Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!

На почетокот на новата академска година се одржа обука за целиот кадар на УЈИЕ во Крушево

Ректорот на УЈИЕ, проф. д-р Замир Дика рече дека целта на оваа обука е кадарот да запознае со новите планови на Универзитетот. Во програмата за обука беа вклучени и меѓународни експерти како предавачи. „Квалитет и мотивација“ беше темата на обуката која ја одржа извршниот директор на Националниот институт за демократија (НДИ), во Македонија Крис Хеншоу. Тој зборуваше за различни аспекти на лидерство и мотивација на вработените.

Во рамките на програмата за обука и развој, кадарот на УЈИЕ од 21 до 24 август престојуваше во Крушево каде што се одржаа различни обуки. Во текот на овие денови познати внатрешни и надворешни експерти беа во улога на обучувачи.

Ректорот на УЈИЕ, проф. д-р Замир Дика во презентацијата рече дека целта на оваа обука е кадарот да се запознае со новите планови на Универзитетот. Зборувајќи за развојните стратегии и предизвиците на Универзитетот тој рече „ ние сме во воз кој е во постојано движење и ќе успееме да го задржиме тој тренд само доколку сме на вистинската патека и се разликуваме од другите во сите аспекти на процесот на учење и предавање“.

Во програмата за обука беа вклучени и меѓународни експерти како предавачи. „Квалитет и мотивација“ беше темата на обуката која ја одржа извршниот директор на Националниот институт за демократија (НДИ), во Македонија Крис Хеншоу. Тој зборуваше за различни аспекти на лидерство и мотивација на вработените.

Во обуката за администрацијата имаше неколку работилници за стандардите на услугите. Работилниците ги водеше Генералниот секретар Џеваир Мемеди. Исто така се одржаа и посебни работилници за финализирање на одредени стандарди на службите.

Деканот на Факултетот за јазици, култури и комуникација , Ендру Гудпид зборуваше за етичката и за професионалната комуникација преку анализа на одредени студии на случај.

Исто така се одржаа и обуки за академскиот кадар од деканите на факултетите, членовите на Ректорскиот тим итн. Во контекст на обуката на факултетите се одржаа сесии на различни теми магистерски студии- стандардизирање на наставната програма/процедура, подобро интегрирани предавања, практични часови, обем на работа на студентите – Болоња, анализа на наставната програма, предавања, практична настава, обем на работа на студентите надвор од училница.

Обуката се фокусираше и на зајакнување на квалитетот на магистерските студии преку студии на случај, менување на формата на оценување на студентите, SWOT анализа и планирање за подобрување, ревидирање и подобрување на часовите за магистерската теза.

Ова е втор пат Универзитетот на Југоисточна Европа да организира обука за целиот кадар надвор од Кампусот на Универзитетот.

Google+