатика (англиски) 20 (во Тетово) + 10 (во Скопје) 30 1,000 - 1,800 €
Правен 29 6 35 650 - 1,100 €
Јавна Админстрација и  политички науки 16 4 20 650 - 1,100 €
Јазици  култури и Комуникации Англиски јазик 15 15 650 - 1,100 €
Комуникациски студии 4 1 5 650 - 1,100 €
Вкупно 200

 

Изборот на кандидати ќе се врши според критериумите утврдени од страна на Уиверзитетот односно резултатите од посебните тестирања за стипендии.

Детални информации околу стипендиите може да се добијат во Канцеларијата за  Финансиска помош како и на веб- страницата на Универзитетот www.seeu.edu.mk

б. Програма за стипендии на фондот “ХЕСП“

Универзитетот на ЈИЕ во соработка со Институтот Отворено општество (OSI) - Програма за поддршка на високото образование (HESP), нуди околу 50 стипендии според финансиска потреба за кандидатите кои ќе одлучат да студират на следниве факултети:


Факултет Број  на стипендии

Факултет  за јавна администрација и политички  науки

околу 30

Факултет  за јазици, култури и комуникација

околу 20

 

Фондот  на стипендии покрива:

  • Плаќање  дел од школарината - максимална вредност - 1000 евра.
  • Плаќање  дел од трошоците за транспорт- максимална вредност - 600 евра.

 

Забелешка: Висината на стипендијата ќе зависи од потребата  за финасиска помош  на секој студент  поединечно.

Изборот на кандидати ќе се врши според критериумите утврдени од страна на донаторите, односно финансиската потреба на кандидатот и неговото семејство, како и резултатите од посебните тестирања за стипендии.

Детални информации околу стипендиите може да се добијат во Канцеларијата за Финансиска помош како и на веб-страницата на Универзитетот www.seeu.edu.mk

Забелешка: Предност ќе имат студентите со посебни потреби!

в. Програма за стипендии на фондот “СДЦ“

Универзитетот на ЈИЕ во соработка со Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC) нуди околу 10 стипендии според финансиска состојба за кандидатите кои ќе одлучат да студират на следниве факултети:

Факултет Број  на стипендии

Факултет  за бизнис и економија

5

Правен  факултет

5

 

Фондот  на стипендии покрива:

  • Плаќање на школарина – максимална висина 1600,- евра за Факултетот за бизнис и економија.
  • Плаќање на школарина – максимална висина 1100,- евра за Правен факултет.

 

Забелешка: Висината на стипендијата ќе зависи од потребата за финасиска помош на секој студент поединечно.

Изборот на кандидати ќе се врши според критериумите утврдени од страна на донаторите и  од резултатите од посебните тестирања за стипендии.

Детални информации околу стипендиите може да се добијат во Канцеларијата за финансиска помош како и на веб -страницата на Универзитетот www.seeu.edu.mk



г. Програма на стипендии за студии во втор циклус (Мастер) “EKN-OSIF”

Универзитетот на ЈИЕ во соработка со Амбасадата на Кракството на Холандија (EKN) и Фондацијата Институт отворено опшстество (OSIF), за новите студенти кои ќе се запишат во академската 2010/2011 година, нуди 34 стипендии за студенти во втор циклус на студии (Мастер)

Стипендиите се континуирани со времетраење од 3 односно 4 семестри, до крајот на вториот цилкус на студии, додека право на апликација имаат кандидатите кои ќе се одлучат да студират на следниве факултети:

Факултет Број  на стипендии Висина  на стипендијата/год (Евра)

Факултет  за јавна администрација и политички  науки

12

1.200

Факултет  за јазици, култури и комуникација

11

1.200

Правен  факултет

11

1.200

 

  • Фондот  на стипендии овозможува делумно  плаќање на школарината во висина до 1200 евра

Изборот на кандидати ќе се врши според критериумите утврдени од донаторите и потребата за финансиска потреба на кандидатот и неговото семејство.

Детални информации околу стипендиите може да се добијат во Канцеларијата за финансиска помош како и на веб-страницата на Универзитетот www.seeu.edu.mk.