Втор циклус на студии (последипломски)
Универзитетот, од ноември 2005 година започна со понуда на интелектуално предизвикувачко образование преку голем број на студиски програми од вториот циклус. Универзитетот обезбедува широк избор на меѓународни последипмомски програми, интерактивни во процесот и интердисциплинарни во содржина и пристап.

ЈИЕУ нуди два вида на програми од вториот циклус (последипломски):

o Според системот на студии 4+1 (трисеместрални програми – 90 ECTS)

o Според системот на студии 3+2 (четирисеместрални програми – 120 ECTS)

 

Аплицирај



Информации

Емсале Муртезани
Кординатор за последипломски студии
ЈИЕ Универзитет
канцеларија. 801. 09
Tel: 044/ 356 - 031

e-mail: This email address is being protected from spam bots, you need Javascript enabled to view it


Сите студиски програми што се нудат од Универзитетот на ЈИЕ се акредитирани од Бордот за акредитација на Република Македонија и квалитетот на програмите е во постојана контрола од механизмите за обезбедување на квалитетот, кои опфаќаат амбициозна програма за развој на кадарот, надгледување на наставата и многу други работи.

Да студирате на Универзитетот е многу атрактивна, наградувана и предизвикувачка работа. Вие ќе студирате за нови идеи кои се поинакви од оние што сте ги научиле од додипломските студии. Нашата цел е вие да бидете задоволни со предметите што ги учите, да добивате искуство во насока на различно размислување и да ги завршите студиите со знаења и вештини кои ќе ви овозможат да ја освојувате вашата иднина.

Ние сме посветени да ви овозможиме квалитетни знаења, притоа комбинирајќи ги традиционалнате со најновите методи на настава, како на пример, интерактивна настава, електронско учење (e-learning) итн.

Предавањата имаат главна улога во наставата, при што се поставуваат главните теми и прашања поврзани со предметот, додека семинарските работи и вежбите ја обезбедуваат структурата за објаснување и детална анализа, овозможувајќи можност за анализа и дискусија во мали групи и размена на идеи.

На ЈИЕ Универзитетот се аплицира широк спектар на методи за оценување, кои се дизајнирани на таков начин да ви овозможат најдобри услови за демонстрирање на вашите вештини. Тука се опфатени писмени и усни испити, проекти/семинарски работи, активно учевство итн. Како единствен универзитет во регионов, оценките се објавуваат он-лајн со системот „e- grading“. Сево ова им овозможува на студентите веднаш по објавувањето на оценките од страна на инструкторот да ги видат на порталот на ЈИЕУ „e-service“.