Билтен бр. 15
-
Се одбележа 10-годишнината од основањето на УЈИЕ
Универзитетот на Југоисточна Европа од Тетово во присуство на претставниците на дипломатскиот кор, ректорите на државните универзитети од земјава: Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, Државниот тетовски универзитет, Универзитетот „Св. Климент Охридски“, Универзитетот „Гоце Делчев“, приватниот Универзитет ФОН, како и на ректорите на Универзитетот во Тирана, Универзитетот во Приштина и др. во свечена атмосфера ја одбележа 10-годишнината од своето постоење.
-
УЈИЕ му додели титула почесен доктор на науки на ректорот на Универзитетот Индијана проф. д-р Мајкл А. Мек Роби
На формална академска церемонија на 19 ноември 2011 година, Универзитетот на Југоисточна Европа му додели титула почесен доктор на науки на ректорот на Универзитетот Индијана.
-
Претседателот на државава, Ѓорге Иванов му додели Орден за заслуги за Р. Македонија на Универзитетот на Југоисточна Европа
Претседателот на Република Македонија, д-p Ѓорге Иванов на свечена церемонија му додели Орден за заслуги за Република Македонија на Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово на 18 ноември (петок) 2011 година.
-
Албанскиот премиер Сали Бериша доби награда за лидерствo на УЈИЕ
Албанскиот премиер Сали Бериша во средата (9 ноември 2011 година), престојуваше во Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово, каде што Институтот за демократија и развој му ја додели годишната награда за Лидерство за 2009 година, а пред многубројните присутни студенти одржа предавање за Евро-атлантските интеграции.
-
УЈИЕ домаќин на околу 70 студенти од Индија
Во текот на неделава (28 ноември – 3 декември 2011 година), Универзитетот на Југоисточна Европа е домаќин на заедничката обука, организирана од Кели Школата за Бизнис (Кели School of Business) на Универзитетот во Индијана и Индискиот институт за менаџмент од градот Лукноу, Индија.