Студентите Триме Халили, Леутрим Мехмеди и Лиридона Велиу се само дел од големиот број студенти од УЈИЕ кои ја искористија можноста и добија стипендии преку програмата за размена „Еразмус“.
Во вторник, 12 февруари 2013 година, од ректорот на Универзитетот на Југоисточна Европа, проф. д-р Замир Дика и директорот на ЕТС Глобал (Educational Testing Service) од Албанија, д-р Инес Дика, се потпиша меморандум за спроведување на стандардизираниот испит за познавање на англискиот јазик – TOEFL (Test of English as a Foreign Language).Овој испит за првпат ќе се организира во Р. Македонија, односно на Универзитетот на Југоисточна Европа.
Ректорот на Универзитетот на Југоисточна Европа (УЈИЕ), проф.д-р Замир Дика, проректорот за истражување и за меѓународни односи, проф д-р Блерим Река и генералниот секретар Џеваир Мемеди од 3-7 декември 2012 година беа на службена посета на Кралството Холандија.
Во понеделник (17 септември) започна ориентационата недела за новите студенти запишани во академската 2012/13 година. На свечената церемонија , ректорот на УЈИЕ проф. д-р Замир Дика и проректорот за академски работи проф. д-р Ендру Гудспид им посакаа добредојде на студентите.
Во сабота, (9 јуни 2012 год.), на Универзитетот на Југоисточна Европа –Тетово, во свечена атмосфера, голем број на родители, студенти и гости имаа можност да бидат дел од уникатниот начин на промоција на дипломците од осмата генерацијата.
На последниот состанок кој се одржа во петок ( 25 мај 2012 година) Бордот на Универзитетот меѓудругото го потврди завршувањето на мандатот на неколку од досегашните членови.
Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово од 9 до 13 април ги отвори вратите за сите матуранти, родители и за сите други заинтересирани граѓани во рамките на активноста „Отворени денови“. Овој Универзитет е прв кој организираше ваква активност не само во Македонија, туку и во регионов и таа активност веќе стана традиционална.
Универзитетот на Југоисточна Европа (УЈИЕ) во Тетово е на второ место според рангирањето на Шангајскиот универзитет Џио Тонг од Народна Република Кина, водечка светска институција за рангирање на високообразовни установи.
Универзитетот на Југоисточна Европа склучи договор за соработка со Германската Национална Економска Библиотека. Оваа библиотека е најголемата во светот во областа на економијата со фонд од 4.1 милиони книги.
Универзитетот на Југоисточна Европа од Тетово во присуство на претставниците на дипломатскиот кор, ректорите на државните универзитети од земјава: Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, Државниот тетовски универзитет, Универзитетот „Св. Климент Охридски“, Универзитетот „Гоце Делчев“, приватниот Универзитет ФОН, како и на ректорите на Универзитетот во Тирана, Универзитетот во Приштина и др. во свечена атмосфера ја одбележа 10-годишнината од своето постоење.
Ректорот на УЈИЕ проф. д-р Замир Дика, министерот за Животна средина и просторно планирање на Македонија, г-дин Абдилаќим Адеми и амбасадорот на Италија во Македонија, г-дин Фабио Кристијани, во четврток (29 септември 2011 година) официјално ја пуштија во употреба еколошката зграда, со нула емисија на штетни гасови.
Универзитетот на Југоисточна Европа, придонесе во збогатувањето и зголемувањето на бројот на статии на албански и на македонски јазик во слободната енциклопедија Википедија.