Студенти

Перспективи за вработување
Последната анкета, подготвена во февруари оваа година покажува дека 65 % на дипломираните од ЈИЕУ успеваат да најдат работа во текот на една година а 12, 44 % од нив успеваат да се вработат пред да дипломираат. Причината зошто нашите дипломирани се атрактивни за пазарот на трудот е тесно поврзана со подготовката на нашите студенти за потребите на пазарот на трудот (совпаѓањето на наставните план -програми со барањата на пазарот на трудот) но и поради постојаните контакти што Универзитетот ги одржува со потенцијалните работодавци.

Запишување
Кандидатите заинтересирани за студирање на ЈИЕУ во зависност од студиската програма, можат да аплицираат за редовни или за студии од „дистанца“ (нов начин на вонредни студии). За вонредните студии важат истите услови и цени за упис како и за редовните студии. ЈИЕУ следи една отворена политика за упис, во која важат неколку ограничувања. Отворениот упис значи дека Универзитетот се залага дека ќе го прими секој оној кој е квалификуван да учествува во неговите академски програми.

Стипендии
Стипендиите претставуваат форма на финансиска поддршка која им се нуди на новите студенти. Стипендијата им се овозможува на студентите преку грантови од надворешните донатори, но и од буџетот на ЈИЕУ. Повеќе од 100 стипендии и 120-150 ангажирани студенти на програмата „Работа и Студии“.

Студентски живот
Во духот на збогатувањето на искуството за студии, ЈИЕУ постојано се обидува да обезбеди квалитетна содржина на рекреативните активности, со цел подобрување на духовниот, менталниот и социјалниот живот на студентите, професорите и вработените во администрацијата. За оваа цел, Кампусот континуирано се збогатува со пристојни места за одмор, за учење и за дружење на студентите, како и со потребни објекти за спортски активности како: фудбал, кошарка, ракомет, одбојка, пинг-понг и др.

Центар за кариера
ЈИЕУ е познат по успехот на своите дипломирани студенти на пазарот на трудот. Една од причините за ова е тоа што ние се грижиме за вас и по дипломирањето. Преку Центарот за кариера ние ви помагаме во идентификацијата, планирањето и во постигнувањето на вашата сакана цел во кариерата