Преку оваа програма студентите ќе се стекнат со напредни вештини, знаење и компетенции од полето на Комуникациите со посебен фокус во областа на медиусмките стратегии. Генерално, вработувањата поврзани со комуникациите се во подем и се очекува таа тенденција да продолжи иво иднина. Со програмите што ги нуди, УЈИЕ може да стане водечки центар во создавањето стручен кадар одобласта на медиумските стратегии во регионот на Југоисточна Европа.Програмата опфаќа професионален и академски аспект со можност за нагласување на едниот од нив, преку овозможување на студентите сами да ја изберат програмата и предметите.
Научно истражување; професионална комуникација; донесување одлуки; разрешување проблеми/конфликти; јавна етика; критичко размислување - компетенции за критичко вреднување; дизајнирање на ефективни медиумски пораки во различни медиуми, дизајнирање и реализирање на медиумски кампањи и утврдување на модули за нивна евалуација.
Знаење и разбирање
- Утврдува стратегија за развивање на организационата комуникација и особено ги објаснува и класифицира комуникациските алатки во развивањето и примената на комуникациски стратегии и тактики.
- Покажува висока професионалност и способност за креирање и анализирање на јавното мислење за значајни сегменти од општествено-политичкиот, економскиот и културниот живот.
Примена на знаењето и разбирањето
- Раководат со комуникациски кампањи и медиумски стратегии со посредство на медиумите и во медиумите, во оддленијата и дирекциите за односите со јавноста, во ПР и маркетинг агенциите, во политичките партии и органите на власта преку службите за односи со јавноста.
- Способни да креираат медиумски планови за одредени комуникациски проблеми.
- Детално ја организираат и структуираат содржината на комуникациската стратегија во нејзините главни сегменти: информираност, свесност и убедување.
Способност за проценка
- Ги идентификуваат силните и слабите страни во менаџирањето на одредени медиумски стратегии.
- Проценуваат кои се најпогодните стратегии и тактики кои би требале да се применат во конкретна кампања на локално и глобално ниво.
- Раководат со евалуација на конкретни проблеми поврзани со меѓународната комуникација, кои се однесуваат на планирање комуникации, менаџмент на процеси, на контрола и стратешки менаџмент
Комуникациски вештини
- Го одредуваат временското планирање за емитување на разните видови медиумски производи: реклами, радио и ТВ спотови, интернет- рекламите, местото и фреквенцијата на билбордите, паноата и слично. Способни да креираат и уредуваат програмски шеми, да ја истражуваат публиката и да го анализираат медиумскиот пазар.
Вештини на учење
- Ќе бидат способни да ги продлабочуваат теоретските знаења преку проблематизирање на разновидни комуникациски ситуации, формулирање на истражувачко прашање.
- Изработка на прашалници како метод во науката, специјализации во истражување на публиката.
- Kритичко размислување и анализа на содржини на медиумски стратегии.
- Преземање иницијативи и одговорност за креирање на глобални комуникациски политики во институциите.
Семестар 1
-
[6 ЕКТС]
Методологија на истражување
Предметот е фокусиран на проблемите на квантативните и квалитативните методи и техники и на магистерска теза, структура и нејзините стандарди. Селекцијата на прибраниот фактографски материајл, анализата и научната интерпретација на истиот претставуваат значајна компонента на испитувањето на причинско-последичните односи.
-
[6 ЕКТС]
Меѓународни медиуми
Стекнување на знаење за концептот и моќта на меѓународните медиуми, нивната општествена улога и значење, тенденциите и предизвиците во нивниот развој, медиумските ефекти, медиумската политика, меѓународните стандарди.
-
[6 ЕКТС]
Медиумски стратегии
Запознавање со основните начела, законитостите во креирањето на медиумските стратегии, сличностите и разликите помеѓу односите со медиумите и новинарството, како и начините на работа со медиумите и правилата и насоките за добри односи со медиумите.
-
[6 ЕКТС]
Изборен предмет 1
-
Напреднa јавнa комуникациja
Овој предмет овозможува напредно познавање на принципите и практиките на јавното говорење. Курсот се фокусира на практикувањето на јавно говорење и внимава на критиката. На студентите ќе им бидат понудени неколку опции за давање на јавни говори внатре во училница, и да делуваат како критичари на ефективноста на други познати говори.
-
Медиумска критика
Целта на предметот е совладување на техниките и вештините за анализа на медиумски содршини според функцијата на медиумите и според начинот на композицијаста и структурата на медиумските производи. При тоа ќе бидат изучувани и применети техники за пишување на критика на одделни радио и ТВ прилози, емисии и конкретни програмски појаси, како и утврдување на современи стратегии за креирање на печатени страници со медиумски содржини во весниците.
-
Напредна комуникациска теорија
Вовед – Конверзивен процес – Теорија на анксиозноста _ Невербалната комуникација како процес – Теорија на социјална пенетрација – Интеракција на учесниците во процесот на комуникација.
-
Напредно убедување
Овој предмет ги обучува студентите со теоријата, примена и практика на напредно убедување, и се фокусира на вредносните потребни за комуникациски одлуки. Предметот се фокусира на тоа како ефикасно да се користат алатките за убедување со одговорност и почитување за публиката.
-
Kомпјутерски посредувана комуникација
Целта на овој курс е на студентот да му обезбеди сеопфатно разбирање на повеќе алатки и методологии за решавање на проблеми поврзани со теми од веб комуникациите и ги изучува комплексните односи меѓу медиумите и општеството, улогата на масовните медиуми како посредувачка технологија при масовното и глобалното комуницирање.
-
Напредно интервјуирање
Предметот е фокусиран на принципите и видовите интервјуа, со примена на начела за информативно, консултативно, вреднувачко, како и интервју при вработување. Исто така се проучуваат резимеа, мотивациони писма, апликации за работа, описи на работни места и други слични форми. Подготовка на водичи и протоколи за различни видови интервјуирање. Симулирање интервју, менување на улогите на учесниците во комуникацискиот процес при интервјуирање. Истражување, подготовка, водење и евалуација на интервјуа.
-
[6 ЕКТС]
Изборен предмет 2

Семестар 2
-
[24 ЕКТС]
Магистерски труд
По положувањето испити, студентот може да ја започне постапката на поднесување, подготвување и за јавна одбрана на магистарската тезата. Студентот избира ментор, со чии инструкции го подготвува барањето за магистерската тезата. Барањето мора да биде дозволено од наставно-научниот совет на Факултетот. По подговување на конечната верзија на магистерскиот труд, Наставно - научниот совет на Факултетот формира тричлена комисија, која го подготвува извештајот, со кој се прифаќа или се одбива магистерскиот труд. Позитивниот извештај се одобрува од Наставно - научниот совет и се утврдува датумот за јавна одбрана. По успешното завршување на одбраната студентот стекнува диплома - Магистер по комуникациски науки / Oбласт: Медиумски стратегии.
-
[6 ЕКТС]
Слободно изборен предмет 1
-
Применета интеркултурна комуникација
Ќе се изучува важноста на теоријата за културата и културата во комуникациски контекст. Идните магистри треба да ги познаваат теоретските и практичните аспекти на меѓукултурната комуникација и да стекнуваат сознанија за различни културни контексти и средини, гледано сето тоа од комуникациски и епистемолошки поглед.
-
Обука за медиумите
-
Oдбрани поглавја од ИТ- апликации за изработка на научен труд
Целта на овој предмет е:
* Да им се прикажат техничките елементи, структурата на текстот и дизајнот на еден научен труд.
* Да им се овозможи на студентите да стекнат познавања и вештини од одбрани поглавја од ИТ-апликациите кои ќе им бидат потребни при изработка на научни и стручни трудови.
* Практична примена на овие цели при изработка на индивидуален научен труд на студентот.
-
Апликации за статистичка обработка на податоци
Целта на овој предмет е:
* Да им се прикажат техничките елементи од областа на статистиката: организирање, обработка, споредување преку анализи и публикување на податоците.
* Да им се овозможи на студентите да стекнат познавања и вештини за апликациите за статистичка обработка на податоци.
* Практична примена на овие цели при статистичка обработка на податоците стекнати од прашалници, прилози, научни истражувања и од друга документација.