Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
пристап кон иднината . . .

Беа доделени 28 сертификати за студенти од Косово

Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово и Центарот за неформално образование „Триаголник“ во четвртокот (6 септември 2012 година), организираа свечено доделување на сертификати за 28 студенти од Косово, кои успешно го имаат завршено второто ниво на студиската програма Лидерство и работа со млади во заедницата.

Церемонијата ја отвори проректорот за истражувања проф. д-р Блерим Река, кој по овој повод меѓу другото рече дека студентите од оваа програма се привилегирани бидејќи се дел од оваа програма, која им овозможува професионална подготовка значајна за понатамошната кариера и за развој на приватниот бизнис.

М-р Демуш Бајрами, советник на ректорот, рече: „Денес, развиениот свет е влезен во ерата која јас би ја нарекол ‘ера на образовната револуција’, вреднувајќи ги вредноста и индивидуалната подготвеност на секој од нас. Степенот на знаењата и стекнатите вештини треба да бидат во согласност со ритамот на светските трендови. Се надевам дека и оваа ваша генерација која успешно ја има завршено оваа обука ќе знае да го најде патот во натпреварот кој следи. Само на ваков начин ќе имаме подготвени кадри за пазарот на трудот, кој им припаѓа на доброподготвени индивидуи кои ќе придонесуваат за иднината. Секој обид за подобрување на економијата и за намалување на невработеноста се базира врз ефективниот систем на квалитетот на образованието и на стекнатите вештини“

На студентите од Косово им посака добредојде и деканката на Факултетот за јавна администрација и политички науки, проф. д-р Елена Андреевска.

Продеканот на Факултетот за јавна администрација и политички науки, проф. д-р Јонуз Абдулаи, рече дека денес им доделуваме сертификати на студентите, кои успешно ја имаат завршено програмата Лидерство и работа со млади во заедницата. Тие имаат добиено 60 кредити, кои можат да ги искористат за продолжување на додипломските студии на нашиот универзитет и на други универзитети.

Мирјана Ѓорѓевска, претставник од „Триаголник“, рече дека студентите кои денеска се добија сертификати имаат поминато низ тежок период на студирање и истражување. Верувам дека во иднина овие 28 лидери ќе влијаат врз трансформацијата на косовското општество кон европските перспективи.

Албулена Заими, претставник на Организацијата „ЦЕД“, рече дека студентите имаат пројдено низ дол,г но успешен пат. Се надеваме дека тие ќе го дадат својот придонес во развојот на косовското општество.

Ариф Камбери, еден од студенти кој доби сретификат, во име на целата група ги сподели импресиите за успешноста на оваа програма. Тој им се заблагодари на Универзитетот на Југоисточна Европа и на Организацијата „Триаголник“ за успешноста на оваа програма.

Оваа година по вторпат УЈИЕ ја организира церемонијата за доделување сертификати за успешно завршување на обуката во рамките на програмата Лидерство и работа со млади во заедницата.

Google+