Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
пристап кон иднината . . .

Студиски програми за глобалната потреба на пазарот на трудот

Универзитетот на Југоисточна Европа (УЈИЕ) во Тетово за новата академска 2012/2013 година ги објави понудените студиски програми. Идните студенти ги очекуваат многу новости во однос на студирањето и на стипендиите.

Освен традиционалните студиски програми за новата академска 2012/2013 година, идните студенти ќе имаат можност да изберат и неколку нови студиски програми.

Меѓународна комуникацијае најновата студиска програма која ја нуди Факултетот за јазици, култури и комуникација за сите студенти кои сакаат да работат во меѓународни организации, дипломатски мисии, владини институции и во невладиниот сектор.

Факултетот за бизнис и економија оваа година ги нуди следниве студиски програми: Менаџмент и економија (во рамките на оваа програма, преку изборните модули студентите ја одредуваат насоката (менаџмент, маркетинг, финансии итн.), Информациони системи и менаџмент и најновата насока Агробизнис, преку која студентите се подготвуваат за бизнис во аграрот, но со користење на најновите методи на управување со бизнисот и агрикултурата.

Факултетот за јавна администрација и политички науки ги нуди следниве насоки: Студии за јавна администрација, Политички науки, Лидерство и младинска работа во заедницата.

Факултетот за современи науки и технологии за новата академска година ги нуди следниве студиски програми: Компјутерски науки, Информациски и комуникациски технологии (компјутерско инженерство)и Медиумска информатика.

Факултетот за јазици, култури и комуникација за оваа година ги нуди студискиве програми: Англиски јазик и литература, Германски јазик и литература, Албански јазик и литература и Меѓународна комуникација.

Правниот факултет ги нуди следниве студиски програми, и тоа: Студии по право и Студии по криминалистика и безбедност

Google+