|
Перспективи за вработување |
|
Студентите од ЈИЕУ имаат висока стапка на вработеност. Ова го потврдуваат постојаните анкети кои се подготвуваат од страна на Центарот за кариера. Последната анкета, подготвена во февруари оваа година покажува дека 65 % на дипломираните од ЈИЕУ успеваат да најдат работа во текот на една година а 12, 44 % од нив успеваат да се вработат пред да дипломираат. Причината зошто нашите дипломирани се атрактивни за пазарот на трудот е тесно поврзана со подготовката на нашите студенти за потребите на пазарот на трудот (совпаѓањето на наставните план -програми со барањата на пазарот на трудот) но и поради постојаните контакти што Универзитетот ги одржува со потенцијалните работодавци преку Центарот за кариера и Центарот за развој на бизнисот, кои заедно воспоставиле добри односи со над 300 потенцијални работодавци од земјава и од надвор. Дипломираните од ЈИЕУ независно од нивниот студиски профил се добредојдени во многу сектори на пазарот на трудот.
Најголемиот работодавец, или секторот што најмногу ги вработува нашите студенти е јавниот сектор, кој учествува приближно со 60 % на вработени студенти, поделени на сите нивоа на јавните служби (локално и централно) и во рамките на една широка гама на потсектори, како што се: државниот секретаријат, собранието, разните министерства, образовните и воспитните институции, здравствените институции и др. Приближно 40 % од вработените се вработени во приватниот сектор во секторите како што се: финансискиот, консултативниот, образовниот, ИТ и др.
|