Прв циклус на студии (додипломски)
Нашиот универзитет ви нуди широк избор на 3-годишни студиски програми, кои може да се следат редовно, а за некои од овие студиски програми има можност за вонредно следење.

ЈИЕУ промовира флексибилна политика на употреба на јазиците во сите циклуси на студирање. Затоа, во ЈИЕУ може да студирате на албански или македонски јазик а од 2008 година Универзитетот започна со понуда на студиски програми само на англиски јазик, како што е студиската програма Бизнис информатика и најновата студиска програма Информациски системи и менаџмент која се нуди во соработка со Универзитетот на Лондон преку системот за надворешни студии на London School ofEconomics (LSE). Оваа атрактивна програма им овозможува на студентите на крајот на програмата да се здобијат со двојна диплома од ЈИЕУ и од Универзитетот од Лондон.

Студиски програми од првиот циклус:

 

Контакт

  This email address is being protected from spam bots, you need Javascript enabled to view it

tel: 00 389 44 356 188

Редовни студии во Тетово

 Правен факултет

Факултет за бизнис администрација
Факултет за jавна aдминистрација и политички науки
Факултет за современи науки и технологии
Факултет за јазици , култури и комуникација


Но, независно од јазикот на студирање, сите студенти во ЈИЕУ се обврзани за време на студиите да ги учат/совладуваат до одредено ниво албанскиот, македонскиот и англискиот јазик.

Сите студиски програми што се нудат од Универзитетот на ЈИЕ се акредитирани од Бордот за акредитација на Република Македонија и квалитетот на програмите е во постојана контрола од механизмите за обезбедување на квалитетот, кои опфаќаатамбициозна програма за развој на кадарот, надгледување на наставата и многу други работи.

На ЈИЕ Универзитетот се аплицира широк спектар на методи за оценување, кои се дизајнирани на таков начин да ви овозможат најдобри услови за демонстрирање на вашите вештини. Тука се опфатени писмени и усни испити, проекти/семинарски работи, активно учевство итн. Како единствен универзитет во регионов, оценките се објавуваат он-лајн со системот „e- grading“.

Предавањата имаат главна улога во наставата, при што се поставуваат главните теми и прашања поврзани со предметот, додека семинарските работи и вежбите ја обезбедуваат структурата за објаснување и детална анализа, овозможувајќи можност за анализа и дискусија во мали групи и размена на идеи.