Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
пристап кон иднината . . .

Меѓународна конференција за американски студии

„Примена на иновациите во предавањето во наставната програма по американски студии“ беше темата на меѓународната конференција која се одржа на УЈИЕ, во вторникот (22 август 2012 год.) , во организција на Американската асоцијација на Фулбрајт.

На Конференцијата која се одржа во Р.Македонија учествуваа професори по американски студии од Југоисточна Европа. Домаќин беше Универзитетот на Југоисточна Европа.

На претставниците од универзитетите од Југоисточна Европа (универзитетите во Загреб, Белград, и во Сараево и универзитетите од Македонија) им се обратија извршниот директор на Асоцијацијата Фулбрајт Мери Елен Шмидер и атешето за култура и образование во Амбасадата на САД во Р.Македонија, Брајан П. Бауер.

Проректорот за истражување на УЈИЕ, проф.д-р Блерим Река, откако им посака добредојде на присутните зборуваше за важноста на американските студии.

„Навистина ми претставува задоволство да отворам олку важна конференција. Исто така, ми претставува задоволство што сме домаќини на извршниот директор од Асоцијацијата Фулбрајт, проф.д-р Мери Елен Шмидер.

Се надеваме дека повторно ќе ги истражиме историските , политичките и културните врски во САД и меѓу САД и глобалното општество, со учество на универзитетите и членовите на општеството заинтересирани за редизајнирање на регионалните американски студии“ , истакна проф.д-р Блерим Река проректор за истражување .

Google+