Уште една меѓународна публикација на проф. д-р Абдулменаф Беџети на Универзитетот Бамберг-Германија

      "Мерки  за борба против кризата во  Република Македонија и нивните  ефекти - Дали се тие доволни?" (“Anti-Crisis Measures in Republic of Macedonia and their effects - Are they Sufficient?”), е најновата научна публикација на проректорот на ЈИЕУ, проф. д-р Абдулменаф Беџети, објавена во меѓународното списание на Универзитетот Бамберг, Германија (BERG Working Paper Series on Government and Growth of University Bamberg-Germany. Working Paper No.70, March 2010.)

     Ова истражување има за цел да ги испита околностите, економските циклуси  и економскиот потенцијал на Република  Македонија, секогаш опфаќајќи ги во себе и компаративните аспекти  со другите земји во регионов и пошироко, со еден методолошки приод од општа кон посебна насока и со оптимизација  на одлучувачки модел во фискалните политики, осврнувајќи се на нивото на економскиот потенцијал на РМ.

      Публикацијата на проф. Беџети е од особено значење и за влијанието на истражувањата врз одликите на владата во пресрет на антикризните пакети - четврти по ред. Осврнувајќи се на постигнатите ефекти, односно неуспесите од претходните антикризни мерки, преку една емпириска и теоретско - научна анализа  на одлучувачките институции им се сугерира во следните економски политики  одлуките  да ги базираат  врз научни истражувања и анализи, а не на нерационални и спонтани очекувања.

      Токму тука е и фундаменталната улога  и функција на истражувањата во овие области, за кои и ЈИЕУ има конкретно влијание во општеството.

 

Симно го документот во pdf формат