|
Канцеларијатa за истражување на Универзитетот на Југоисточна Европа објавува КОНКУРС за доставување на истражувачки проекти за 2009/2010 година {ftabs} {fright=Конкурс} Предлог-проектите да се достават до 15 септември 2009 година. Предлог-проектите за истражување треба да се достават до Директорите на Истаржувачките Центри на секој факултет. Проектите треба да се достават до следниве директори: Абдулa Азизи, Факултет за јавна администрација и Политички Науки Бистра Неткова, Правен факултет Миролуб Шукаров, Факултет за Бизнис Администрација Мустафа Ибраими, Факултет на Јазици, Култура и Комуникации Флорие Исмаили , Факултет на современи технолошки науки До 30 септември 2009 година, Истражувачките Совети на секој Центар за истражување на факултетите заедно со одредени претставници, треба да се запознаат со предлозите на истражувачките проекти, да се консултираат со оние кои ги доставуваат и да ги приберат копиите од првите верзии на предлог-проектите за истражување. И оваа година ќе се финансираат само истражувачките проекти кои ќе бидат кофинансирани и од други извори. Предлозите кои не се соодветни и се многу подолу од наведениот критериум нема да се прифаќат и апликантите ќе се запознаат со резултатите на конкурсот. Прифатените предлози за истражување ќе се презентираат за дискуисија на состанокот на Комитетот за истражувања. Се предвидува овој Состанок да се одржи до почетокот на октомври 2009 година, додека последното одобрување ќе се даде конкрајот на октомври од страна на Проректорот за истражување. Истражувачките Совети треба да подготват десет копии за секој предлог и да ги предаде на Состанокот на Комитетот за истражувања. Резултатите од Состанокот на Комитетот за истражувања ќе се презентираат во форма на записник од состанокот. Овие записници ќе се испорачуваат на секој Член претставник и потоа пак ќе се испратат до кадарот кој е инволвиран во овој процес. Во прилог ги имате примерите од прирачниците и формуларот за апликација за предлозите за истражување на англиски, албански и македонски јазик. За секаков вид на прашања или помош Ве молам да се консултирате со Претставниците на факултетите во Комитетот за истражување, Членовите или Директорите на Истражувачките Центри и/или да ги упатите во Канцеларијата за истражување. Со почит, Канцеларија за истражување {fright=Документација} Општи упатства за доставување предлози за истражување Формулар за проекти {/fright} {/ftabs} |