RRPP
Краток опис на програмата

Регионална програма за промоција на истражувањето во Западен Балкан има за цел да ги зајакне истражувачките капацитети во Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Македонија, Црна Гора и Србија. Програмата има десетгодишна перспектива за имплементација и ќе го поддржи развојот на истражувачките капацитети во областа на општествените науки особено за темите кои што се релевантни за трансформација. Програмата треба да понуди платформа за соработка за истражувачите во регионов, особено оние кои ќе станат движечка сила на реформите во високото образование и кои можат ефективно да го промовираат поиздржливото признавање на општествените науки и пред се значењето на истражувањето во оваа област.
Тековно оваа програма за промоција на истражувањето во Западен Балкан работи со нуклеус партнери во Босна и Херцеговина и во Македонија. Програмата е целосно отворена и за дополнителни партнери.

Нуклеус партнери

Македонија

Институт за родови студии, Филозофски факултет, Универзитет св. Кирил и Методиј, Скопје

Универзитет на Југоисточна Европа , Тетово

Студии по политички науки , Правен Факултет ,,Јустинијан Први“ Универзитет св. Кирил и Методиј, Скопје

Евро Балкан Институт Скопје

CSID ,,Форум”, Скопје
 
FP7

Седма рамковна програма за истражување и развој на Европската унија - The Seventh Framework Programme (FP7)
FP7 е основен инструмент на Европската унија за финансирање на научното истражување и технолошки развој. Програмата ќе се реализира во периодот од 2007 - 2013 година, а буџетот изнесува 50.521€ милијарди.

Повеќе...
 
TEMPUS
TEMPUS