Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
пристап кон иднината . . .
Export

Програма: Настава по англиски јазик (120 ЕКТС)

Циклус: Постдипломски
Факултет: Јазици, култури и комуникација
Се одржува во: Тетово

Целта на програмата Настава по англиски јазик е студентите да стекнат солидни знаења во областа на теориите на методологија и потребни вештини за спроведување на стекнатите знаења здобиени од теориите и нив да ги употребуваат во наставната практика.

Изборот на индивидуалните предмети ги рефлектира најсовремените актуелни трендови во изучувањето на втор странски јазик, помагајќи во идентификувањето на локалните и регионалните потреби. Програмата е дизајнирана за дипломирани по англиски како странски јазик, односно за оние кои сакаат да се специјализираат и да ги развијат своите способности во педагогијата на настава по англиски јазик. Се вклучува и научноистражувачка компонента (заедно квалитативното и квантитативното), академското и модерното истражување.

Поголемиот број студенти би требало да бидат вработени во настава.   Предвидено е часовите  да се одржуваат за време на викендот.  Поголемиот број предмети обезбедуваат специјализирана обука: методологија за изучување на странски јазик, менаџирање на училница, педагошката граматика и пишување, изучување на јазикот со помош на компјутер и анализа на потребите. Ова е базирано на најсовремените принципи на обука на наставникот од англофонските земји, аплицирани во балкански контекст.

Програма е дизајнирана на специфичен начин за потребите на наставниците по англиски јазик, а исто така е многу важни бидејќи студентите стекнуваат вештини за напредно академско истражување и за оние студент кои сакаат да работат како преведувачи, критичари, издавачи или писатели. 

Програмата опфаќа четири семестри настава, проследени со истражување и пишување на тезата. 

Знаење и разбирање
  • Има напредна наставна методологија по англиски јазик.
  • Има знаење на теоријата на учење втор/странски јазик. 
  • Демонстрира познавање на англиската граматика и англискиот јазик.
  • Знае и го разбира употребувањето на учењето јазици со помош на компјутер и има активно учество во подобрувањето на неговата употреба.
  • Користи различни педагошки стратегии во предавањето.
  • Знае да напише истражувачки труд, презентација и  слично.
 
Примена на знаењето и разбирањето
  • Има теоретски сознанија и ефикасно ги пренесува на студентите 
  • Применува принципи за стекнување на странски / втор јазик со користење соодветни методологии на учење.  
  • Дизајнира наставна план-програма за конкретни наставни контексти, на пример предавање на помладите ученици (под 12 години) или предавање деловен англиски јазик за возрасни. 
  • Користи, прилагодува и создава автентични едукативни материјали за употреба во училница.
  • Ефективно ја користи технологијата и создава едноставни  мултимедиски или веб-базирани јазични алатки за практична употреба во училница, на пример, игри на зборови со помош на компјутер.
 
Способност за проценка
  • Се изразуваат критички за изучуваниот материјал и искуствата на предавање/ учење во училница.
  • Ги идентификуваат потенцијалните тешкотии во однос на прашањата за споредување на мајчиниот јазик во училницата со англиски како странски јазик.
  • Избираат соодветни и релевантни материјали  во согласност со потребите на студентите .
  • Донесуваат одлуки во врска со потенцијалните тешкотии на различните аспекти на англискиот јазик:  глаголи и образување време, определени / неопределени членови, предлози, други граматички категории, идиоматични изрази, лексички колокации и формирање збор.
  • Прават сложени методолошки оцени во истражувачки дизајн и прават разлика меѓу различни методи за собирање податоци и за анализа на податоци, што е во врска со јазикот и лингвистиката.
 
Комуникациски вештини
  • Има одлично познавање на англиски изговор.
  • Создава добро структурирани и јасно напишани академски трудови.
  • Може да ги претстави и да ги елаборира заедничките проблеми што се вклучени во учењето и предавањето на англискиот како странски јазик.
  • Може да даде соодветни објаснувања на јазичните концепти на англиски јазик. 
  • Покажува комуникациска подготвеност  во однос на квалитет на настава, управување и организирање на училница.
 
Вештини на учење
  • Покажува иницијатива и автономија во професионалната работа.
  • Сам да ги следи и ги приспособува наставните методи во согласност со одредени ситуации.
  • Се прилагодува на различните културни и меѓучовечки околности во училницата за англиски како странски јазик.
  • Иницира и завршува независна истражувачка работа со високи академски стандарди во рамките на дадениот временски период.
  • Демонстрира лидерство и способност за предавање за  ефективно пренесување на знаењето. 
 

Семестар 1

  • Методологија на истражување (6.0 ECTS)
    Овој предмет опфаќа истражување, дизајн и методи, вклучувајќи и составување примерок на испитаници, формирање хипотеза, тестирање и експериментални истражувања. Посебно внимание ќе биде посветено на концептот, техниките и на практиката на квалитетна општествена методологија и научните истражувања. Преку овој предмет студентите ќе научат да развијат истражувачки вештини потребни за да се создаде, да се спроведе и успешно да се заврши истражувачки проект.
  • Педагошка граматика (6.0 ECTS)
    Во рамките на овој предмет е опфатен интегриран модел на опис на јазикот прилагоден за потребите на студентите. Преку овој модел граматиката е организирана во три области: структура, ориентација и шема и притоа се покажува поврзаноста меѓу граматиката и лексиката. Важна компонента на овој предмет е студентите да стекнат сознанија лексичките фрази: начинот на кој се организирани, како можат да се класифицираат за образовни цели и нивното значење во комуникацијата.
  • Усвојување на изучување на странски јазик (6.0 ECTS)
    Во рамките на предметот се презентираат и се анализираат некои од најважните фактори кои влијаат врз изучување на втор јазик (ВСЈ). Тука се вклучени испитувањата за улогата што различните лингвистички, психолошки и социјални варијабли при изучувањето прв и втор јазик. Исто така, се вклучени и теории за стекнување втор јазик, со посебен акцент на нивните импликации кон изучување и предавање на втор јазик. Студентите се запознаваат со клучните прашања во СВЈ: индивидуалните разлики во стекнување на јазикот, улогата на познанието во стекнување втор јазик; улогата на интеракција и општествениот контекст во изучување втор јазик; методиката на истражување при изучување втор јазик.
  • Културните аспекти во ЕЛТ (6.0 ECTS)
    Целта на предметот е да се подготват идните наставници да предаваат ефективно во мултикултурни училници и средини. Предметот е составен од пет теми: што е култура; улогата на јазикот во културата; култура на предавањето; интеркултурна комуникација и градење социолингвистички компетенции.
  • Слободен изборен предмет 1 (6.0 ECTS)
    • Реторика
    • Мултилингвализам и мултикултурализам
    • Oдбрани напредени поглавја од ИТ - апликации за изработка на научен труд
    • Одбрани напредни поглавја од апликации за статистичка обработка на податоци
    • Професионална комуникација
    • Методологија на наставата

Семестар 2

  • Анализа на потребите и дизајнирање предмети (6.0 ECTS)
    Предметот е ориентиран кон практичните и теоретските аспекти на наставата. Наставните материјали ќе содржат: студии на случај, теоретски текстови, извадоци од книги, собрани податоци од студентите и истражувачите. Предметот е фокусиран главно на влијанието на анализа на потребите на дизајнот на предметот: влијание врз дефинирањето на целите и содржините, влијание врз педагогијата и методологијата. Методите за учење и оценување ќе вклучуваат: групни активности, презентации и изработка на портфолио на материјали за учење.
  • Предавање вокабулар (6.0 ECTS)
    Во рамките на предметот се дава преглед на педагошки прашања во наставата и учењето на англискиот речник. Опфатени се и техники и активности за изучување на англискиот речник, како и евалуација на наставен материјал по англиски речник. Во текот на предметот студентите ќе ја научат важноста на познавањето на зборот и неговата комплексност, како и важноста на создавање атмосфера за учење нови зборови со што се поттикнуваат мотивацијата и интересот за учење. Студентите ќе научат како да ги користат стратегиите за независно учење на збор и понатаму ќе ги испитаат наставните стратегии за градење на широчината и длабочината на нивниот речник. Студентите исто така ќе научат за различните начини на оценување на речник.
  • Педагошко пишување (6.0 ECTS)
    Предметот се фокусира на пристапи и прашања во предавањето на пишување на втор јазик. Студентите ќе бидат охрабрени да размислуваат критички за различните пристапи и да размислуваат за сопствените верувања и практики за пишувањето, како и за предавањето на пишувањето. Во рамките на предметот ќе се испитаат теориите на наставата на пишување на втор јазик и ќе биде фокусиран на практичните аспекти на наставата за пишување, вклучувајќи повратни информации од предавачите и колегите, оценување, публика, дизајнирање план-програма, материјали и задачи за предавање на пишувањето. Исто така, студентите ќе бидат охрабрени да се заинтересираат за истражувањата од оваа област и да размислуваат критички за тоа. Целта на предметот е да се воспостави рамнотежа меѓу теоретските и практичните знаења.
  • Методика и практика на настава по странски јазик (6.0 ECTS)
    Предметот е дизајниран да ги поттикне наставниците по англиски јазик како странски јазик да ги усвојуваат новитетите и да го применуваат рефлективен процес во својата настава. Наставната програма опфаќа: текстови за историјата на наставата по англиски јазик од традиционалната до модерната практика (mainstream), со цел студентите да стекнат солидни знаења за практиката. Опфатени се следниве теми: класификација на наставните методи и материјали, адаптација и создавање наставни материјали, наставните техники и стратегии, употребата на технологија во наставата, училница за управување. Студентите се охрабруваат да истражуваат во однос на сегашната теорија.
  • Слободен изборен предмет 2 (6.0 ECTS)
    • Реторика
    • Мултилингвализам и мултикултурализам
    • Oдбрани напредени поглавја од ИТ - апликации за изработка на научен труд
    • Одбрани напредни поглавја од апликации за статистичка обработка на податоци
    • Професионална комуникација
    • Методологија на наставата

Семестар 3

  • Англиски за специфични цели (6.0 ECTS)
    Предметот Англиски за специфични цели (ESP) бара пристап во кој студентот е во фокусот на наставата при изучување на англискиот како странски или втор јазик. Предметот е дизајниран да ги задоволи потребите на возрасните студенти кои треба да научат странски јазик за употреба во нивните специфични области, како што се науката, технологијата, медицината, забавата и академското учење. Предметот е наменет за дипломирани студенти, странци и професионалци за странски јазик кои сакаат да научат како да се дизајнираат план-програма за англиски јазик во специјализирани области, како што се бизнис-англиски, инженерство, како и за академски цели. Студентите се запознаваат со наставни стратегии, прилагодување и развој на наставни материјали и техники на евалуација.
  • Изучување јазик со помош на компјутер – КАЛЛ (6.0 ECTS)
    Компјутерите стануваат сѐ повеќе и повеќе интегрирани во нашето секојдневие. Тоа е од витално значење за наставниците по странски јазик за да ја разбираат нивната улога во предавањата за изучување јазик. Без ова разбирање, тешко е да се донесат одлуки за тоа како да се интегрираат компјутерите во изучувањето на јазикот, со цел студентите да се чувствуваат поангажирани при изучување на јазикот на ефикасен и ефективен начин. Предметот ќе послужи како основа за наставници заинтересирани за примена на технологијата во изучување јазик. Преку предметот се воведуваат тековните теории и практики на КАЛЛ. Во рамките на предметот се вклучени: историја и принципи на КАЛЛ, софтвер за евалуација, дизајн и веб-базирани предмети за јазик, компјутерски посредувана комуникација, хипермедиуми и корпус за јазикот. Покрај тоа, ќе се воведе употребата на компјутерите во развојот на одредени јазични вештини: читањето, пишувањето, говорот, комуникацијата / изговорот. Исто така, во рамките на предметот се испитуваат тековните теории за изучување јазик со посебен акцент кон КАЛЛ апликациите.
  • Семинар за пишување на магистерски труд (6.0 ECTS)
    Целта на предметот е студентите да се оспособат да ја напишат теза на ефикасен, артикулиран и јасен начин. Студентите кои ќе го следат овој предмет ќе бидат во можност да истражуваат материјали за тоа како на ефикасен начин да ги изразат своите заклучоци преку академски прозни текстови. На секој наставен час ќе се обработуваат значајни концепти кои се однесуваат на напредно академско истражување и пишување. Ќе се опфатат следниве теми: пишување на предлогот за истражување, стил, плагијати и академски интегритет, библиографија и цитати, методика на истражување и предлогот.
  • Области од посебен интерес во наставата по англиски јазик (6.0 ECTS)
    Преку предметот се нуди анализа на прашања кои се однесуваат на предавањето англиски јазик од лингвистичка и културна / социјална перспектива. Од лингвистички аспект се обработуваат темите што вклучуваат социјални, културни и структурни аспекти на јазикот и интерјазична и детална анализа на јазичниот во процесот на учење на странски јазици. Се зема предвид улогата на јазикот и и дополнителните јазични фактори кои го регулираат внатрешниот развој на јазичните системи и која е и улогата на Ј1 (мајчиниот јазик на студентот) во процесот на развој на Ј2 (целниот јазик). Во однос на културно-социјалните аспекти се анализираат контроверзиите со кои се соочува образовниот систем денес. Во овој предмет се истражуваат актуелни теми за предавањето англиски јазик и студентите се охрабруваат да оценат како овие прашања се поврзуваат со педагошките норми и практики на јазичното образование. Оваа анализа ќе послужи да се нагласат предизвиците и пречките со кои се соочуваат наставниците по странски јазици и да се идентификуваат релевантните прашања за наставниците за когнитивните процеси, мултикултурно образование и критичката педагогија.
  • Изборен предмет 1 (6.0 ECTS)
    • Литература во предавање на англиски јазик
    • Дискурсна анализа
    • Културата и учењето на англискиот јазик како странски јазик

Семестар 4

  • Магистерски труд (30.0 ECTS)
    По положувањето на испитите, студентот може да ја започне постапката за поднесување, подготвување и за јавна одбрана на магистерската тезата. Студентот избира ментор, со чии инструкции го подготвува барањето за магистерската тезата. Барањето мора да биде дозволено од наставно-научниот совет на факултетот. По подготвување на конечната верзија на магистерскиот труд, наставно-научниот совет на факултетот формира тричлена комисија, која го подготвува извештајот, со кој се прифаќа или се одбива магистерскиот труд. Позитивниот извештај се одобрува од наставно-научниот совет и се утврдува датумот за јавна одбрана. По успешното завршување на одбраната студентот стекнува диплома - Магистер по настава на англиски јазик.
Google+