Студиската програма има за цел:
- Придонес кон еколошките трендови кои се развивaат во нашево општество.
- Поттикнување на јавното мислење за решавање на еколошките проблеми.
- Научна истражувачка дејност.
- По завршување на овие студии студентите стекнуваат 60 EКТС, со што можат да го продолжат третиот циклус студии. Стекнатите 60 EКТС-бодови ќе им овозможат на студентите да продолжат со своите студии на оние високообразовни установи во земјава и во странство кои имаат усогласени, еквивалентни и/или аналогни студии според Болоњската декларација.
Знаење и разбирање
- Природните процеси кои се одржуваат во животната средина.
- Еколошки теми како што се ефектот на стаклена градина, киселите дождови, загадувањето на воздухот.
- Значењето на ефективната акција за заштита и уредување на животната средина.
Примена на знаењето и разбирањето
- Научни истражувања.
- Знаења на еколошки, економски и на едукативни процеси.
- Проследување на научните светски трендови.
Способност за проценка
- Познавање на концепти, стратегии и можности на нивна примена во решавање на одредни проблеми од областа на управувањето со животната средина.
- Разбирање на заемната врска меѓу општеството и околината.
- Вештини на собирање, подготовка, анализа и прикажување на податоци за животната средина, неопходни за нејзино управување.
Комуникациски вештини
- Способност за размена на заклучоци и предлози со нивно аргументирање и рационално поткрепување, како со стручни, така и со нестручни лица, јасно и недвосмислено.
- Преземање значителна одговорност за заедничките резултати; водење и иницирање активности.
Вештини на учење
- Составување погодни прашања кои упатуваат на значајна студија и истражување.
- Дефинирање такви фундаментални концепти како што се: животната средина, задницата, развојот и технологијата и примена на дефиниции кон локално, национално и глобално искуство.
- Развој на хипотези базирани на балансирани информации, круцијални анализи и внимателни синтези, и нивно тестирање наспроти новите информации, личното искуство и верувањата.
Семестар 1
-
[6 ЕКТС]
Методологија на истражување
Целта на овој предмет е студентите да се запознаат со адекватни значења на методологијата на научното истражување и со суштината на научното истражување, методологијата на истражувањето, процедурата на истражувањето, врсти на истражувачките трудови. Посебно внимание се обрнува на правилното упатување на студентите на суштината на научното истражување, за правилна интерпретација и оценување на резултатите на истражувањето, како и самото пишување на научниот труд. Исто така студентите постапно се запознаваат со процедурата и фазите на подготвувањето и пишувањето на магистерската теза.
-
[6 ЕКТС]
Информатички системи за управување со животната средина
Усвојување општи знаења во врска со информатичките технологии, ризиците и влијанијата врз околината и здравјето. Специфични знаења за информатичките технологии и начините за оценка на информациите и технологии од аспект на околината и економски аспект.
-
[6 ЕКТС]
Природни ресурси
Целите на овој предмет се:
- Да им се овозможи на студентите запознавање со понапредните достигнувања и размислувања за амбиенталните проблеми, особено запознавање со природните ресурси, нивната расположливост и обновливост и опасноста од загадување.
- Да им се овозможи на студентите запознавање со улогата на човекот како клучен фактор за загадувањето и за зачувувањето на животната средина како и оптималниот менаџмент со природните ресурси.
- Создавање позитивни еколошки навики и развивање еколошка свест околу природните ресурси.
- Запознавање со националните и глобалните политики во сферата на животната средина (природните ресурси).
- Менаџирање на природните ресурси како услов за одржлив развој.
- Насоките на Националната стратегија на РМ за рационално користење на природните ресурси со цел обезбедување одржлив развој.
-
[6 ЕКТС]
Изборен предмет 1
-
Технолошкиот развој и животната средина
Основна цел на овој предмет е развивање на познавањата на студентите за технолошкиот развој и напредната технологија која ја користат светските компании и за тоа како тие влијаат врз заштита на животната средина.
-
Право на животна средина
Целта на овој предмет е:
* Студентите да ги стекната најзначајните знаења за правото на животна средина, почнувајќи од меѓународното, па сè до националното право.
* Студентите да стекнат знаења за меѓународната рамка на правната регулатива за животната средина и за стандардите кои треба да се почитуваат во оваа област.
* Студентите да се запознаат со правото на животна средина како академска дисциплина, перспективите, концептуалните теоретски и практични проблеми при имплементација на правото за животна средина.
* Студентите да стекнат понапредни знаења за правото на животна средина и да им се помогне на студентите да ги развијат своите знаења во оваa област.
-
Енергија и животната средина
Целта на овој предмет е:
Усвојување општи знаења во врска со енергетските технологии, ризиците и влијанијата врз околината и здравјето и специфични знаења за енергијата и климатските промени и начините за оцена на енергетските технологии од аспект на околината и од економски аспект. Секако и користење на стекнатите знаења во функција на одржлив енергетски развој.
-
Институционална поставеност и соработка во областа на животна средина
Основна цел на овој предмет е запознавање со институциите кои донесуваат одлуки во областа на животна средина, како домашни така и меѓународни. Исто така, целта е да се согледа институционална поставеност на овие институции, како и нивната меѓусебна соработка, како и соработка со институциите од другите области.
-
Економија и менаџмент на животната средина
Преку овој предмет студентите ќе се запознаат со економски алатки и методи за анализирање на основните проблеми на животната средина. Предметот претставува комбинација на теоретска анализа со дискусии на одредени политики за животната средина. Во рамките на овој предмет се обработуваат прашања поврзани со микоекономската и макеоекономската анализа, проблеми за општествените трошоци, политиката на зајакнување на придобивките од животната средина итн.
-
Еколошка едукација и одржлив развој
Целта на овој предмет е подигање на еколошката свест и култура, стекнување знаење, вредности, вештини и градење правилен однос кон животната средина како еден од основните столбови на одржливиот развој.
-
[6 ЕКТС]
Изборен предмет 2

Семестар 2
-
[24 ЕКТС]
Магистерски труд
По положувањето испити, студентот може да ја започне постапката на поднесување, подготвување и за јавна одбрана на магистерската тезата. Студентот избира ментор, со чии инструкции го подготвува барањето за магистерската тезата. Барањето мора да биде дозволено од наставно-научниот совет на факултетот. По подготвување на конечната верзија на магистерскиот труд, наставно-научниот совет на факултетот формира тричлена комисија, која го подготвува извештајот, со кој се прифаќа или се одбива магистерскиот труд. Позитивниот извештај се одобрува од наставно-научниот совет и се утврдува датумот за јавна одбрана. По успешното завршување на одбраната студентот стекнува диплома - Магистер по менаџмент на животна средина.
-
[6 ЕКТС]
Слободен изборен предмет 1
-
Екологија и заштита на животната средина
Преку овој предмет студентите ќе ги сфатат и ќе ги разберат интеракцијата на организмите и нивната животна средина, начините на загадување и заштита, како и можностите за активно вклучување во заштитата на околината. Притоа студентите се подготвуваат за понатамошно усовршување на своите студии, но исто така, и за професионална работа на полето на екологијата и заштитата и унапредувањето на животната средина.
-
Oдбрани поглавја од ИТ- апликации за изработка на научен труд
Целта на овој предмет е:
* Да им се прикажат техничките елементи, структурата на текстот и дизајнот на еден научен труд.
* Да им се овозможи на студентите да стекнат познавања и вештини од одбрани поглавја од ИТ-апликациите кои ќе им бидат потребни при изработка на научни и стручни трудови.
* Практична примена на овие цели при изработка на индивидуален научен труд на студентот.
-
Апликации за статистичка обработка на податоци
Целта на овој предмет е:
* Да им се прикажат техничките елементи од областа на статистиката: организирање, обработка, споредување преку анализи и публикување на податоците.
* Да им се овозможи на студентите да стекнат познавања и вештини за апликациите за статистичка обработка на податоци.
* Практична примена на овие цели при статистичка обработка на податоците стекнати од прашалници, прилози, научни истражувања и од друга документација.