Целите на оваа програма се следниве:
- теоретско и емпириско знаење од областа на претприемништвото;
- анализа на различните димензии на претприемништвото;
- третирање на проблемите на економскиот развој во економиите во транзиција како што е Република Македонија;
- анализа на проблемите на локалниот економски развој и мерките и политиките поврзани со него;
- анализа на правното окружување на претприемништвото на национално, европско и на меѓународно ниво;
- испитување на влијанието на глобализацијата и на членството во Европската унија врз локалниот економски развој;
- искуство на следење предавања од професори кои доаѓаат од партнерските универзитети од Европската унија, како Велика Британија, Германија, Италија, Шведска, Белгија, Словенија, Грција и учење на различни практики на предавање и совладување на знаењето од универзитетите од земјите членки на Европската унија;
- запознавање со најновата литература поврзана со претприемништвото и со локалниот економски развој издадена во публикациите на англиски јазик;
- способност да се направат индивидуални независни истражувања на напредно ниво.
По успешно завршување на програмата, студентите ќе можат:
- Индивидуално и групно да работаат на истражување на најсоодветните форми на исполнување на потребите на населението.
- Да ги елаборираат, од научен и од професионален аспект, разликите и потребите на заедницата.
- Активно да бидат вклучени во изградбата на макроекономската и микроекономската политика.
- Да бидат информиран и да придонесуваат во научните и во професионалните елаборати.
Знаење и разбирање
- Пресметка на основните на развојот на претприемништвото и на неговото влијание врз локалниот економски развој на државата.
- Давање критички осврт на развојните економски политики и на создавањето на предуслови за развој на малите и средни претпријатија
Примена на знаењето и разбирањето
- Можноста за дијагностицирање на реалните пазарни случувања, предвидување на тенденциите на тие случувања како и анализирање на ефектите на преземените мерки на економската политика врз пазарните движења.
Способност за проценка
- Подобрување на претприемачките способности и можност за препознавање на предностите во развојот на економијата со примена на претприемништвото.
- Анализа на општите процеси на економскиот развој во светот, а посебно на процесите на транзиција, регионализација и на глобализација на светските економски текови.
Комуникациски вештини
- Овозможување развој на лични способности, на комуникација, на истражувања и на други значајни способности кои се потребни за започнување или за поттикнување мали и средни претпријатија.
- Овозможување на студентите активно да се вклучат во предавањата и да вршат независно истражување во сите области на претприемништвото и на менаџментот на малиот бизнис.
Вештини на учење
- Развивање на концептот на критичко размислување на студентите.
- Овозможување за стекнување истражувачки способности и искуство за претприемништвото, менаџментот, маркетингот и за финансиите во јавните, во приватните и во непрофитабилните организации
Семестар 1
-
[6 ЕКТС]
Методологија на истражување
Квантитативни и квалитативни методи на истражување и нивната примена во студиите по економија и бизнис, истражувања и нивна анализа, студии на случај, регресивна анализа, користење статички софтвер како SPSS и Mikrofiti.
-
[6 ЕКТС]
Претприемништво
Во рамките на овој предмет ќе бидат обработени следниве прашања: теоријата на претприемништвото и улогата на претприемништвото од Шумпетер до модерните времиња, претприемништвото и малите и средни претпријатија, важноста на претприемништвото за економскиот развој и вработувањата, карактеристиките, профилите на претприемништвото, претприемништвото во економиите во транзиција, претприемништво и иновациите, кругот на бизнисот и претприемништвото.
-
[6 ЕКТС]
Деловното право и регулативата на ЕУ и меѓународното деловно право и регулатива
Релевантноста на правнaта критика на новите компании, економските права и регулативите на ЕУ (конкуренцијата, регулативата на социјалната политика и работната сила, правата на интелектуална сопственост), теми на меѓународното деловно право.
-
[6 ЕКТС]
Слободен изборен предмет 1
Слободни изборни предмети
-
Реторика
Во текот на својата историја долга 2500 години, реториката се користи за означување многу нешта, но под реторика денес се подразбира уметноста на убедување преку јазик. Реториката го означува начинот на кој поединецот се надоврзува на одредена тема или идеја со цел да го убеди другиот. Реториката ја карактеризираат неколку главни одлики и најпрвин ги дефинира одредените типични ситуации на говорот.
-
Мултилингвализам и мултикултурализам
Цел на овој предмет ќе биде разгледување на повеќејазичноста во мултикултурните општества, кaкo социјална појава. Оваа појава е масовна во светот. Во предавањата ќе се разгледуваат попрецизно термините: еднокултурност, повеќекултурност, мултикултурност. Ќе биде разјаснет поимот лингвистички национализам, а се изделуваат две форми на ваков национализам, при што едната се судира со другата: кај водачите на најмоќните земји национализмот значи ширење, а за малцинствата тој добива форма на непокор и борба за афирмација на идентитетот, наспроти таков притисок. Видно место во програмата ќе зазема и мултикултурализмот во сферата на образованието.
-
Oдбрани напредени поглавја од ИТ-апликации за изработка на научен труд
Целта на овој предмет е:
* Да им се прикажат техничките елементи, структурата на текстот и дизајнот на еден научен труд.
* Да им овозможи на студентите да се стекнат со понапредни познавања и вештини од одбрани напредни поглавја од ИТ апликации кои ќе им бидат потребни при изработка на научни и стручни трудови.
* Практична примена на овие цели при изработка на индивидуален научен труд на студентот.
-
Одбрани напредни поглавја од апликации за статистичка обработка на податоци
Целта на овој предмет е:
* Да им се прикажат техничките елементи од областа на статистиката: организирање, обработка, споредување преку анализи и публикување на податоците.
* Да им овозможи на студентите да се стекнат со понапредни познавања и вештини од обрани напредни поглавја од апликациите за статистичка обработка на податоци.
* Практична примена на овие цели при статистичка обработка на податоците стекнати од прашалници, прилози, научни истражувања и друга документација.
-
Професионална комуникација
Предметот е фокусиран на развојот на оние комуникациски вештини кои се суштествени за ефикасно функционирање во професионалниот свет. Студентите ќе го совладуваат процесот на анализа на различни комуникациски ситуации, и тоа како соодветно да одговорат на нив. Меѓу темите кои ќе бидат вклучени се и комуникација во организации, интерперсонална и групна комуникација, усни презентации, интервјуа за вработување, професионални деловни писма, како и интерперсонални вештини, вклучувајќи групна динамика и тимска работа.
-
Mетодологија на наставата
Целта на овој предмет е да ги запознае студентите со основните пристапи и методи на предавање. Од студентите се очекува да се здобијат со знаења и вештини со кои ќе можат да применат средства за активна настава. Предметот исто така нуди и пристап кон развојот, наставата и учењето како концепти, како и основни практики кои ќе им овозможат на предавачите да предаваат за развојот на мислењето. Преку овој предмет, студентите ќе се стекнат и со теоретска основа и со стратегии со кои ќе можат да го развиваат и своето и критичкото мислење на студентите.
-
[6 ЕКТС]
Изборен предмет 1
-
Економија за менаџери
Примена на макроекономските принципи врз проблемите на менаџментот: побарувачката, трошоците, политиките на цените, оптималноста, структурата на пазарот и влијанието врз владините активности.
-
Макроекономско деловно окружување и МСП
Улогата на макроекономска средина, владините макроекономските политики, општиот круг на бизнисот (вклучувајќи ги и институционалните и законските рамки), регулативата и финансиските институции за развој на МСП, со посебен осврт на економиите во транзиција.
-
Интеграцијата во Европската унија и развојот на малите и средните претпријатија
Процесот на европска интеграција, теоријата на економска интеграција, статичните и динамичните ефекти на интеграција, уникатни пазари на стоки, услуги и фактори, проширувањето на Европската унија и нејзиното влијание врз тековите и врз идните земји-членки, Европската комора на МСП, влијанието на интеграција во ЕУ врз МСП.
Семестар 2
-
[6 ЕКТС]
Менаџмент на информациони системи
Во рамките на овој предмет ќе бидат вклучени теми од областа на стекнување, обработка и употреба на информации од компаниите. Ќе бидат вклучени информатички технологии, но само во однос на нивната улога во обработка на информациите на претпријатијата, односно за поддршка во целокупниот процес за нивно управување. Внимание ќе биде посветено на следниве аспекти: пристап до управување со информатички системи, основни типови на менаџментот на информационите системи, информатичката технологија и менаџментот на информационите системи, градење на менаџментот на информациони системи во претпријатието.
-
[6 ЕКТС]
Економија на развој и транзиција
Преглед на теориите и моделите за економски развој, главните проблеми во економската развојна политика: сиромаштијата, нееднаквоста, нискиот раст, миграцијата, развојот на човечкиот капитал главните проблеми кои се јавуваат во економиите во транзиција и нивната интеракција со проблеми во развој.
-
[6 ЕКТС]
Локалниот економски развој и југоисточноевропските земји (со посебен акцент на Република Македонија)
Во рамките на овој предмет се претставени сознанија за: истражувањето на проблемите на локалниот економски развој во земјите од Југоисточна Европа, улогата на институциите, создавањето на синџирот на снабдување, кластерите и други алатки за ЛЕР, невработеноста и наследството од социјализмот и неговото влијание, човечкиот капитал.
-
[6 ЕКТС]
Слободен изборен предмет 2
Слободни изборни предмети
-
Реторика
Во текот на својата историја долга 2500 години, реториката се користи за означување многу нешта, но под реторика денес се подразбира уметноста на убедување преку јазик. Реториката го означува начинот на кој поединецот се надоврзува на одредена тема или идеја со цел да го убеди другиот. Реториката ја карактеризираат неколку главни одлики и најпрвин ги дефинира одредените типични ситуации на говорот.
-
Мултилингвализам и мултикултурализам
Цел на овој предмет ќе биде разгледување на повеќејазичноста во мултикултурните општества, кaкo социјална појава. Оваа појава е масовна во светот. Во предавањата ќе се разгледуваат попрецизно термините: еднокултурност, повеќекултурност, мултикултурност. Ќе биде разјаснет поимот лингвистички национализам, а се изделуваат две форми на ваков национализам, при што едната се судира со другата: кај водачите на најмоќните земји национализмот значи ширење, а за малцинствата тој добива форма на непокор и борба за афирмација на идентитетот, наспроти таков притисок. Видно место во програмата ќе зазема и мултикултурализмот во сферата на образованието.
-
Oдбрани напредени поглавја од ИТ-апликации за изработка на научен труд
Целта на овој предмет е:
* Да им се прикажат техничките елементи, структурата на текстот и дизајнот на еден научен труд.
* Да им овозможи на студентите да се стекнат со понапредни познавања и вештини од одбрани напредни поглавја од ИТ апликации кои ќе им бидат потребни при изработка на научни и стручни трудови.
* Практична примена на овие цели при изработка на индивидуален научен труд на студентот.
-
Одбрани напредни поглавја од апликации за статистичка обработка на податоци
Целта на овој предмет е:
* Да им се прикажат техничките елементи од областа на статистиката: организирање, обработка, споредување преку анализи и публикување на податоците.
* Да им овозможи на студентите да се стекнат со понапредни познавања и вештини од обрани напредни поглавја од апликациите за статистичка обработка на податоци.
* Практична примена на овие цели при статистичка обработка на податоците стекнати од прашалници, прилози, научни истражувања и друга документација.
-
Професионална комуникација
Предметот е фокусиран на развојот на оние комуникациски вештини кои се суштествени за ефикасно функционирање во професионалниот свет. Студентите ќе го совладуваат процесот на анализа на различни комуникациски ситуации, и тоа како соодветно да одговорат на нив. Меѓу темите кои ќе бидат вклучени се и комуникација во организации, интерперсонална и групна комуникација, усни презентации, интервјуа за вработување, професионални деловни писма, како и интерперсонални вештини, вклучувајќи групна динамика и тимска работа.
-
Mетодологија на наставата
Целта на овој предмет е да ги запознае студентите со основните пристапи и методи на предавање. Од студентите се очекува да се здобијат со знаења и вештини со кои ќе можат да применат средства за активна настава. Предметот исто така нуди и пристап кон развојот, наставата и учењето како концепти, како и основни практики кои ќе им овозможат на предавачите да предаваат за развојот на мислењето. Преку овој предмет, студентите ќе се стекнат и со теоретска основа и со стратегии со кои ќе можат да го развиваат и своето и критичкото мислење на студентите.
-
[6 ЕКТС]
Изборен предмет 2
-
Економија за менаџери
Примена на макроекономските принципи врз проблемите на менаџментот: побарувачката, трошоците, политиките на цените, оптималноста, структурата на пазарот и влијанието врз владините активности.
-
Макроекономско деловно окружување и МСП
Улогата на макроекономска средина, владините макроекономските политики, општиот круг на бизнисот (вклучувајќи ги и институционалните и законските рамки), регулативата и финансиските институции за развој на МСП, со посебен осврт на економиите во транзиција.
-
Интеграцијата во Европската унија и развојот на малите и средните претпријатија
Процесот на европска интеграција, теоријата на економска интеграција, статичните и динамичните ефекти на интеграција, уникатни пазари на стоки, услуги и фактори, проширувањето на Европската унија и нејзиното влијание врз тековите и врз идните земји-членки, Европската комора на МСП, влијанието на интеграција во ЕУ врз МСП.
Семестар 3
-
[6 ЕКТС]
Меѓународен бизнис
Глобализацијата на производството и дистрибуцијата, принципите на меѓународната економија, странските директни инвестиции, влијанието на мултинационалните компании врз фирмите, Светската трговска организација и нејзините импликации.
-
[6 ЕКТС]
Менаџмент на мали и средни претпријатија
Mенаџмент на операции, маркетинг, финансии, човечки ресурси, електронската трговија во малиот бизнис, истражувања на влијанието на мрежите врз динамиката на интернационализацијата на малите и средни претпријатија.
-
[6 ЕКТС]
Активната политика на пазарот на работна сила и ЛЕР
Анализа на невработеност во економиите во транзиција, активните политики во пазарот на трудот (создавањето нови работни места, обука, намалување на информациската асиметрија) и нивните потенцијални влијание.
-
[6 ЕКТС]
Изборен предмет 3
-
Истражување на пазарот за мали и средни претпријатија
Улогата на информациите на маркетингот, процесот на истражување на маркетингот, извор на податоци, собирање и анализа на квантитативните податоци, методите на истражување на маркетинг (анкети, прашалници), презентација на резултатите.
-
Маркетинг на пазарот за мали и средни претпријатија
Примена на маркетинг-техники на ограничените ресурси на МСП, користење на модерната технологија, е-маркетинг, интерактивен маркетинг, мобилни телефони, СМС, веб и имејл, стратегии и концепти на интерактивниот маркетинг, нови бизнис-модели, планирање центри за потрошувачите.
-
Бизнис-етика и општествена одговорност
Перспективата на бизнис-етиката, етички прашања на бизнисот, поединечните етички проблеми, корпорациите и етички прашања, корпоративната социјална одговорност, корпоративно управување, глобализацијата и етички прашања, етичките кодекси и стандарди.
-
Финансиско сметководство за МСП
Улогата на сметководството и финансиите во малите претпријатија, критериумите за обезбедување капитал, извори на финансирање (финансирање преку банка, иницијативи на локалната/централната власт), разбирање на финансиските извештаи, бизнис-планирање и управување со готовина.
-
[6 ЕКТС]
Изборен предмет 4

Семестар 4
-
[30 ЕКТС]
Магистерски труд
Pas dhënies së provimeve, studenti mund të fillojë me procedurën e paraqitjes, punimit dhe mbrojtjes publike të temës së magjistraturës. Studenti zgjedh mentorin, me udhëzimin e të cilit e përgatit aplikimin e tezës së magjistraturës. Aplikimi patjetër duhet të lejohet nga Këshilli mësimor-shkencor i fakultetit. Pas punimit të versionit final të tezës së magjistraturës, Këshilli mësimor-shkencor formon komision tre anëtarësh, i cili përgatit raport, me çka pranohet ose refuzohet teza e magjistraturës. Raporti pozitiv miratohet nga Këshilli mësimor-shkencor dhe caktohet dita e mbrojtjes publike. Pas kryerjes me sukses të mbrojtjes studenti pajiset me diplomë – Magjistër i shkencave ekonomike / Drejtimi: ndërmarrësia dhe zhvillimi ekonomik vendor.