|
Студентите и професорите од Правниот факултет ги прошируваат европските хоризонти! |
|
Студентите од Правниот факултет на Универзитетот на ЈИЕ, под раководство на деканот, проф. д-р Исмаил Зејнели, продеканот доц. д-р Јетон Шасивари и професорите проф. д-р Аслан Билали и проф. д-р Аднан Јашари, деновиве реализираа едно студиско патување на Правниот факултет - Болоња, каде беа пречекани од страна на деканот, професор Стефано Канестари. По овој повод тие ја презентираа работата и организацијата на факултетот, со посебен акцент врз начинот на предавањата, вежбите, испитите, колоквиумите, семинарите и другите едукативни активности и истражувања.
|
|
Повеќе...
|
|
|
М-р Хирије Абази учествуваше на меѓународната конференција:„Јадранскиот – Балкански регион од транзиција до интеграција“ во Анкона, Италија |
|
М-р Хирије Абази од 21-22 мај оваа година учествуваше на меѓународната конференција за економија на тема: „Јадранскиот –Балкански регион од транзиција до интеграција“ организирана од Политехничкиот универзитет “Delle Marche”, Факултетот за економија „Giorgo Fua” од Анкона, Италија.
|
|
Повеќе...
|
|
Амбасадорот на ЕУ во Македонија Ерван Фуере во посета на ЈИЕУ |
|
Амбасадорот на ЕУ во Македонија , Ерван Фуере, во четврток (20 мај 2010 година) одржа предавање пред студентите на ЈИЕУ на тема - Сиромаштијата и социјалното исклучување, бидејќи оваа година е прогласена за „Европска година на борба против сиромаштијата и социјалното исклучување“.
|
|
Повеќе...
|
|
ЈИЕУ студија на случај за управувањето и развојот на европското високо образование |
|
Во новата книга ,,Управување и развој на високото образование – Прирачник за менаџерите” во едиција на Џероен Хуисман и Атила Пауститс, издадена во рамките на програмата за доживотно учење на ЕУ, вклучено е едно поглавје подготвено од Академик Алајдин Абази, ректор на ЈИЕУ со Џероен Хуисман од Универзитетот во Бат (ВБ) и д-р Денис Фарингтон - ,,Глобализација, интернационализација и регионализација” .
|
|
Повеќе...
|
|
Министерот Џељаљ Бајрами се сретна со студентите од ЈИЕУ |
|
Министерот за труд и социјална политика, Џељаљ Бајрами, во просториите на министерството за труд и социјална политика,оствари средба со студентите на Универзитетот на Југоисточна Европа - Факултетот за јавна администрација и политички науки од студиската програма Социјална работа и социјална поплитка. Студентите одблиску се запознаа со структурата, организациската поставеност како и функционирањето на Министерството за труд и социјална политика во Република Македонија.
|
|
Повеќе...
|
|
|
|
|
|
|
JPAGE_CURRENT_OF_TOTAL |