Сертифицирани програми ( Обука)

Универзитетот нуди две сертифицирани програми во времетраење од една година. Станува збор за програмата „ Апликативни компјутерски науки“, која се нуди од Компјутерскиот центар и програмата „Лидерство и работа со млади во заедницата“, кои се нуди од Факултетот за јавна администрација и политички науки во соработка со невладината организација Триаголник и со Универзитетот Jönköping од Шведска.

Универзитетот на Југоисточна Европа, исто така ја нуди и програмата за подготовка на испитот за директори, кој се овозможува преку Центарот за професионално водење на образованието. Целта на оваа програма е да овозможи развивање на образовните и едукативните организации преку обучување на директорите и наставниците за употреба на ресурсите фокусирајќи се на учениците, наставата и промените за по квалитетна настава за сите.

На оваа страница за кусо време ќе можете да ги симнете онлајн формуларите за апликација.