Апликација за финансиско олеснување на школарина за академската година 2009/10
    Со одлука на Ректоратот на ЈИЕУ, финансиското олеснување на плаќање на школарина за двајца или повеќе студенти од исто семејство (само членови на потесно семејство – брат или сестра) кои студиратта во ЈИЕУ ќе се применува според следнава шема:

•    Првиот студент од семејството плаќа 100% од школарината;
•    Вториот студент од семејството плаќа 85% од школарината;
•    Третиот студент од семејството плаќа 75% од школарината

Критериуми на пакетот за финансиско олеснување од уплата на школарина:

-    Финансиското олеснување ќе се применува во летниот семестар;
-    Делумното финансиско олеснување се применува на вториот и третиот студент на семејството;
-    Финансиското олеснување се применува само во периодот кога два или три членови од семејството имаат статус на студент во ЈИЕУ;
-    Финансиското олеснување не се применува во случај да едниот од студентите прима стипендија или финансиска помош, вклучен во програмата Работа и студии или е во редовен работен однос

Потребната документација:

-    Формулар за аплицирање;
-    Потврда дека се студенти на ЈИЕ Универзитет.

Забелешка: Стутендите кои прв пат аплицират за финансиско олеснување на школарина треба да достават и извод од матична книга на родените.

Начин на аплицирање:

-    Формуларите за апликација моје да се земат во www.seeu.edu.mk ако КЛИКНЕТЕ ТУКА, e-service или во ЈИЕУ Кампус-административна зграда бр. 802.02 каде треба и да се доставаат во одредениот рок

Одговорен: Асим Беќири

-    Рок за аплицирање: од 15.12.2009 до 28.02.2010

        Од Студентска Служба