Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!
Export

Програма:

Одржлив туризам (120 ЕКТС)

Циклус на студии: Втор циклус (Постдипломски)
Факултет: Бизнис и економија
ЕКТС: 120 (2 години)
Решение:

Тргнувајќи од интересот на студентите и од искуствата на Факултетот, Факултетот ја разви студиската програма која ги има следниве цели: студентот да стекне општо знаење и разбирање за предметите од областа на туризмот, особено за поимот и содржината на одржливиот туризам; подготвување на студентите да планираат еден одржлив туризам, разбирање на животната средина и одржливоста, како и менаџмент на клиенти во туризмот.Програмата Одржлив туризам има примарна цел да им обезбеди на студентите знаења од областа на туризмот во функција на подигнување на свесноста за животната средина и за реализација на одржливиот развој на туризмот. Програмата им нуди на студентите широко познавање од областа на бизнисот и на туризмот и овозможува влијание врз глобалното општество.

По успешно завршување на овој предмет, студентите ќе бидат во можност:

  • Да развијат свест за социо-културните и економски влијанија врз туризмот.
  • Да стекнат знаење за потенцијалните мерки за исправање на негативните влијанија на туризмот.
  • Да ја разберат и да ја ценат одржливоста во туризмот.
  • ДА ги инкорпорира принципите за одржлив туризам во развојот и во менаџирањето со туристички дестинации и производи.
  • Да демонстрира познавање и разбирање на предмети од областа на туризмот и неговата одржливост.
  • Да демонстрира познавање и разбирање на прашања за туризам, како што се: одржлив развој на туризмот, влијанијата врз животната средина на туризмот, принципите на одржливиот туризам, нежен и одржлив туризам, студии на случај на (не)одржлив туризам итн.

После димпломирање студентите ќе се во можност:

  • Да препознaват, да дефинираат и да дадат приоритет на проблеми од областа на туризмот и деловни прашања според нивното значење, да се откријат потребите на локалното општество.
  • Да  стекнат соодветни меѓучовечки, јазични, аналитички, организациски и комуникациски вештини.
  • Да идентификуваат можни алтернативни решенија за посебни проблеми и да направат избор на најдобри методи и постапки во справувањето со нив.
  • Да бидат активно вклучени во тренингот на секторските и микрорегионалните економски политики.
  • Да изведуваат индивидуална и групна работа во одржливото туристичко истражување.
  • Да собираат информации за кој и да било аспект од секторот и со тоа да придонесат подобро да се разберат феномените кои се случуваат во овој сектор на локално ниво, микрониво, макрониво или на регионално ниво.
  • Да го подобруваат квалитетот на управување со туристичките претпријатија во земјава.
  • Да подготовуваат на изводливи студии за инвестиции во овој регион и да ги проценуваат можностите за инвестирање кои произлегуваат од овој сектор.
  • Да подготвуваат различни видови туристички аранжмани и индивидуални патувања.
  • Да развиваат интегрирана, функционална мрежа меѓу давателите на услуги и клиентите.
Знаење и разбирање
  • Да демонстрираат познавање и разбирање на предмети од областа на туризмот и неговата одржливост.
  • Да демонстрираат познавање и разбирање на проблемите на туризмот, како што се: одржлив развој на туризмот, влијанијата на туризмот врз животната средина , принципите на одржливиот туризам, екотуризам и одржлив туризам, студија на случај на (не)одржлив туризам итн.
Примена на знаењето и разбирањето
  • Да ги применат своите знаења и разбирања во туристичката индустрија со решавање проблеми во нови или непознати средини.
  • Да вршат независно истражување на туристичкиот пазар со анализа на нивните потреби и да управуваат со туристички планови, односи, дестинации, цени, промотивни активности, како и со продажба.
  • Да работат во туристичката индустрија и во приватниот сектор кои дејствуваат во туристичкиот пазар.
  • Да подготвуваат и да дизајнираат планови, како и да ги извршуваат потребни истражувања на пазарот за добивање автентични податоци за развивање стратегии од страна туристичките организации.
  • Да размислуваат критички за маркетинг-прашања (производ, цена, место, промоција, луѓе) и за бизнис-ситуации во туризмот.
Способност за проценка
  • Да прават процена на маркетинг-импликации за одржлив туризам, како што се дизајн на услугата, ценовни стратегии, ефикасна промоција и задоволството на клиентите на систематски и креативен начин.
  • Да прават процена на условите на пазарот (удел на пазарот, целни клиенти, позната и непозната животна средина) со цел да се планираат производи или услуги, да се координираат маркетинг-активностите во рамките на туристичката компанија, постојано да се врши контрола и следење на активностите во рамките на компанијата.
  • Да размислуваат критички за проблемите на маркетингот (производ, цена, место, промоција, луѓе) и за бизнис-ситуации во туристички средини и да развиваат комуникациски вештини.
Комуникациски вештини
  • Да презентираат маркетинг-стратегии и планови во рамките на организацијата, на публика од различни институции и организации, користејќи соодветна форма на изразување за целата публика.
  • Да водат и да иницираат на активности, земајќи ги предвид туристичките планови и стратегии.
  • Да изберат правилни средства за комуникација, при промоција и продажба на производи / услуги.
  • Да пренесуваат заење на новите генерации од областа на одржливиот туризам.
Вештини на учење
  • Да идентификуваат лична потреба и да прават селекција на соодветни ресурси.
  • Да стекнуваат вештини и знаења.
  • Да покажат самоиницијатива за независно истражување на потребите на пазарот, со цел да ги исполнат потребите и барањата на потрошувачите. 

Семестар 1

  • [6 ЕКТС] Методологија на истражување
    Главната цел на овој предмет е развивање на истражувачките методи и техники кои се употребуваат во студите на туризмот. Овој предмет ќе им помогне на студентите да ги подобрат своите аналитички вештини, а и да ги употребуваат различни истражувачки методи во областа на туризмот. Фокусот ќе биде на прашањата од областа на примена на истражувачките методи, со кои се соочува бизнис-заедница во областа на туризмот, како на внатрешниот пазар така и на глобалниот пазар. Исто така, во рамките на овој предмет ќе се испитуваат улогата на истражувачките методи, нивната теоретска оправданост и нивната апликација во областа на туризмот. Овој предмет ќе им овозможи на студентите да употребуват различни аналитички техники и методи при своите истражувања во врска со прашањата поврзани за туризмот.
  • [6 ЕКТС] Финансиско сметководство за туризам
    Целта на наставата по овој предмет е да им се помогне на студентите во разбирањето на суштината на сметководство. Предметот финансиско сметководство се однесува на основите на финансиското сметководство. Во рамките на овој предмет студентите се запознаваат со подрачјето на финансиското сметководство, а опфатени се следниве подрачја: општо за сметководството, книговодството, финансиските извештаи - биланс на состојба и успех, извештај за паричните текови и извештај за промените на сопственичкиот капитал, средствата и обврските и сл.
  • [6 ЕКТС] Политика за развој на туризмот
    Главната цел на овој предмет е развивање на фундаменталните идеи за политиките и за планирањето на развојот на туризмот. Овој предмет ќе им помогне на студентите за да ги подобрат своите аналитички вештини и да ги употребуваат различните стратегии за политиките за развојот на туризмот. Фокусот ќе биде на прашањата од областа на политиките за развојот на туризмот, со кои се соочува бизнис-заедница во областа на туризмот, како на внатрешниот пазар така и на глобалниот пазар. Во рамките на овој предмет ќе се анализираат различните политики, планирањето и стратегиите и нивната апликација во областа на развојот на туризмот. Овој предмет ќе им овозможи на студентите да бидат свесни за развојот на сегашните и идните политики и за планирањето на туризмот во секоја област.
  • [12 ЕКТС] Слободен изборен предмет 1
    Слободни изборни предмети
    • Реторика
    • Мултилингвализам и мултикултурализам
    • Oдбрани напредени поглавја од ИТ-апликации за изработка на научен труд
    • Одбрани напредни поглавја од апликации за статистичка обработка на податоци
    • Професионална комуникација
    • Mетодологија на наставата

Семестар 2

  • [6 ЕКТС] Маркетинг на туристички дестинации
    Целта на овој предмет е да се запознаат студентите со: концептот на маркетингот на туристичките дестинации; специфичностите на маркетингот и менаџментот на туристичките услуги; интерниот, интерактивниот и екстерниот маркетинг како составен и интегриран маркетинг на туристичките услуги; значењето и пристапите кон набљудување на задоволството на корисникот на услугите и квалитетот на услугите; улогата и значењето на новите технологија (Интернет) во дизајнирање, понуда и маркетинг-комуникација во туристичките услуги.
  • [6 ЕКТС] Менаџмент на човечки ресурси
    Целта на предметот Менаџмент на човечки ресурси е да се запознаат студентите со важноста и улогата на управување со човечките ресурси кај современите деловни организации. Во рамки на овој предмет студентите ќе се запознаат со процесот на менаџментот на човечки ресурси како во теоријата така и во практиката на светските и домашните компании.
  • [9 ЕКТС] Изборен предмет 2/1
    • Управување со квалитетот во туризмот и хотелската индустрија
    • Деловни договори
    • Рурален туризам во Република Македонија
    • Екотуризам во Република Македонија
  • [9 ЕКТС] Изборен предмет 2/2
    • Управување со квалитетот во туризмот и хотелската индустрија
    • Деловни договори
    • Рурален туризам во Република Македонија
    • Екотуризам во Република Македонија

Семестар 3

  • [6 ЕКТС] Маркетинг-стратегии за развој на туризмот
    Преку маркетинг-стратегиите за развој на туризмот ќе се подготват студентите да ги употребуваат и да управуваат 4-П во туризмот, така што ќе бидат во можност да дизајнираат оптимални маркетинг-елементи, производи, цени, промотивни и дистрибутивни методи со кои се соочуваат компаниите. Маркетинг-решението вклучува внимателна анализа на ситуацијата, интелигентна употреба на истражувањето, како и на принципите на маркетингот. Целта на предметот е да се разбере комплексноста на одлуките во маркетинг-стратегиите за развој на туризмот, како и да се разберат рамките за анализа на пазари, клиенти, конкуренти, но и интегрирањето на концепти со оригиналниот маркетинг план.
  • [6 ЕКТС] Менаџмент на туристички капацитети во Р. Македонија
    Преку предметот Менаџмент на туристички капацитети во Република Македонија студентите ќе стекнат специфични знаења околу менаџментот во туристичките капацитети со посебен осврт на менаџментот на туристички капацитети во Република Македонија. Имајќи ја предвид природата на предметот, тој ќе биде практичен и посебно внимание ќе се дава на практичните ситуации со кои се соочуваат деловните организации од областа на туризмот во Република Македонија.
  • [9 ЕКТС] Изборен предмет 3/1
    • Туризам и меѓукултурни релации
    • Менаџмент на клиенти во туризмот
    • Иновативност во туризмот
    • Маркетинг на услуги
  • [9 ЕКТС] Изборен предмет 3/2
    • Туризам и меѓукултурни релации
    • Менаџмент на клиенти во туризмот
    • Иновативност во туризмот
    • Маркетинг на услуги

Семестар 4

  • [30 ЕКТС] Магистерска работа
    По положувањето испити, студентот може да ја започне постапката на поднесување, подготвување и јавната одбрана на магистарската тезата. Студентот избира ментор, со чии инструкции го подготвува барањето за магистерската тезата. Барањето мора да биде дозволено од наставно-научниот совет на Факултетот. По подговување на конечната верзија на магистерскиот труд, Наставно - научниот совет на Факултетот формира тричлена комисија, која го подготвува извештајот, со кој се прифаќа или се одбива магистерскиот труд. Позитивниот извештај се одобрува од Наставно - научниот совет и се утврдува датумот за јавна одбрана. По успешното завршување на одбраната студентот стекнува диплома - Магистер по економски науки / Насока: Туризам.
Google+