Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
пристап кон иднината . . .

Беа прогласени добитниците на наградите за предавање и за истражување на УЈИЕ

Во рамките на неделата предвидена за обуки на УЈИЕ, која се одржа во вториот дел на јануари 2012 година, беа прогласени добитниците на наградите за најдобар проект за настава и за истражувач на годината.

Професорите Бенџамин Китинг и Љуљзиме Камбери се добитници на наградата за најдобар проект од областа на наставата и учењето. Проектите беа оценувани од познатиот професор од Универзитетот во Лунд, Томас Олсон. Оваа награда се доделува вторпат.
Професорката Брикена Џафери е прогласена за истражувач на годината. Оваа награда се доделува за првпат на нашиов Универзитет и ќе биде традиционална.

Во текот на оваа недела беа одржани обуки за различни области како што се: управување со животната средина, услуга на клиентите, буџетско планирање, истражување, маркетинг и односи со јавноста и др.

Google+