Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
пристап кон иднината . . .

ЈИЕУ со научни трудови на “Светската конференција за образовни науки” во Истанбул

ЈИЕУ учествуваше со пет трудови на “Светската конференција за образовни науки” која се одржа  од 04ти– 08ми   февруари  2010 година, во Универзитетот Бахчешехир во Истанбул, Турција. Главна  тема на конференцијата беше “Иновација и креативност”. 

Целта на конференцијата е да се спојат на едно место образовните научници, администратори, советници, образовни експерти, наставници, постдипломци, граѓански општествени организации и претставници . На конференцијата тие разменуваа и дискутираа теоретски и практични знаења во образовна средина. Зборникот на трудови беше издаден од Procedia Social and Behavioral Sciences Journal (Elsevier) и истиот ќе се внесе во индексот на Science Direct and Scopus. Покрај тоа, Elsevier ќе биде доставен на ERIC и Thomson Reuters Conference Proceedings Citation Index (ISI).
Универзитетот на Југоисточна Европа учествуваше со пет трудови меѓу 600 други научници од светот. На конференцијата сите претставници од ЈИЕУ добија сертификати за успешна презентација на трудовите.
Ова е листата на презентираните трудови на Светската конференција за образовни науки:
“Можности за учење преку генерирање говор од писмени текстови”
Автори: Ментор Хамити, Агни Дика

“Еколошкото описменување во образованите наставни програми во Македонија и Турција”
Автори: Миле Србиновски, Мехмет Ердоган, Муртезан Исмаили

“Високото образование во мултикултурна средина: пример Универзитетот на Југоисточна Европа (ЈИЕУ), Македонија”
Автор: Севил Реџепи

“Менаџирање со човековите ресурси на ЈИЕУ како нов модел на високо образование во Р.М”
Автори: Мухарем Етеми, Дитурије Исмаили

“Мултикултурното образование и администрација и општите етички стандарди”
Автори: Муртезан Исмаили, Мерџиван Исмаили, Ментор Хамити.

Google+