| Општина Тетово му доделува признание на ЈИЕУ за промоција на образованието и научната дејност |
|
На Универзитетот на Југоисточна Европа по повод 3 март –денот на општина Тетово му беше доделено признание за посебниот придонес во развојот на високото образование како и за развиток и промоција на научната дејност. Признанието му беше доделено на свечената седница на советот на општината, која се одржа во среда (3 март 2010 година) на која учествуваа и Ректорот на ЈИЕУ, академик Алајдин Абази и Проректорот за истражувања, проф. д-р Муртезан Исмаили. Тие истакнаа дека се привилегирани за укажаната чест и дека ова е уште едно признание дека ЈИЕУ е центар на високото образование и истражувањето во Македонија, но и пошироко во регионов.Денот на општината, 3 Март се одбележува како ден кога беше конституиран првиот повеќепартиски совет на општината. |
